Јас да си кажам непопуларно мислење, кое го кажав и после првите 2-3 кола, кога Арсенал беше прв на табела, а Јунајтед последен. Арсенал според играчки кадар, широчина на ростер, имиња на квалитетни играчи во тимот е на 6то место во лигата ако гледаме објективно, тоа што имаме нереална кохезија и играме прекрасен фудбал е причина за тоа што се наоѓаме таму каде што сме на табелата, а не дека нашите играчи се поквалитетни во сите позиции од останатите 5 големи клубови во лигата. Имаат голем потенцијал и ако го остваарат може да се и поквалитетни од играчите на другите 5 клуба на многу позиции, ама засега картата на поквалитетни играчи во тимови ќе е на страната на Јунајтед, не на Арсенал, поразот вчера не е изненадување, иако е болен.