Очигледно ти не ги разбираш работите како што се, и само тресеш зелени, а не нешто да размислиш па да пишеш.
Хунтелар е во златен момент да стане голема звезда. Неговиот талент е неоспорлив, и вреди за таа сума која ја плати Реал. Ипак е тоа Реал, нема кај нив толку размислувања за пари.
Аршавин, кој ти ни јас ни никој друг од форумов не го знаевме, ни каков талент, ни како градел кариера, и дури ова лето дознавме кој е и што е.
Сакаш да ми кажеш за фудбалер кој нема играно во појаките лиги вреди 20 милиона? и тоа било малце? или ништо? требало повеќе? па оди убијсе...
Да беше се така едноставно како тебе веќе ке беше трансферот готов.
Павлиниченко и тој се покажа исто добро како и Аршавин на европско па кога отиде во Тотенхем, незнаеше кај му е главата. Самиот викаше дека дуелите се многу тешки и дека мн мн поразлично и мн мн потешко темпо на игра во англија.
И ете сега го рачунаат како FLOP!
Не сакам да кажам дека сега Аршавин ако дојде ке биде исто, не викам тоа, тоа си е знак прашалник. Ризик е тоа, а 20 милиона на ризик да ги даеш + да не ти игра во ЛШ и да има 27 години? Па не би рекол... подобро да се фокусира на она ВИСТИНСКОТО што ни треба во моментов ДМ.