Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Може некој да ми каже каква перспектива би имал доколку се запишам на ФИНКИ? Моментално сум 4та година и се мислам помеѓу ФИНКИ и ФЕИТ

Околу перспективите:

Еве еден сајт каде може да видите листа на дипломски, одбранети во изминатиот период или во тек.
http://diplomski.finki.ukim.mk/StartPage/DiplomaList

Еве еден друг сајт каде може да видите една цела генерација студенти, на која тема дипломирале и каде се вработиле (под услов да ја волонтирале истата информација да биде објавена). http://www.finki.ukim.mk/tablo/

Еве еден промотивен спот со изјави од неколку наши студенти по светот: https://www.youtube.com/watch?v=Xfk3Y9S8AWI

Перспективи има, но треба да си ги отворите, значи зависи од вас:
- колку интензивна припрема ќе имате пред факултетот - за ФИНКИ ви се потребни предзнаења и од математика и од програмирање, инаку ќе ви биде многу многу потешко.
- колку интензивно ќе работите додека сте на факултет (тука не мислам на тоа дали ќе ги совладате предметите, туку колку ќе бидете спремни самите да си се обучувате за дополнителни работи надвод од предметите - ако на Факултетот ви се предава на пример само Java, C, C++, C#, Lisp, Python, тогаш вие треба сами да си научите да програмирате и во Go, Haskell
- треба да се регистрирате по странски сајтови каде објавуваат огласи за студии, обуки, потреби
- треба да следите што се бара на пазарот тука, во околината, но и на запад (гледајте какви огласи за работа се објавуваат и какви предзнаења се бараат)

Ова не е напишано напразно, имајте предвид дека нашите студии важат за тешки, но во некои делови се многу полесни отколку на врвните универзитети. Така е затоа што сме државен и затоа што сакаме да им овозможиме да дојдат на сите. Но, за да си ги отворите перспективите на глобално ниво, треба сами да се потрудите да бидете колку конкурентни со вашите колеги од MIT, Stanford, ...

Околу изборот: Има луѓе што веднаш ќе ви кажат кој факултет е подобар. Некој веднаш ќе рече Harvard или MIT. Не ги слушајте. Проверете ги наставните планови, видете дали има студиски програми со предмети кои ви се интересни. За најинтересните предмети видете кои професори ги држат тие предмети. Побарајте дали имаат свој веб сајт или некаде да имаат биографија каде може да прочитате што работеле - во кои проекти учествувале во или надвор од МК, каде биле на студиски престои од каде би стекнале добри искуства и пракси, со кои други универзитети соработуваат, каде биле на конференции и што презентирале. Кај поранешните студенти распрашајте се колку овие професори се достапни за контакт, средби, идеи, не само во предмети, туку и за општа дискусија за интересни идеи. И конечно имајте предвид дека сѐ ова е релативно. Секој си има своја визија за тоа што е добар Факултет и што е добар професор, по овие, но и по други критериуми. Неодамна во еден светски весник имаше натпис за професор од универзитет од топ 10 листите, кој од студентите бил прогласен за најдобар, но истата година бил отпуштен од управата поради недоволен истражувачки ангажман.

Информирајте се што е можно подобро, па направете избор. Истиве сугестии важат и за медицина и за право и за информатика и за електроника.
 
Што предмет е Деловна Пракса ? Дали и на тој предмет треба да избереме ментор ?
 
Дали има некој што слушал Проектирање на компјутерски мрежи ( Дизајн на компјутерски мрежи / WAN мрежи) да сподели мислење за предметот и матерјали?
 
Дали има некој што слушал Проектирање на компјутерски мрежи ( Дизајн на компјутерски мрежи / WAN мрежи) да сподели мислење за предметот и матерјали?

Јас го слушав минатиот летен семестар и предметот не е многу тежок ако те интересираат мрежи и слично, но е можеби најобемниот предмет на факултетот во поглед на теорија и во задачите (аудиториските вежби) исто така има доста теорија, би рекол предмет со двојна теорија. Добро е тоа што немаше минимум од секој дел, како и да е треба да собереш 50 поени (од 100) од сите можни активности за 6ка барем. Тоа значи дека со високи поени на теорија на пример, задачи може и воопшто да не полагаш или да поминеш со само 10тина поени. Инаку од тие 100%, по 33% носеа теоријата и задачите значи 66% заедно, 14% лаб, 2 теста по 5% и опционална семинарска 10%. Така да треба ептен учење со време и пожелно е положување преку колоквиуми, зошто на испит малку колеги го положуваат.
 
Некој што слушал Податочно рударство да каже нешто за предметот
 
Ако може збор два од некој што ги има слушано предметите:
1. Софтверско инженерство
2. Медиуми и комуникации
3. Основи на компјутерска графика
 
Ако може збор два од некој што ги има слушано предметите:
1. Софтверско инженерство
2. Медиуми и комуникации
3. Основи на компјутерска графика
1.Софтверско инженерство го слушав минатиот летен семестар кај професорот Ѓорѓи Маџаров (кај проф.Катерина Здравкова е малку поразличен). Се полага и аудиториски и предавања заедно и се прават две домашни наместо лабараториски во група. Предметот не е тежок,а е доста корисен.
3.Основи на компјутерска графика е многу корисен и интересен предмет. Полагањето е во два дел терија и задачи. Теоријата можеш да ја полагаш и на колоквиум/испит или преу домашна, а можеш да полгаш и на двата начини доколку не ги освоиш сите бодови. Практичното е OpenGL. Има лабараториски преку кој и најлесно го совладуваш практичниот дел.
 
Може некој да ми каже збор два за паралелно програмирање?
 
Може некој да ми каже збор два за паралелно програмирање?
Целиот предмет е всушност овој курс https://www.udacity.com/courses/cs344 Материјалот што се учи веќе го имаш на тој курс, со тоа што на предавања, една или две лекции од тој курс не се предават. Има лабораториски секоја недела кои мора дома да си ги правиш затоа што не ни обезбедија лабораторија или пристап до компјутери со CUDA, значи рачунај ке ти треба nVidia со CUDA графичка. Теорија се полага на етест со негативни поени, нема нешто многу да научиш, затоа што е само од презентации. И на крај има проект да се направи.
Потписи во Iknow добивме последна недела пред упис на нов семестар, а оценката уште ја чекам во iKnow, иако положив пред 2 недели. Генерално доста лошо организиран предмет, моја препорака ти е да бегаш подалеку од овој предмет, мене ми е изборен предмет од кој сум најмалку задоволен од тие што ги имам слушано.

Моја препорака за предмети од летен семестар: Дизајн на Архитектура и Софтвер, Напредни Алгоритми, Интелигентни системи, Визуелно Програмирање...

Ги има слушано некој овие предмети, да каже нешто повеќе за нив?
  • Мобилни апликации (iOS програмирање кај Анто и Трајковиќ)
  • Електронска комерција и трговија (Spring кај Трајанов и Ристе)
 
Моја препорака за предмети од летен семестар: Дизајн на Архитектура и Софтвер, Напредни Алгоритми, Интелигентни системи, Визуелно Програмирање...

Од зимски семестар е тој.
 
Ги има слушано некој овие предмети, да каже нешто повеќе за нив?
  • Сервисно ориентирани архитектури
  • Софтверски квалитет и тестирање
  • Компјутерска анимацијa
 
Некој мислење или материјали за следниве предмети:

Деловна пракса
Управување со ИКТ проекти
Напредни алгоритми
Вовед во когнитивни науки
Софтверско инженерство
Вовед во биоинформатика
Кориснички интерфејси

Аригато.
 
Некој мислење или материјали за следниве предмети:

Деловна пракса
Управување со ИКТ проекти
Напредни алгоритми
Вовед во когнитивни науки
Софтверско инженерство
Вовед во биоинформатика
Кориснички интерфејси

Аригато.

Интерфејси го предаваат Сузана Лошковска и Иван Китановски. Се состои од практичен и теоретски дел, проект и задолжителни лабораториски вежби. По практичниот дел се учи bootstrap и по еден час за d3js и Flask. На прв колоквиум поедноставен вебсајт се дизајнира, на втор вебсајт со респонзивен дизајн и d3js график. Flask не полагавме.
Теоријата се полага на е-тест, а истата може да се замени и со домашни работи кои треба да се изработуваат секоја недела.
Се положува со 50% од вкупните поени. Генерално лесен предмет.

Софтверско инженерство Катерина Здравкова и Боро Јакимовски предаваат по една програма, Дејан Ѓорѓевиќ и Ѓорѓи Маџаров по друга. Кај Здравкова повеќе е теоретски предметот, додека кај Маџаров има и задачи (CFG, activity diagram мислам се учи).
Јас го слушав кај проф. Здравкова. Пола поени носат лабораториските кои се прават во група, а пола поени теоретски испит.
Прв колоквиум се учи општо околу софтверско инженерство, развој на софтвер, процесни модели, додека вториот колоквиум се учи објекто-ориентирана анализа и дизајн, тестирање на софтвер...[DOUBLEPOST=1453836170][/DOUBLEPOST]Вовед во когнитивни науки
http://forum.kajgana.com/threads/Факултет-за-Информатички-Науки-и-Компјутерско-Инженерство-ФИНКИ.47105/page-316#post-7551617
 
Последно уредено:
Ај малце помош, се мислам визуелно програмирање да го земам како изборен во 4ти семестар сега, ама гледам на сајтов (https://finki.ukim.mk/Content/conte...diplomski/finki2.0/Vizuelno_programiranje.pdf) како предуслов за запишување ги пишува Концепти за развој на софтвер, Напреден развој на софтвер, да не постојат предметиве под друго име сега, затоа што до сега не сум ги сретнал
 
Ај малце помош, се мислам визуелно програмирање да го земам како изборен во 4ти семестар сега, ама гледам на сајтов (https://finki.ukim.mk/Content/conte...diplomski/finki2.0/Vizuelno_programiranje.pdf) како предуслов за запишување ги пишува Концепти за развој на софтвер, Напреден развој на софтвер, да не постојат предметиве под друго име сега, затоа што до сега не сум ги сретнал

СП и ООП
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom