Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Габриел => Гаргамел :LOL: Океј си е дечакот, нека крши кичми. Може и ни треба некој копач што ќе покаже заби против копачки тимови.
 
Али оној Габриел имам приметено дека има тенок фитиљ, за брзо осеќам ќе го пцуеме за црвен или пенал. (се надевам дека грешам).
Ќе го биде, Косчелни еден мирен што беше на почетокот. :D
 
А дали и со овие играчи не можевме да тепаме и оверал со Гибс,Дебуши и Артета не можеме да го тепаме Динамо Загреб.
Таман си беа ротациите,не е таман што изгубивме.


Ти си денеска против ротациите,а велиш Кош аут,Пер ин...Мислам брат што зобриш?

Кошиелни игра секоја утакмица, додека Пер на последниве 2-3 нема ни 1мин изиграно.
Што не е јасно ?
 
@Факе
Епа прочитај и размисли малце. Викам требаше Кокелин и мертесакер да играат прва зошто се знаат, и пер до пред 2 утакмици беше првотимец. Поентата е да остави 2ца играчи дома,останатите ја решаваат утакмицата во прво полувреме и во второ си испаѓаат. Со ова добиваш 5 одморени играчи од прва постава и 99% победена утакмица, а сега имаме изморени играчи и немаме теоретски шанси за прво место во табелата.
 
На другите утакмици не сум го приметил дефанзивно како игра, ама бар офанзивно скоро секоја утакмица ни е најдобар. Реални да бидеме...

А за ситуацијава, извини вака ама Дебуши шо игра ?
Габриел стигна до топката секунда од коа она влезе во гол, а Дебуши се откажа уште коа го виде пасот и остана назад колку шо приметив.
На дебуши треба главно задолжение да му биде одбраната на десна страна, а не Окс да биде и бек и крило. Ако го глеаше првото полувреме против Ливерпул сигурно се сеќаваш како Белерин трчаше ко ненормален и сите вакви ситуации супер ги средуваше.

Може си у право за тоа со Монако (пак ќе кажам не знам не обрнував толку внимание) ама на таа утакмица Окс беше најдобар у офанзива се дур не го стави Венгер бек да игра (така беше ако не се лажам, поправи ме ако грешам). Него главна преокупација треба да му биде нападот, а не дефанзивата и се чудиш што така ни дале гол...
Башка Окс беше тој што го даде голот...

И немој споредба Ремзи-Окс жити младоста...
Дебуши го маркира крилото додека Окс дреме и не го следи улетувањето на бекот на Динамо.
Против Монако Окс влезе од клупа, даде гол, па примивме гол заради него. Ионака 0-2 е многу подобро од 1-3, но тоа не е поентата. Премногу често прави грешки при кои примаме гол, повеќе штета прави отколку што креира, за што мечот со Монако е добар пример. Џабе ти се и најдобрите бекови на светот ако не добиваат поддршка и помош од крилата.

Нема изговор, мора крилото да помогне при уфрлување на бек, и не е само сега со Динамо, секогаш е истава приказна со Окс.
 
Да бидеме реални поразов освен бламажа на европска сцена (што по се изгледа е нормално за тимовите од ПЛ годинава) нема некое големо значење. Први да завршиме нема шанси така да за второ место во групата поразов не прави голем проблем
 
Као демек Окс е крив шо цел тим беше тиња вчера. За Жиру гледам не зборате толку, оти со играч помалце, тој е директниот кривец за резултатот. Така да, вчера цел тим беше тиња од еден до последен. Динамо Загреб треба да го победиш со врзани очи и со 5 души. Класа тим како Арсенал не смее да си дозволи вакви почетнички порази, со тренер кој е преискусен за вакви мечеви. Оправдување од типот „не бевме доволно среќни“ се чисто лузерски оправдувања, кои карактеризираат лузерски менталитет. Па можеби од најгоре иди то шо нашите играчи не можат веќе една деценија да се доближат до првите две места во ПЛ или да бидат меѓу 4те најдобри во ЛШ. Уствари ние не можиме во 8те најдобри.

Али констанстноста е битна. 4то место и квалификации за ЛШ се успех за нас, оти имаме нов стадион.
 
Незнам како не сфаќате што е муабетот со Окс. Значи офанзивно сезонава ни е топ, меѓутоа и лани и сезонава дефанзивно не прати.
Бекот е негов, мора да го покрие и негова грешка е првиот гол. Исто како и со Вест Хем вториот и на пријателските кај што изгуби топка на средина па примивме гол не ми текнува со кој беше.

Може да стане комплетен фудбалер меѓутоа мора да поработи на дефанзивата.

А за вчера се криви сите, на чело со Жиру поради глупоста за картоните (можеби престрого црвен ама не требаше уопште у 15та мин да се буни).[DOUBLEPOST=1442484273][/DOUBLEPOST]
И немој споредба Ремзи-Окс жити младоста...

Ремзи е 5 пати позрел и покомплетен како фудбалер од Окс (освен коа се глупира со петите), незнам што ти е муабетот.[DOUBLEPOST=1442484676][/DOUBLEPOST]И у случај да не ја видовте на твитер статистикава:

Mikel Arteta's game by numbers:
0 chances created
0 tackles won
0 aerial duels won
0 shots
0 crosses
 
Последно уредено:
Ремзи е 5 пати позрел и покомплетен како фудбалер од Окс (освен коа се глупира со петите), незнам што ти е муабетот.
Епа тогаш не ни треба Окс, да го продадеме на Челзи...
Муабетот ми е дека не може Окс да го кривиме за вчера па и да кажеме дека не заслужувал прва постава. Ако некој заслужува место во стартни 11 тогаш тоа е он.
 
Епа тогаш не ни треба Окс, да го продадеме на Челзи...
Муабетот ми е дека не може Окс да го кривиме за вчера па и да кажеме дека не заслужувал прва постава. Ако некој заслужува место во стартни 11 тогаш тоа е он.

Глуп муабет.
Никој нигде не спомна продавање, нити па некој го криви за поразот вчера, ама е крив за голот.

Едноставно има да учи уште за да има загарантиран старт. Офанзивно е супер, дефанзивно е катастрофа, а често дефанзивните грешки те чинат бодови.

Јас во моментов би го преферирал него како импакт играч од клупа, наместо стартер.
 
Не може да се издвои поединец за вчера, едноставно понекогаш се дешаваат како сплет на околности, имало вакви фрик резултати и порано во ЛШ и не само со нас.

Ама проблемот е нешто друго, дали сега ќе затераме некоја црна серија, оти ни следуваат многу тешки утакмици.
 
Не може да се издвои поединец за вчера, едноставно понекогаш се дешаваат како сплет на околности, имало вакви фрик резултати и порано во ЛШ и не само со нас.

Ама проблемот е нешто друго, дали сега ќе затераме некоја црна серија, оти ни следуваат многу тешки утакмици.

Сине сега ако затераме лоши резултати, тогаш да не ја догледвме сезоната на Арсенал, уопште. Оти играме со Челзи, Тотенхем, Баерн Минхен и Јунајтед.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom