Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Не дека ќе ми дојде лошо ако дојдат и двајцата, ама ако морам да бирам меѓу еден од нив со две раце ќе потпишам за Санчез.
Иначе еве и на телеграф имало вчера дека Арсенал сакаат да го земат Санчез, е сеа колку рилајбл се телеграф не знам.
Иначе интересно у текстов е што се спомнува и Пума ко некој фактор у целиов трансфер. Не знам дали е тоа практика на спонзорите ама еве Пума до сеа покрај за Санчез се спомнуваше нели дека и ќе го спонзорирала и трансферот на Балотели (ако се случи). Стварно не знам дали и Најк истава практика ја имал, ама мене ова од Пума ми се свиѓа :D

Да само што Санчез не е под Пума, туку под Најк. :)
 
Ди Марцио ти е најквалитетниот новинар кога се работи за шпекулации и трансфер вести.
На оваа страна не верува,само директно од неговиот твитер што е напишал.Ако има од твитер директ тогаш ок.
Епа имаше направено Retweet на овој линк а и страната се вика www.gianlucadimarzio.com,за тоа дали е најквалитетен ке видиме затоа што мислам дека многу пати има згрешено во врска со трансферите на Арсенал.Иначе,би требало да има барем едно засилување за преставување на новите дресови на 10 јули па се надевам дека ке има малце посигурни информации во наредните денови.
 
Абе што има врска спонзорот не е клубот пума или најк. Тие договори си ги прават независно, што има да се замараат пума со трансфер каде да игра играчот не ми е јасно. Има случаеви каде спонзор за спортска опрема е еден бренд а играч од тој клуб да е преставник на друг. И што сега тој играч треба да бира играчи само каде е спонзор тој бренд. Глупости ми се тие работи, па замислете уште да дале дел од парите за договорот од трансферот. Па не му се агенти на грачот. Нив им е битно да е тој играч “ѕвезда“ или познат за да им продава а каде игра не е толку битно, едино ако игра во македонска лига....
 

Заборавете на Балотели ,идем по Санчеееееееееееез;)
 
Се зависи од Суарез сега во врска со Санчез или друг играч(исто како лани Озил-Бејл). :)
 
У секој случај Венгер нема стварно да открие дали го сака или не Балотели. Сигурно нема у некоја емисија да ги открие своите планови, ама Балотели многу лошо играше на светсково и може стварно се премислил Венгер.
Уште никој не може да открие шо му се врти у глава на старчево :icon_mrgr:
 
А кога ќе размислам подборо, Санчез би ни бил подобра инвестиција од Балотели.
Може да игра на повеќе позиции и повеќе се залага за екипата од Балотели.
 
Ако сум некој фактор и ако би бирал Санчез би го одбрал пред сите. Млад, перспективен, талентиран, професионалец. Се на место.
 
Ни Балотели ни Санчез. Недоволно квалитетни играчи за да напраат разлика.
Бензема онака топ таргет да ни е. :)
 
Да тргне Венгер по Суарез сега кога е веќе казнет со 4 месеци неиграње фудбал? :)
 
Можи таман во декемрви ќе игра, а ние тогаш паѓаме во формата. :vozbud:

Не мајтап настрана, мислев Балотели дека е убедливо најглупиот и најтемпераментниот фудбалер, а од друга страна толку талентиран, но испадна дека Суарез е тој. Повеќе му одмага на клубовите и репрезентацијата. :facepalm:
 
Стартуваше со казна и претходната сезона и кога се врати на теренот го воскресна тимот и почна да гази. 31 гол а првите 5 натпревари не ги играше,а казната ќе му ја намали цената така да..Успеа некако без инциденти до крај на сезона со Ливерпул :D
 
Абе дечки настрана шпекулации некоја информација у врска со Волко ? Ќе го опраат за новата сезона ?
 
Почна со тренинзи,ќе биде спремен против тимот на Анри најверојатно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom