Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Каков предмет е Интернет програмирање корисен ли е и дали го прават тежок

Интересен е предметот.. добиваш некои основни познавања од html и javascript.. Прв колоквиум се решаваат задачи од типот на c++ , да креираш класи.. па некои функции внатре.. , тек втор колоквиум започнува тоа поинтересното.. ке правите и аплети за кои не верувам дека понатаму во животот ке ги користите премногу.. Ако мене ме прашуваат би можело од предметот да се отфрлат некои помалце битни работи, а да се учи повеќе html и javascrit. За крај се прави и семинарска (веб страна) и ако сакаш да ти биде сработена убаво од таму најмногу ке научиш. Исто така за тежок не е тежок.. само решавање на лаб вежби редовно 3-4 испитни и тоа е тоа.

Изнакажав се и заборавив да напоменам.. зависи кој смер си, лани мислам овие од КНИ го имаа истиот предмет но се учи по малце изменета програма.. ова шо ти го кажав важи за на ИКИ. Сепак во глобала тоа е тоа..
 
Благодарам на обемниот одговор :) иначе на е-технологии сум јас.
 
Оперативни битно увидот го закажаа за утре, резултати не мора.
 
Каков предмет е Интернет програмирање корисен ли е и дали го прават тежок
Погоре ти одговорил Мирче за Интернет програмирање на ИКИ смерот меѓутоа тоа е скроз различен предмет од оној на КНИ/МТ/ЕТ.
На овие три, предметот е доста лесен. Материјалот за прв колоквиум е HTML/CSS и се полага само е-тест. За втор колоквиум Javascript/Jquery и се полага е-тест и практично (HTML/CSS/js/Jquery).
Има и домашни секоја недела.
 
Некој знае кога има консултации и кога се зимаат оценки кај Весна Димитрова или пак да го има
file-от од консултациите на професорите, неможам да го најдам во групите.
 
Здраво.. иначе нов сум на форумот па ако можи некој да ми се најди.Студирам на Технички факултет Битола отсек КНИ прва година.Е сеа сакам да се префрлам на ФИНКИ па ме интересира дали некој го има напраено то нешто и шо му признаја..да знам дали да се запишвам како бруцош или да продолжам.Ако има некој шо се има префрлено моши да ми се најди во живото :D
 
Некој знае кога има консултации и кога се зимаат оценки кај Весна Димитрова или пак да го има
file-от од консултациите на професорите, неможам да го најдам во групите.

Понеделник 10-11, Среда 9-11 (просторија 35 на ФИНКИ).
Линк до фајлот
 
Ај чим почнаа со прашања за предметиве да си прашам и јас. Каков предмет е Криптографија и каков професор е Коцарев?
 
Која е процедурата за префрлање од редовен во вонреден студент?
на електро. треба да си вработен и газдата твој да плаќа придонеси. Со тој документ одиш и им велиш да бидиш вонреден студент. Ќе пополниш едни докуметни и те ставаат вонреден студент од следен семестар.
Износ по семестар 400 евра. Годишно 800 евра.
 
Здраво.. иначе нов сум на форумот па ако можи некој да ми се најди.Студирам на Технички факултет Битола отсек КНИ прва година.Е сеа сакам да се префрлам на ФИНКИ па ме интересира дали некој го има напраено то нешто и шо му признаја..да знам дали да се запишвам како бруцош или да продолжам.Ако има некој шо се има префрлено моши да ми се најди во живото :D
Можеш да извадиш уверение за положени предмети и да го прашаш продеканот за настава на ФИНКИ да ти каже што ќе ти признаат.
 
дада то знам ама дали се има некој префрлено па да ми кажи шо му имат признаено..
 
Ај чим почнаа со прашања за предметиве да си прашам и јас. Каков предмет е Криптографија и каков професор е Коцарев?
Јас крипто кај Димитрова Весна слушав. Истиот е скоро материјалот. Прелесен предмет. Коцарев мислам океј беше. На сите 10ки им ставил. Мислам немаа колоквиуми. Имаа лабови од дома и проекти нешо. Сепак побарај и друго мислење.
 
Прашње за тие што студираат на ИНФ(студии префрлени од ФЕИТ) или студирале.
Во 5- ти семестар освен
Дали има и изборни предмети, според некоја логика, овие предмети вкупно носаат 20 кредити. Би требало да има уште минимум два предмети. Али во студиската програма не е наведено

Истово прашање и за 6-ти
Освен овие три колку изборни предмети има.

Не можев да земам потпис прва година за архитектури и матемтика, и тоа ми повлече еден компликации со неможење да запишам предмети од наредна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom