Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Дали има некој што слушал Проектирање на компјутерски мрежи ( Дизајн на компјутерски мрежи / WAN мрежи) да сподели мислење за предметот и матерјали?

Се согласувам со колегата дека е обемен, ама реално не е толку тежок. Ако ги предава Мирослав и годинава вежбите немаш никаква потреба да одиш пошо и онака нишо нема да го разбереш, буквално си чита се од слајдови,збор до збор и тоа е тоа. Ти препорачувам да одиш на предавања пошо и двата професори ( Соња и Анастас ) убаво и разбирливо предаваат, јас одев на предавањата, дома читав од книгата ( презентациите ги користев само како водич на што повеќе да обрнам внимание ), и искрено положив без многу мака. Првиот дел од предметот е потежок ама поинтересен, вториот е полесен и не е толку апстрактен.
Ај некој ако има инфо за Софтверски квалитет и тестирање?
 
Кoментaри зa сензoрски системи? И мaтеријaли пo мoжнoст
 
Ако мислиш на Софтверски квалитет и тестирање/Квалитет на софтвер и тестирање/Надежност на системи, јас слушнав дека до сега не бил активиран поради слабата заинтересираност од студентите. Ќе го запишам јас, и ќе се надевам дека ќе е активиран :)
 
Мислам дека предметот е активиран од порано, колку што знам го држи Мишев а Михајлоска е асистентка.
 
dali e dozvoleno koristenje na kalkulator za ispit po Diskretna mat?
 
Знае ли некој дали може да се запише дипломска во зимски семсетар? Бев и кај продеканот и кај секретарот и двајцата не се сигурни, а знам многу колеги што имаат план да запишат во зимски наместо во летен.
 
Ги има слушано некој овие предмети, да каже нешто повеќе за нив?
  • Сервисно ориентирани архитектури
  • Софтверски квалитет и тестирање
  • Компјутерска анимацијa
Сервисно ориентирани архитектури и јас сакам да го земам, а не најдов некој што го слушал претходно. Гушев рече дека се учи понапреден .NET од интернет технологии, а еве што ми врати Маги на мејл:

Здраво,
Самиот предмет се однесува на тоа не само како да се градат веб сервиси (во различни технологии), туку и како да се компонираат, управуваат, синхронизираат, скалираат итн за да се добие целосна софтверска архитектура од сервиси.
За самата технологија - повеќе се концентрираме на концептите отколку технологија. Таа ако треба да се изработи SOAP или REST сервис не ги ограничуваме студентите кој технологија да ја користита (можете сами да изберете), а лани дававме примери во Java и .NET. Постојат многу framework-и кои нудат имплементации на овие технологии па не гледам поента да ве ограничувам на еден.Полагањето се состои од колоквиуми/испит и изработка на практичен индивидуален проект.
Присуството не е задолжително.
Поздрав
 
Некој да каже збор-два за Интернет технологии и кориснички интерфејси .. ? Корисни ли се, што е попаметно да земам од овие два, или па да барам некој трет ? :icon_mrgr:
 
Некој да каже збор-два за Интернет технологии и кориснички интерфејси .. ? Корисни ли се, што е попаметно да земам од овие два, или па да барам некој трет ? :icon_mrgr:
Интернет технологии е океј предмет за да те воведе во Веб програмирањето. Се учи бекенд програмирање (програмирање на серверска страна) во .NET (C#). Убаво е за да се запознаеш со клиент/сервер моделот, да научиш што е сесија, cookie, get, post requests итн... Се полага на 2 колоквиуми, првиот ни беше само теорија а вториот имавме и практичен дел на комп во лабараторија.
Исто така има и групен проект на крај, во кој треба да изработиш некаква веб апликација.
 
Интерфејси го предаваат Сузана Лошковска и Иван Китановски. Се состои од практичен и теоретски дел, проект и задолжителни лабораториски вежби. По практичниот дел се учи bootstrap и по еден час за d3js и Flask. На прв колоквиум поедноставен вебсајт се дизајнира, на втор вебсајт со респонзивен дизајн и d3js график. Flask не полагавме.
Теоријата се полага на е-тест, а истата може да се замени и со домашни работи кои треба да се изработуваат секоја недела.
Се положува со 50% од вкупните поени. Генерално лесен предмет.

@ForzaVardar
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom