Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Се изначитав правни акти и статути, што на ФИНКИ што на УКИМ, не можам да најдам документ со кој што е уредено ова а СПФИНКИ ќутат по прашањево. Ако има некој поише информации за ова, остајте линк или нешто. Апаши -.-

Како професор и член на ННС, имам барано да ви се објавува детален извод за што се трошат вашите средства со секоја завршна сметка. Начелно имаше согласност, но од согласност до реализација обично треба премногу време. Тука не помага ни тотално пасивниот однос на Вашите претставници кои ги делегира СПФИНКИ. Треба да влијате преку нив, затоа се таму пратени и поставени.

Веројатно не знаете дека на пример од властите не се одделуваат скоро никакви средства за набавка и одржување на опрема, а иста висина на партиципација плаќате како и на Факултетите каде не се користи дополнителна опрема во наставата. Тоа е само еден пример, можеби има и други оправдувања за средствата кои ви се бараат. Борете се и вие за транспарентност, па нема да мора да се редат некакви квалификации.
 
Последно уредено:
Денеска запишав летен семестар и индексо остана кај нив, а имам неделава за земање оценки по 2 предмети од зимски семестар. Дали можи во теков на летниов сем. да се зема оценкиве?
 
Денеска запишав летен семестар и индексо остана кај нив, а имам неделава за земање оценки по 2 предмети од зимски семестар. Дали можи во теков на летниов сем. да се зема оценкиве?
Да, можеш да појдеш во термин за консултации кај соодветниот професор и тогаш да земеш оценка.
 
Како професор и член на ННС, имам барано да ви се објавува детален извод за што се трошат вашите средства со секоја завршна сметка. Начелно имаше согласност, но од согласност до реализација обично треба премногу време. Тука не помага ни тотално пасивниот однос на Вашите претставници кои ги делегира СПФИНКИ. Треба да влијате преку нив, затоа се таму пратени и поставени.

Веројатно не знаете дека на пример од властите не се одделуваат скоро никакви средства за набавка и одржување на опрема, а иста висина на партиципација плаќате како и на Факултетите каде не се користи дополнителна опрема во наставата. Тоа е само еден пример, можеби има и други оправдувања за средствата кои ви се бараат. Борете се и вие за транспарентност, па нема да мора да се редат некакви квалификации.
Професоре, благодарам за одговорот.
Размислував да Ве консултирам по мејл пред да пишам на форумов, но не бев сигурна дали ќе можете да ми помогнете.
Уште изминатата година додека траеа студентските протести, се направија обиди да се делегитимира СП во целост како неадекватен претставник на студентите. Знаеме како завршија тие обиди, ништо не се смени.
Преку нив би требало да ги добиеме тие информации (и многу други), ама ни го игнорираат прашањето. Секако дека беа прва инстанца, ама кога ги нема под дрво и под камен да одговорат, на мене како единка ми преостанува само да испечатам дел од закон каде е уредено плаќањето на таа такса еднаш годишно и да се надевам дека вработените во студентски прашања ќе ми ги земат документите без проблем.
Освен ако немате некој друг предлог како да се реагира на ова? Електронскиот упис завршува утре, што значи наскоро ќе треба да се носат хартиени документи и уплатници.
 
Освен ако немате некој друг предлог како да се реагира на ова? Електронскиот упис завршува утре, што значи наскоро ќе треба да се носат хартиени документи и уплатници.

Значи јас само можам да го кажам следното. Средства може да бидат барани по разни основи. И самиот сум сведочел како ми барале средства и со право и без право и сум се бунтувал, и кога сум имал аргументи сум успевал да се изборам дека не треба да платам нешто. Тоа секако дека можете. Ако мислите дека имате право, одете усмено барајте со целосно образложение. Ако не ви одговорат задоволително во студентски прашања, одете на повисоко ниво - секретар на факултетот, продекан за настава, декан, секретар на УКИМ, ректор. По тој ред. Или писмено, ако повеќе сакате да имате документ.

Поентата е следното - тоа е привремено. Идниот семестар пак. Секое плаќање вон оние регуларните универзитетски потекнува најверојатно од факултетот. Таквите одлуки ги носат органите на факултетот,, а во нив вие имате свои претставници. Ако тие не ве претставуваат добро ние ништо не можеме, затоа што тоа е ваше здружение и без наша волја и можност делегира претставници. Дали вие сте активни во тоа здружение или не, тоа е ваша работа. Тоа што може да направите ако вашите претставници таму не работат ништо, е да лобирате за вашите барања кај професорите, па тие да се залагаат за вашите барања.

Јас реков веќе дека се залагам за транспарентност и ќе се залагам и натаму. Потребни се повеќе гласови.
 
Знае ли некој кога, каде и како можам да го најдам проф. Велинов? На меил не враќа, термин за консултации нема, му отидов и во термин за предавање - не се појави. Итно ми е, хелп ми плиз :D
 
Знае ли некој кога, каде и како можам да го најдам проф. Велинов? На меил не враќа, термин за консултации нема, му отидов и во термин за предавање - не се појави. Итно ми е, хелп ми плиз :D
Акo гo нaјдеш, кaжи ми. Требa oцени дa зимaм :D
 
Знае ли некој кога, каде и како можам да го најдам проф. Велинов? На меил не враќа, термин за консултации нема, му отидов и во термин за предавање - не се појави. Итно ми е, хелп ми плиз :D

Скајп? :unsure:
 
Трет си што ми го кажува истово. Ќе пренесам ако дознаам нешто. :)
Единствено што ми текнува е дека треба да има предавања семестаров, па да го најдеме тогаш. А секако и тоа не е гаранција дека ќе биде таму :D
 
Единствено што ми текнува е дека треба да има предавања семестаров, па да го најдеме тогаш. А секако и тоа не е гаранција дека ќе биде таму :D
Бев вчера во терминот за Бази, ама не дојде професорот :( А малку итна ми е работава, иначе до крај на семестар ќе успеев веројатно да го начекам на некое предавање :D

Само Скајп. И тоа пишувај му упорно, иначе шанси нема.
Gonna try! Фала ви :D
 
Иван Чорбев зема дипломски уште? Гледам последните му биле лани летото. Да не е зафатен декан сеа или не :D Или некој друг професор ако зема php дипломски пишете
 
Иван Чорбев зема дипломски уште? Гледам последните му биле лани летото. Да не е зафатен декан сеа или не :D Или некој друг професор ако зема php дипломски пишете
Ауу слушнав за Чорбев дека било невозможно да се најде, ни по мејл ни во термини за консултации.
Некој како да ми спомна дека кај Боро можело за php да се земе, ама не ми е верно.
 
Аман бре ... Секако ќе пробам на консултации ќе одам кај него во тие термините објавени (ако воопшто дојди) па после ќе се снаоѓам. Единствен е тој со php ... или Бобан ама незнам дали е професор тој :)

Едит - во листава на дипломски гледам некој има земено кај него дипломска сеа во јануари се надевам не е толку зафатен сеа :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom