Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Овој плавиот дрес е најлош од сите три сезонава, еден од полошите дресови општо. Ем никогаш не сум сакал плав дрес кај Арсенал како гостински, ем тоа розовото го прави уште погрд.

Ама нека победуваат со него, ќе ми легна така.
Скоро па секогаш третиот дрес ни е некоја оваква боја :D
 
:love:
Автоматски споено мислење:

Партали.
 
Последно уредено од модератор:
Супер отварање, очекував да ги растуриме Фулам, убави голови, убави акции, убава игра.

Идеме јако у добро расположение во второ коло.
 
Габриел панично почна али солидно деби на крај, закитено со голче. :)

Вилиан еден од подобрите, радува ме ова, стварно се надевам дека вака ќе продолжи и ќе не демантира скептиците за неговиот трансфер, Пепе сеа мора да даде максимум ако сака прва постава.

Типична игра за Ел нени со пасеви назад и по страна, сигурно без грешки, али ограничен, често се наоѓаше во ситуација да изигра пробивен прогресивен пас и пак назад, играч за ротација, ќе има филер улога.

Фина утакмица за почеток на сезона, дај сеа креативец во средина да се купи, ќе се мачеме пак ако не успееме таа позиција да ја засилеме.
Фулам whipping boys впечаток.
 
Автоматски споено мислење:

Еве ги рчканиците на Нкетија и Себаљос

 
Елнени ништо чудно да остане ако игра вака и наредниве утакмици
 
Реално Елнени и никогаш немал некој кикс по што сме го пцуеле. Никогаш не бил да се истакне но никогаш пак не ни бил дупка. Он е работник нон стоп трча никогаш не застанува. Не е материјал за прв тим но и те како е играч за ротација. И мислам покрај добри играчи и он е супер, но не е играч кој може да ја носи играта. Повеќе ми смета Озил и остала багра што ќе остане отколку он.
 

Лаказет освен голот доста слаб перформанс.
 

Лаказет освен голот доста слаб перформанс.
Разгледај му ја улогата при голот на Обамејанг. Единствено немаше удел за голот на Габриел. Море разгледи му ја улогата на сите голови што ги даде Обамејанг лани :D
Многу непопуларна улога има, а според мене клучна.
 
Се убаво ама исто играше Жиру, он јадеше огромен хејт од фан базата.
Лаказет е платен 50м, очекувам повеќе, мора подобро.
 
Мислам дека оваа сезона Арсенал ќе ги исполни очекувањата што сите ги имаа за клубот пред почетокот на минатата сезона. Еве неколку причини и што ме натера да мислам на тоа и што е промената. Најпрво тренерот, апла се гледа дека спроведена е различна дисциплина во тимот и различна е поставеноста, нема играчи ко Гвендузи и Озил што им е загарентирано прво место во тимот, па ќе се лигавиме, дисциплина 5 нивоа повисока има. Друга работа, Обамејанг го има усовршено овој шутот од страна на goat ниво, ако цело време во кариерата му бил 90/100 сега му е 100/100, повеќе не е само фокс ин д бокс играч, што најголем број од погодоците му се со испружена нога и од чисти позиции, сега најголем број од погодоците му се од неизградени позиции, сам што си креирал од страна простор, нешто што Гнабри сега го прави во Баерн и Робен изгради кариера со такви погодоци. Трета работа, максимално се користи квалитетот на одбраната каква што е, не кажувам дека одбраната ни е супер, туку максимално се користат сите ресурси што се имаат, што помалку гледаме комични ситуации, и додека во минатото секој натпревар гледавме пенал+црвен+2-3 бизарни примени погодоци, сега многу поретко такви грешки има, денес имаше една беше избегната, против Ливепрул во финалето имаше едно несреќно исфрлање и бевме казнети, ама генерално многу поретко се случува се ова. Да не урочам ама изгледа Арсенал нема да биде сезонава комедии тим, туку ќе си биде “тивка вода брег рони“ тимче.

П.С. И најмногу ми се сфиѓа размислувањето на Артета. Има тренери што ќе речат “не може крило да купувам, Пепе 80милиони не коштал, мора тој да се игра да не бидат за џабе парите и платата што ја зима, Артета си вика досега не се докажал нешто премногу, ќе најдам друго крило, па нека гинат двајцата за тоа кој да биде првотимец.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom