/МIRЧ3_МкД\
Временски патник
Каков предмет е Интернет програмирање корисен ли е и дали го прават тежок
Интересен е предметот.. добиваш некои основни познавања од html и javascript.. Прв колоквиум се решаваат задачи од типот на c++ , да креираш класи.. па некои функции внатре.. , тек втор колоквиум започнува тоа поинтересното.. ке правите и аплети за кои не верувам дека понатаму во животот ке ги користите премногу.. Ако мене ме прашуваат би можело од предметот да се отфрлат некои помалце битни работи, а да се учи повеќе html и javascrit. За крај се прави и семинарска (веб страна) и ако сакаш да ти биде сработена убаво од таму најмногу ке научиш. Исто така за тежок не е тежок.. само решавање на лаб вежби редовно 3-4 испитни и тоа е тоа.
Изнакажав се и заборавив да напоменам.. зависи кој смер си, лани мислам овие од КНИ го имаа истиот предмет но се учи по малце изменета програма.. ова шо ти го кажав важи за на ИКИ. Сепак во глобала тоа е тоа..