Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде честито, Жервињо, едвај чекам да го видам во акција, со Хазард и Соу беше еден од причините зошто Лил освои титула, а минатата година беше избран за најдобар фудбалер од Брегот на Слоновата Коска.
Одлично засилување.

Интервју со Џуру - http://news.bbc.co.uk/sport2/hi/football/14065825.stm
 
Епа нека ни е честито првото асално засилување!
Сега само Бендтнер да се оттргне зашто некако премногу напаѓачи ни се фаќаат.
И да купиме дефанзивец!
 
Дури 13000 навивачи сезонава одбиле да купат сезонски карти. Slap in the face!!!
 
Нека ни е честито новиот играч,се надевам добро ке се покаже.
 
Дури 13000 навивачи сезонава одбиле да купат сезонски карти. Slap in the face!!!
А знаеш ли колку други чекаат на ред за сезонска карта ? :)))))

Ај реков пред месец време дека Жервињо ќе биде првото засилување и се оствари :)).
Сега Кејхил да дојде,би било супер :)).Лев бек не купуваме,па да се надеваме дека Гибс ке ја оправда довербата која ја има Венгер во него.
 
Aj neka ni e so sreca novoto zasiluvanje, da pocne da trese mrezi uste od avgust. Ajde venger uste dve zasiluvanja vo odbranata i top sme.

Fabregas neka odi ako saka, nasri ostanuva toa e povazno :)
 
Ај нека ни е честито новиот играч, и специјален поздрав до Марио.
 
Официјалната страница никогаш не била пополна со оптимистички интервјуа... Оптимист сум и јас ! Дали Фабрегас и Насри ќе останат !? Тоа би ни биле најголемите засилувања, и никој друг не ни треба... Убеден сум !!! :)
--- надополнето: Jul 11, 2011 11:53 PM ---
Уште едно лето на загубена надеж за Арсенал

„Ако духот освојуваше трофеи, Арсенал секогаш ќе победуваше“, изјави во една прилика Арсен Венгер. Оваа филозофија што Французинот упорно ја форсира од неговото доаѓање во северен Лондон повеќе не функционира. Доказ за тоа е фактот што Арсенал и покрај тоа што по Барселона го игра веројатно најубавиот фудбал во светот веќе шест години нема освоено ниту еден трофеј.

Овој негативен период за „топчиите“ почна откако оној моќен тим предводен од француското трио Патрик Виера, Робер Пирес и Тиери Анри, кој во 2003/04 година ја заврши сезоната во Премиерлигата без пораз, практично почна да се „распаѓа” откако клубот во 2005 година реши да го продаде Виера во Јувентус. И потоа кога малкумина очекуваа, Арсенал успеа да стигне до финалето на лигата на шампионите, што го загуби од Барселона. Следуваше заминувањето на Пирес во Вилјареал, а потоа секоја следна сезона управата ги продаваше најдобрите играчи без притоа да се доведуваат адекватни замени за нив (Фламини, Хлеб, Туре, Гала итн.). Да се игра убав фудбал не значи дека тоа е рецептот за успех. Оваа ера на фудбалот е сурова и доколку еден клуб нема фудбалери од светска класа, особено во најсилната лига на светот, тогаш нема ниту можност за освојување на титули. Но, дали тоа некогаш ќе го сфати Венгер?

Саботните пладниња со рапсодијата на Арсенал против Виган или Сандерленд се еден од поубавите начини да се помине денот, но секоја пресметка со клубовите од „новото време“ покажува дека кога одите на пазар треба да носите паричник, затоа што во спротивно ќе останете со „празен стомак“. Залудни се сите оправдувања дека клубот нема толку пари за трошење за фудбалери како што тоа го прават Челзи, Манчестер Сити, а оваа година и Манчестер Јунајтед. Ова трансфер-лето не нуди ништо позитивно за „топчиите“. Гаел Клиши замина во Манчестер Сити, Фабрегас и Насри најавуваат дека сакаат да си одат затоа што не сакаат да загубат уште една година без трофеј.

Проклетството на „Емирати“ трае предолго и прашање е до каде е границата на трпението на навивачите и на управата на клубот. Арсен Венгер не успева да ги задржи своите најдобри играчи, а со оглед на ситуацијата во клубот не ни може да се очекува некаков успех следната сезона. Илузијата дека ќе дојде време кога Мишел Платини ќе го наметне светото правило дека никој не може да троши повеќе отколку што заработува повеќе не држи место. И додека Челзи и Манчестер Јунајтед му ги земаат трофеите на Арсенал од пред нос за жал на сите навивачи на овој клуб не им преостанува многу оптимизам во пресрет на следната сезона освен ако не се случи нешто спектакуларно, но шансите за такво сценарио се минимални.

Автор: Марјан Димоски
 
Ја мигрирав на една недела у ск,така да поретко ќе се уклучувам овдека :(
Фала курцу за Жервињо.Следен очекувам да е Кејхил :)
Welcome на новиот член
 
Се гледа, се гледа... Одма „у“ почна да употребуваш... Ах Скопјани Скопјани :)
 
Мајсторот останува мајстор :D
 
“I have heard people say that we do not want to keep Cesc. We are desperate to keep Cesc! Arsene Wengere .! http://www.arsenal.com/news/news-archive/-cesc-should-stay-and-lead-us-to-success- ‎"Samir's situation is clear for me - he stays," Wenger reiterated when he spoke to reporters in Malaysia.! http://www.arsenal.com/news/news-archive/wenger-we-re-ambitious-so-we-ll-keep-nasri + Жервињо дојде, значи работите тргнаа конечно кон подобро доста беа сите шпекулации до сега со овие изјави Венгер за пола му ја намали работата на Гоал и на Спорт денес... :D
 
Ситуацијата е многу појасна сега во Арсенал. Венгер дефинитивно ќе го задржи Насри и по цена да го пушти следната сезона за без пари, а има добра логика во тоа кога вели дека и да го продаде треба со истите пари пак да купи нов играч кој веројатно нема да биде на исто ниво на вклопеност во тимот како Насри, а исто им испраќа и порака до другите клубови дека не може да дојдат кога сакаат и да купат кого сакаат.
Додека за Фабрегас работата сеуште не е јасна иако соиграчите го молат да остане, сепак мислам дека кога ќе дојде вистинската сума ќе замине!!!

"The manager revealed he would not keep Fabregas if the player was adamant about his desire to go but the Frenchman was at pains to point out that, if the midfielder does move away, finances would not be a factor."
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom