Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Јас би го продал само поради тоа што изјави дека немало да прифане да биде втор голман, бре мочко, ко првиот голман да ни е некој опаш, а не еден од најдобрите голмани во лигата. Верувам дека и за Артета тоа е клучно, таквата изјава, сепак Артета кажа дека сите мора да се борат за своите места, без разлика кој играч е.
 
Што знам, секој за себе си мисли дека е најдобар, после пруженото заслужува да мисли дека има квалитети за прв голман дали во Арсенал или во некој друг тим и сосема ја сфаќам потребата за минутажа и да е прв голман, бидејќи 28 години е, 10 години чекал. Не ми буди негативни чувства неговата изјава, не ја доживувам како лоша, супер голман е и сакам да направи добра кариера и да не скапува повеќе по клупи и позајмици.
 
Последно уредено:
Тешко дека Мартинез киксал, убеден сум дека Лено има многу повеќе киксови направено од Мартинез особено на лошо проценети воздушни топки. Мартинез ретко добивал шанса, да не кажам воошто не добивал, а и тогаш кога доби еднаш исто не примаше гол доста натпревари и беше сигурен. Класа голман, ќе има доволно минутажа сега кога играме ЛЕ, некоја моја слободна проценка (ако не бидеме елиминирани одма нормално), но има добри 20 натпревари во двата купа + ЛЕ, што е сосема океј бројка, плус при евентуална повреда на Лено, јас не би го продавал по никоја цена. Односно тие 20 милиони би ги добил на секој друг можен начин, пример продавај Колашинац, Мустафи, Сократис, Елнени, Тореира, Гвендузи, Озил знам дека не може така да не го пишувам за џабе. Чемберс исто не би го продавал. Е сега, доколку Мартинез не се согласува да брани во куповите и ЛЕ и сака да е прв голман, тогаш би ја сфатил неговата продажба и тоа е тоа, по убаво ќе го памтам во Арсенал, како што по убаво ги паметам и Подолски, Казорла, Росицки, Ремзи, Аршавин итн. Немаше баш среќна приказна во Арсенал, ама му посакувам само во нагорна линија да му оди кариерата независно дали ќе остане или ќе го напушти Арсенал.
Незнам колку години имаш ама изгчеда не доволно за да ја памтиш оваа и 90% од утакмиците каде што бранел, ако не ти е доволно прочитај мислења на фанови кај што бранел на позајмици

 
Незнам колку години имаш ама изгчеда не доволно за да ја памтиш оваа и 90% од утакмиците каде што бранел, ако не ти е доволно прочитај мислења на фанови кај што бранел на позајмици

Од 2006 активно го следам клубот, во сезона просечно 95% од натпреварите ги гледам во real time целосно, другите 5% highlights. Нонсенс е ако мислиш дека Мартинез е кривец за головите од тоа време, тие сезони Арсенал ја имаше убедливо најлошата одбрана, скоро исто лоша како денешнава. Ова е периодот пред да се потсреди одбраната кога Мертесакер и Кошчелни станаа добар стоперски тандем(некаде 2014 година). Погледни го тимот со факинг Џуру, Џенкинсон, Кокелин, Фримпонг, Игнаси Миќел. Освен за третиот, Мартинез нема апсолутно никаква кривица за другите примени гола од посочениот натпревар. Друга работа зошто да гледаме клипчиња од 2012, кога бил 20 години, а не од натпреварите оваа сезона каде што е феноменален, која би била логиката? И трета работа, која е твојата поента со оцрнувањето на Мартинез? Дека лажен блесок беше изминатава сезона и дека е неквалитетен голман/просечен голман кој треба да се продаде?
П.с. За последната позајмица негова во Ридинг и тука на форумот фанови имаа позитивни критики само за Мартинез. Или постари позајмици треба да анализираме?
 
Сакале, нејќеле, тоа е си оди Мартинез, ќе го памтеме по добро.

Перси е инсајдер за Вила.
 
Ќе видете во Вила колку е квалитетен голман. Сепак не жалам, подобро и тој и Лено да бидат среќни отколку само едниот од нив.
 
Абе не знам кој оспорува дека е квалитетен голман, се гледа од авион дека е квалитетен, ама кога имаш двајца квалитетни и ако едниот од нив не сака да се бори за местото се разбира дека ќе лета.
 
Од 2006 активно го следам клубот, во сезона просечно 95% од натпреварите ги гледам во real time целосно, другите 5% highlights. Нонсенс е ако мислиш дека Мартинез е кривец за головите од тоа време, тие сезони Арсенал ја имаше убедливо најлошата одбрана, скоро исто лоша како денешнава. Ова е периодот пред да се потсреди одбраната кога Мертесакер и Кошчелни станаа добар стоперски тандем(некаде 2014 година). Погледни го тимот со факинг Џуру, Џенкинсон, Кокелин, Фримпонг, Игнаси Миќел. Освен за третиот, Мартинез нема апсолутно никаква кривица за другите примени гола од посочениот натпревар. Друга работа зошто да гледаме клипчиња од 2012, кога бил 20 години, а не од натпреварите оваа сезона каде што е феноменален, која би била логиката? И трета работа, која е твојата поента со оцрнувањето на Мартинез? Дека лажен блесок беше изминатава сезона и дека е неквалитетен голман/просечен голман кој треба да се продаде?
П.с. За последната позајмица негова во Ридинг и тука на форумот фанови имаа позитивни критики само за Мартинез. Или постари позајмици треба да анализираме?

Нонсенс е едино условувањето од Мартинез да биде прв голман или си оди, бил на ниво 9 утакмици во 10 години и одма царот услови поставува, путуј одма што е до мене, киксовите не му ги собира ни во видео од 10 минути.
Која е твојата поента, или и ти мислиш дека со 9 утакмици му е забетонирана позицијата прв голман, мислиш пред тоа Гачевски бил на гол..
 
Мартинез е истата ситуација со Најлс. Се е супер што добро се покажале на неколку утакмици, ама тоа не е доволно за да поставуваш ултиматуми.
Нит ми е жал Најлс ако се продаде, нит па Мартинез.

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 
И сеа замена кој ќе биде? Ќе лупнеме пак 15+ милиони за некој идиот...
 
Мет Мејси е топ голманче, освен ако Ганерот не му направил некоја компилација на грешки од некоја позајмица од времето на Вмро
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom