Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Само да не излезе на крај тресла се гора родио се миш :)
Јас би сакал Тами да го купат освен ако нема некоја клаузула да го влечат сто години и да го преплаќаат дури и да не го бива. Изборот во нападот ни е тенок така да Тами би бил супер засега. И точно дека сме изгорени од трансфери од Челси ама тоа беа ветерани :D
 
Не ми е јасно зашо не го купат Онана, неколку класи над нивото на Ремсдејл ...

Киата може да ни го подметне Нето од Барса :unsure:
Автоматски споено мислење:

Не ми се верува дека бев од оние кој го оправдаа пуштањето на Мартинез во Вила, за само по година време да лупнат 30м фунти за Арон ф Ремсдејл
Автоматски споено мислење:

Медисон е подобар избор од Одегард (y)
 
Последно уредено:
И јас сметам дека Мадисон е подобар избор најмногу поради тоа што веќе убаво ја познава лигата. Одегард требаше да биде само за привремено крпење, а и доста сме веќе тренинг камп на Реал и Барса.
 
Onana, prezimeto kazuva deka ne e dobra opcija. :)
 
Ќе биде комично ако го купат Ремсдејл, а го избркаат Лено за да може дотичниот да биде прв голман. А Мартинез го продадоа за живо џабе. Распад систем. :facepalm:
 
Ќе биде комично ако го купат Ремсдејл, а го избркаат Лено за да може дотичниот да биде прв голман. А Мартинез го продадоа за живо џабе. Распад систем. :facepalm:
Абе полека малце, што е со хејтов кон Ремсдејл толку? Мене не ми се свиѓа цената само и само ради тоа не би го земал а не дека е слаб голман или нешто слично.

Иако до сеа Рамсделј у кој клуб и да бил, бил испаднат. :D
 
Абе полека малце, што е со хејтов кон Ремсдејл толку? Мене не ми се свиѓа цената само и само ради тоа не би го земал а не дека е слаб голман или нешто слично.

Иако до сеа Рамсделј у кој клуб и да бил, бил испаднат. :D


Никој не го мрази Ремсдејл, ама Мартинез да го продадеш за таква сума е смешно. Додека од друга страна фрлаш премногу пари за Ремсдејл.
 
Не беше погрешна одлуката да се продаде Мартинез, туку да не му се дадат 10-15 утакмици по ред на почетокот на новата сезона, дур не ја покака, и пак да биде седнат на клупа.
 
Аууу ама напор е веќе Мартинез, значи премногу напињате сите со него. Човекот 5-6 утамкици побрани и земавме 20м за него ШТО Е ДОБРА ЗДЕЛКА, се покажал ко добар играч и тоа е тоа. Правите ко да бил јак голман со години а не нубец што одеше по позајмици во нубски тимови секоја година. За Гнабри поарно серете, за Мален, за Бенасер, за Рен Аделаид, не за 29 годишен голман.
 
И јас сум за да не се спомнува Мартинез, напред да се гледа, а не во минатото. Ама ко што гледам од други членови е спомнат во конотација дека управата се муви без глава и не знаат што прават, бидејќи нема поента да продаваш голман, за следна сезона да купуваш поскап голман кој потенцијално е полош од продадениот. Си бил на една позиција добро поткован и сега се зезнала работата, промашени голмани од очај донесуваш и пак сме во ерата пред 10 години кога имавме пацери голмани. Без плански се води клубот со избрзани потези.

Друга работа, зошто ја деградираш позицијата голман? Што е голман помалку вреден од напаѓач или среден ред. И како е Мартинез крив што е 29 години кога дури сега добил шанса, не е дека сега почнал со фудбал да се бави или сега дошол во клубот.

И зошто толкав хејт за Мартинез, па тој е последен играч што треба да го хејтаме. Баш сезонава покажа колку вреди, беше втор најдобар голман во лигата, освои Копа Америка со Аргентина, им донесе трофеј после 3 децении скоро. Зошто да не ни е драго што успева, па на било кој да му речат или прифати клупа да седиш или оди си, ќе избере да си отиде и да напредува кога веќе 10 години никој не чул за него, а сега цело внимание е свртено кон него. Ги има сите предиспозиции да има и поуспешна кариера од Лено, зошто би бил глуп да пропаѓа во клуб кој не знае каде тера ко Арсенал и да грее клупа.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom