Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Акпом можеше да заврши со 2 асистенции, да не себичеше...

Јас само една видов, 90та минута кога можеше да му ја дај на Санчез или Росицки. Со такви потези, сигурно, 100% сум сигурен дека не се станува успешен во Арсенал. Можеби сегде на друго место, но во Арсенал Не.
 
Таа во 90та кога појде да дрибла наместо да пушти пас доле за Санчез и уште една пред тоа кога го имаше слободен Санчез а се одлучи на дриблинг и шут со лева.
 
Момци олабајте го Акпом, уште е дете. а Венгер мисли дека има повеќе потенцијал од Кемпбел и затоа Акпом е задржан. Ако го одбегнат повредите мислам дека ќе стане одличен напаѓач, брз е, има дриблинг, има шут.

А Росицки си е закон, треба да го користиме само паметно, ставај го у 60та мин у ПЛ, он свеж противниците уморени, ќе си гази.
 
Изгледа дека некои од нас, вклучувајќи ме и мене ги преценивме способностите и уделот во играта на Подолски.

Интер не сум го гледал сезонава, но од тоа што читам по сајтовите, во цел нивен слаб тим, Подолски на сите утакмици шо играл е еден од најлошите поединци.
Тоа е , типот она што не можеше да го покаже на терен проба да го надохнади со твитер ,фејбук и инстаграм. Пензија за него или некоја втора лига Германија.
 
Тоа е , типот она што не можеше да го покаже на терен проба да го надохнади со твитер ,фејбук и инстаграм. Пензија за него или некоја втора лига Германија.

Или репрезентација. Само за таму го бива. :D
 
Нека дава голови во таа селската лига, да не ни остани догодина со тоа платата од 100 илјади.
 
Кога е ждребката за наредно коло во ФА Купот?
 
Росицки :cuc::cuc::cuc: секоја чест МАЕСТРО, секоја чест!!!
Одлична победа
 
Тоа што го кажав за Бељерин>Чамберс се докажа денеска, каде каде Бељерин е подобар од Чамберс , може на Чамберс му удри славата у глава. Сепак ја уште мислам дека треба да се форсира или ДМФ или ЦД оти за бек Бељерин треба да се игра.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom