Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Години наназад немаат трчано колку во ове два натпревари. Конечно видовме некаков пресинг(бар во прво полувреме) и доаѓаме до заклучок дека не се кондиционо спремни за такво темпо!! Трагично е тоа за екипа од ЕПЛ!

Кога ќе додадеме и дека многу повредени имаме и ротација скоро нула во најсгуснатиот период...
Кога ќе додадеме и дека дефанзивно многу, ама мнооогу покоординирано делуваме...и тоа со АМН и Сака на бекови...

Да, фала богу што се случи #Емериаут

Многу слаба реализација некако имаме напред. Оние полуконтри некако ептен лошо се завршуваат...треба поедноставно.

И да не беше киксот на Лено, ќе ги добиевме...mark my words. (y)
 
Години наназад немаат трчано колку во ове два натпревари. Конечно видовме некаков пресинг(бар во прво полувреме) и доаѓаме до заклучок дека не се кондиционо спремни за такво темпо!! Трагично е тоа за екипа од ЕПЛ!

Кога ќе додадеме и дека многу повредени имаме и ротација скоро нула во најсгуснатиот период...
Кога ќе додадеме и дека дефанзивно многу, ама мнооогу покоординирано делуваме...и тоа со АМН и Сака на бекови...

Да, фала богу што се случи #Емериаут

Многу слаба реализација некако имаме напред. Оние полуконтри некако ептен лошо се завршуваат...треба поедноставно.

И да не беше киксот на Лено
, ќе ги добиевме...mark my words. (y)

Aма стално е нешто, потенцијалниот жолт, глупост на Лено.
 
Дали уживавме добри 80 минути? Да. Арно покасно се случи Арсенал што го гледаме често. Кога Лено функционира, одбраната не, и обратно. Само позитивни работи може да се заклучат од мечов.

Кога веќе го спомнувате Емери, дефанзива баш како денешната во второ требаше да игра цело време. Освен шансата на Абрахам кога го надскока Најлс, друго ништо не одиграа.
 
Aма стално е нешто, потенцијалниот жолт, глупост на Лено.

Стално е нешто, затоа што цела сезона имаме една победа со 2 разлика( и таа е на Љунберг). Сеуште немаме „убиено“ противник.

2-3 тренинга има одработено Артета и барем јас гледам некоја разлика. Тоа беше најважно, нова жар да се осети во тимов...
 
Немој да бидете токсични. Одлична дисциплина до првиот гол, факт е дека играчите под Емери немаат видено ваков натпревар со волку трчање, немаа душа од 70 минута па натаму.
Се гледа дека Артета има план, ќе потрае фала богу, али ветува шпанецот.
 
Стално е нешто, затоа што цела сезона имаме една победа со 2 разлика( и таа е на Љунберг). Сеуште немаме „убиено“ противник.

2-3 тренинга има одработено Артета и барем јас гледам некоја разлика. Тоа беше најважно, нова жар да се осети во тимов...

И јас реков дека има разлика затоа и ме боли поразот, утакмиците со Емери ми беа онака гајле ми е што ќе направиме.

Само многу лош период му се погоди и на Артета, за четири дена е Јунајтед, исповредени еден куп играчи, овие здравите душа немаат веќе окапани се.

Лаказет полека но сигурно ги троши сите кредити од лани, играчот на сезоната, а Пепе ми е права мистерија, тројца тренери сезонава не сакаат да го играат прва постава, не знам што да мислам за него веќе.
 
Пепе ти е Жервињо стајл... дај му топка да се забавља :)

После долго време, сезонава и ја не проверував кога играме. Ми ја убија желбата да ги гледам. Сеа едвај чекам наредна да изглеам.
 
Копиле, ги избркал Вилшир и Ремзи, знајвте вие убо рековте


Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Ајде да видеме ваше мислење, дали и ако да, кои би биле наши засилувања во Јануари?
 
Малце каснам, ама морам да го пофалам цел тим вчера за првото полувреме.
Второто беше ужас, т.е. откако влезе Жоржињо Челзи ја имаше доминацијата, без некоја поизгледна шанса.

Киксот на Лено го реши натпреварот, без тоа ќе ги добиевме 1:0 сигурно.
Артета има вина бидејќи Лака немаше душа и мораше да го смени со Пепе мнооогу порано.

За Мустафи не ми се збори, комплетен кривец за вториот гол.
Инаку ми изгледа дека Артета ќе се мачи многу сезонава додека не ги добие играчите кои му требаат.
Со овие играчи нема шанси да играме пресинг цело време, туку по едно полувреме. Дополнително фалат бекови, Сака иако одлично покрива не е бек и мислам дека ќе бидеме многу посолидни кога ќе иаме бекови + висока линија.

На Емери јас лично му дадов 2 летни трансфер рокови пред да го судам, дури лани бев океј со него и очекував летово да го стокми тимот, ама џабе.
Би сакал и Артета да го добие истото пред да го судиме, зашто е јасно дека немаме тип на играчи за играта што му треба, а веќе после 2 натпревари се гледа смена во пристапот.

Тоа е тоа, сезонава можеме да ја спасиме само преку Лига Европа.
 
Само едно не ми е јасно. Зошто не реагираше Артета никако откако влезе Жоржињо. Зошто не проба тактички да смени нешто? Зошто не направи никаква замена? Од авион се гледаше дека Лампард со Жоржињо ја доби средината.
Лампард пробуваше, менуваше играчи, тактики, Артета се уплаши некако иако гледаше дека не иде некако...

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom