Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Кажи јаааа :D
не ме лајкаат, шо ќе кажувам :(
Здраво пак јас :), ме интересира дали има Дискретна Мат1 Книга на Македонски? Ни ја посочија од Kenneth не дека не ми иде англискиот но сепак е стручно и по-апстрактно на англиски.
здраво
 
@PCode
Па обично бруцошите се збунети, изгубени, исплашени, купуваат книги, одат на секое можно предавање и после немале време да учат, се нешто нив им е не-јасно итн. Се познаваат дека се бруцоши од километар. До некаде ги разбирам бидејќи некои од нив доаѓаат во друга средина, друго друштво, друг начин на живот. А нај-интересни ми се тие фраерите од 3-4 година со десетина испити положени кога ќе започнат да им држат лекции, планови, шеми и нацрти како да преживеат на факултет - thug life, a овие стануваат all ears :pos:
и уше една анегдота додека сум тука, aли ае друг пат.

И одат сите до еден. 15 минути пред врата чекаш да излезат.
И најважно, во бифето не може ништо да начекаш за јадење до прв колоквиум :(
 
Се сеќавам кога бев прва, седеше до мене еден тип - паничар, типот еден саат не можеше да го управи пц-то, го вика Тенев заедно проверуваат струја, кабли, мрежна картица, монитор и ред други ствари бидејќи беше последен термин.
После тоа влегува Анто во училница и ја прави "Што е проблемов?"
Овие му објаснуваат не работи ова-она, да ти фалело нешто и Анто им ја прави а го пуштивте ли пц-то? Овие како изгубени да не ти го пуштиле пц-то еден саат :pos::pos:УУУ Мајке ми, бива ли до толку бе, ај бруцошов да го разберам ама Тенев бе човече :icon_lol:
Кај Шахпатски какви комедии имало, за мене тој е мртва легенда која живее вечно.
Еднаш Шахпатски кога се збуни на 2 со 2 детерминанта, типот не можеше да помножи 2 броја и на крајот ја направи ќе си ја решите дома :pos: Кога ме фати една смеа во прва клупа. Па уште ми ја прави "Некои се смеат ама нема да знаат да решат ваква задача на испит", демек он ја решил
:pos::pos::pos: Ми идеше да извршам самоубиство од заседа.
// fun fact
Бруцош сигурно има (имам) или Ќе изгуби 30 мин. без да сфати дека caps lock му e пуштен или со мк поддршка пишува password.
 
Некој да сподели искуство со плаќање на семестар на 4 рати? На колку време треба да ги отплатам(4 месеци?) и колкава може да биде големината на ратата?
 
Која професорка оценува полабаво теорија по Калкулус 1, Димитрова, Тојтовска или Поповска-Митровиќ? Затоа шо заради таа глупа теорија го презапишувам предметот.
 
Која професорка оценува полабаво теорија по Калкулус 1, Димитрова, Тојтовска или Поповска-Митровиќ? Затоа шо заради таа глупа теорија го презапишувам предметот.
и Димитрова е океј
 
Абее сеа од оваа гледна точка се шалиме со бруцошите ама и ние кога сме биле сигурно сме биле уплашени и збунети :D 15 минути се имаме карано со колешка која прва да влезе на консултации од срам хахаа.
Иначе мене на полагање НРС шо ми се деси, куцам така среќна ја решив задачава, коа наеднаш на code почнува кодот да ми се брише, го глеам буква по буква така го снемува, немав ни submit кликнато, викам кај едвај ја решив задачава сеа уште да го изгубам кодот и една паника ме фати, ја викам Киранџиска, таа доаѓа нишо човече се брише кодов ненормално брзо, јас ќе заплачев, таа и таа гледа не знае шо се дешава, јас врискам веќе хаха и доаѓа Делев и така ноншалантно вика, заглавено ти е backspace копчето :unsure: Ок...
 
Ја на е-тест имав збрка малку. Отворам предметов да го полагам, глеам непознато прашање, аа викам ја погрешен предмет сум избрала. Кликам икс, отворам друг предмет, уште понепознато, пак кликам икс. И после ми се враќа филм дека у ствари првиот предмет не бил погрешен, туку едноставно не ми е познато прашањето пошто поима си немав. И така тупкај се у место, туфкај се, не ми се отвора веќе испитот и фала Богу собрав храброст и прашав. А колешке зошто сте отвориле сѐ? А зошто на икс?
Емиии, ја да знаев. :D Ми поминало пола време, дур се туфкав јас дали да прашам, али ај, нема врска. :D

Јас ќе си бидам ко вечен бруцош. :D Баш пред некоја недела, требаше да идам на консултации, идам пред еден кабинет кај шо мислев дека треба, чекај таму, чекај, никој нит влага, нит излага. А срам ми е да прашам пошто сум глупа. И после некое време дојде некој колега, фала Богу он праша за предметов, ама го пренасочија на друго место, а многу тивко збореа и не разбрав кај. И на крај, видов - не видов, тргнав по него после некое време, да не биде ептен приметно, па стигнав кај што треба. Среќа шо и он дојде, иначе ќе си чекав ја таму до утредента пред врата. :D
 
Сакав да кажам некој што го слушал па да каже збор/два :D
Пред 5 години се пишуваше CV и мотивационо писмо од дома, пред 4 години се пишуваше на испит есеј на некоја тема на анг. поврзана со ИТ од 10-тина понудени теми кои беа речиси исти. На предавањата и вежбите досаѓаа со некои раскази и правописи на англиски. Немаше лаб, ниту проект. Прелесен предмет ако знаеш барем малку англиски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom