Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Заинтересиран сум за смерот ИКИ.Дали некој знае колку студенти се запишуваат на тој смер.Дали се исполни квотата лани? Дали би ми биле доволни околу 82-83 бодови за да влезам во државна квота.Што мислите ИКИ или КНИ?
 
Колку што гледав ИКИ е слично ко КНИ плус Физика и Електротехника. На КНИ годинава во државна примаат 160, а на ИКИ 60. Минатата година на КНИ последниот (150-тиот) имаше околу 89 бодови така да според мене тешко, иако интересот е многу поголем за КНИ (не дека пола од тие знаат зошто одат таму). А јас си се чадам дали со 92 бода ќе влезам на КНИ :D
 
Да 160 со 60 се, со тоа што ИКИ има помалце математика, но за таа сметка Физика , Електротехника и Електроника што мене некако повеќе ми одговара по што завршив средно електротехничко ( компјутерска техника и автоматика КТА), па донекаде ми е позната материја што ќе се изучува.Јас како што дојдов до некои информации во првиот уписен рок лани не се исполнила државната квота на ИКИ a на КНИ се запишале околу 150 во првиот уписен рок)Сега нејасно ми е дали рангирајнето за влез во државна квота се прави по првиот уписен рок( подоцна ако има останато места за вториот па третиот ) или се прави после вториот и третиот конечна листа
Инаку видов влезени во државна квота со 75 на ИКИ лани...
 
Пример слободни места се 150. Ако по првиот уписен рок се пополнети тие 150, секој од прифатените треба да склучи договор за започнување со студии. Ако случајно некако останат места (пример некој бил прифатен, а потоа не склучил договор), тогаш се ослободуваат места. Откако ќе се пополнат тие 150 места и некој со 100 бода да конкурира на следен упис, очигледно дека ќе нема место.
 
Сега ми е јасно. :) Инаку еве го списокот на кандидатите после првиот уписен рок во 2012 година.Пријавени за ИКИ се негде околу педесетина . Е сега во колоната за кофинансирање ( општо за сите смерови )кај некои стои да кај некои не.Што всушност значи тоа со оглед дека некои со помалку поени им пишува не а на некои со повеќе да на истиот смер?
 
Attachments

Во аплицирањето си пишуваш дали би прифатил кофинансирање (+двестотче) доколку не влезиш во државна квота.
Сепак нека искоментираат некои што имале искуство со ова, јас само што најдов со читање, допрва бруцош-...че(?) :D
 
Точно.
 
Дали е точно дека студентите на ФИНКИ за различни предавања одат и во простории на ПМФ, ФЕИТ и други факултети?
 
Дали е точно дека студентите на ФИНКИ за различни предавања одат и во простории на ПМФ, ФЕИТ и други факултети?

Точно.
На ПМФ конкретно за предавање не одиме, но одредени групи имаат лабораториски вежби на ПМФ, а и дел од професорите имаат канцеларии таму па за консултации знаат некат да ни закажат на ПМФ.

На ФЕИТ имаме предавања, но не е проблем толку, зашто ФЕИТ е веднаш до зградата на ТМФ (каде што најчесто ни се предавањата)
 
Колку е важно да се следат профилите?
Огромна е разликата во профилите(на финки) што ќе ти пишувало во дипломата... а доколку сметаш дека треба да знаеш одредена материја што другите смерови ја учат а ти не.. тогаш слободно избери си го тој предмет затоа 3та и 4та год скоро сите предмети се изборни
 
Ме интересира ако знае некој да ми каже како вообичаено има предавања на ФИНКИ зошто имам слушнато на некои факултети дека имаат огромни паузи меѓу предавања и чекаат премногу време.Исто така ме интересира која е разликата меѓу државна и приватна квота,освен очигледната причина цената ?
 
Зависи од распоредот. Може да се случи цела година ни една пауза да немаш, а можеби и секој ден по некој саат да си чекаш.
Во секој случај кога се прави распоредот се настојува на тоа да нема поголеми паузи меѓу предавања/вежби.

Разликата е само цената
 
Тоа значи

Аха фала многу ,а што се однесува до вонредните студенти тие не одат како редовните секој ден на факс така?
Инаку не знам баш точно како одат тие работи но да не имате инфо за некакви стипендии на ФИНКИ од типот тие што имаат над 95 бодови или првите 10 на список?
 
Не знам како е за вонредните...
Но предавањата не се задолжителни, па и како редовен студент да се водиш може да "забушаваш" :D ...мада не би ти препорачал, биди си редовен :)
Задолжителни се само лабораториските вежби. Со неколку отсуства губиш право на потпис, а со тоа не можеш ни да полагаш. (за вонредните можеби има други правила)

Стипендии... лани мислам дека немаше, не знам оваа година...
Влегов како 7ми, но не добивам никаква стипендија. Првиот од мојот смер имаше над 99 поени, но и тој си плаќа партиципација.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom