Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Јас крипто кај Димитрова Весна слушав. Истиот е скоро материјалот. Прелесен предмет. Коцарев мислам океј беше. На сите 10ки им ставил. Мислам немаа колоквиуми. Имаа лабови од дома и проекти нешо. Сепак побарај и друго мислење.
Па мене ми рекоа дека една година предавал Коцарев една Димитрова. Е сега пошто оваа година била Димитрова следната година би требало да биде Коцарев. Ех ме зачуди со ова лесен предмет, јас па си го рачунав Криптографија еден од потешките :D
 
Здраво, слушам од разни колеги дека во сесијата што е во август/септември давале полесни испити за предметите од зимскиот семестар бидејки била последна сесија. Дали е ова точно? Инаку прашувам за предметот Калкулус 1 бидејки ми останаа само задачите па само нив ќе треба да ги полагам тогаш.
И уште нешто, знае ли некој добар професор по АОК? Само ве молам не ми ги спомнувајте оние од приватни часови што се фалат по фб дека положиле лани и сеа ќе изигруваат професори и бараат 3500 за неколку бескорисни часови. Доколку некој знае нека ми пише број.
 
Кога ке објават распоред за сесијава у август/сетпември????
Треба да планирам за одмор, и сеа како да знам коа да идам на одмор а коа треба да полагам?
Има шанси да се исфорсира да се дознае у брзо време?
 
Прашње за тие што студираат на ИНФ(студии префрлени од ФЕИТ) или студирале.
Во 5- ти семестар освен
Дали има и изборни предмети, според некоја логика, овие предмети вкупно носаат 20 кредити. Би требало да има уште минимум два предмети. Али во студиската програма не е наведено

Истово прашање и за 6-ти
Освен овие три колку изборни предмети има.

Не можев да земам потпис прва година за архитектури и матемтика, и тоа ми повлече еден компликации со неможење да запишам предмети од наредна.

Има и изборни предмети, во секој семестар ги има, нормално за да може на крај да се сумаризираат вкупно 180 кредити. Вообичаено е во секој семестар да се слушаат 5 предмети. Но, со изборните може да си комбинираш, во еден семестар да слушаш повеќе, а во нареден помалце предмети. Така на пример, јас минатиот летен семестар слушав 6 предмети (земав 3 изборни - не го надминав лимитот до 35 или колку и да беа кредити), за веќе во наредниот да слушам само 4 предмети. :)

Инаку, сега сите сакале-нејќеле нè ставија на новата програма, според која има смена на предметите од 5-ти и 6-ти семестар (поточно, во 5-ти се слуша мрежи, самостојниот проект кој се зема кај некој професор и плус изборни; а во 6-ти Софтверско инженерство, Бази 2, ООАД, изборни и дипломска.
 
Корисен предмет ли е Интернет Технологии и тежок ли е да знам дали да го изберам во 2 година заедно со оперативни системи и софтверско инженерство бидејќи и овие ми звучат зезнато :)[DOUBLEPOST=1404610079][/DOUBLEPOST]Корисен предмет ли е Интернет Технологии и тежок ли е да знам дали да го изберам во 2 година заедно со оперативни системи и софтверско инженерство бидејќи и овие ми звучат зезнато :)
 
Читајќи Ви ги коментариве имам едно прашање, може е малку глупо ама сепак ако може да го одговорите.
Дали откако ќе ги положите предметите во 1 година (на пример) го полагате целиот материјал на крај на годината или само предмет по предмет и нема полагање на цела книга на крај? :)
 
Дали откако ќе ги положите предметите во 1 година (на пример) го полагате целиот материјал на крај на годината или само предмет по предмет и нема полагање на цела книга на крај? :)
Ако ги положиш предметите од прва идеш на предмети од втора година. Нема полагање на цел материјал пак, ко екстерно. :)
Имаш два колоквиума ( најчесто, може да се деси да има еден или три... али поретко.). Ако ги положиш колоквиумите, си го положила предметот. Си зимаш оцена и завршена приказна со тој предмет. Заборави дека си го слушала.
Ако не ги положиш колоквиумите, си идеш на испит за цел материјал од предметот (два колоквиума заедно). Имаш три шанси преку три испитни сесии. Ако го положиш преку една од нив, си зимаш оцена и тераш понатака.
Ако не положиш на испит, следната година во истиот семестар(летен или зимски) го презапишуваш предметот и го слушаш повторно.
 
Корисен предмет ли е Интернет Технологии и тежок ли е да знам дали да го изберам во 2 година заедно со оперативни системи и софтверско инженерство бидејќи и овие ми звучат зезнато :) И тоа софтверско инженерство теорија е само ?
 
Корисен предмет ли е Интернет Технологии и тежок ли е да знам дали да го изберам во 2 година заедно со оперативни системи и софтверско инженерство бидејќи и овие ми звучат зезнато :) И тоа софтверско инженерство теорија е само ?

Оперативни и интернет технологии мислам дека се предмети од летен семестар.
 
Како се води дневник за пракса, има некаде на страната на ФИНКИ како треба да изгледа и што да содржи. Хард копи, дигитално?
 
При внесување на оценките од средно во системот за уписи на УКИМ, треба да се внесуваат оценки од екстерно или не?
 
За да бидам ослободена од лабараториски вежби, треба да му пишам на професорот или како? Ај нека ми објасни некој, плис :cuc:
 
Кога ке објават распоред за сесијава у август/сетпември????
Треба да планирам за одмор, и сеа како да знам коа да идам на одмор а коа треба да полагам?
Има шанси да се исфорсира да се дознае у брзо време?

Има објавено веќе 2 недели ... провери бидејќи истиот не е финален и се можни одредени измени ...
 
Има објавено веќе 2 недели ... провери бидејќи истиот не е финален и се можни одредени измени ...
Видов уште одма :) иначе кажи им немора измени добар е хаха :))


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Ау корегираниов распоред уште по топ :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom