На страната на Финки за ЕМК ништо вакво нема спомнато. Мора подобро да ги објаснуваат предметите. Јас набрзинка прочитав нешто on-line рекламирање, бизнис планови и слично... И одма ме асоцираше на Бизнис од средно

, па и ASP.NET буквално никаде нема спомнато. Ако е бар малку сличен со МП, го бирам одма, доста ми помогна со одговоров
Ме интересира за Алгоритмиве и Рударењево твои коментари? Би бирал и 3 изборни наместо 2, толку и можам со 35 кредита, за да опфатам тоа што ме интересира, ама тешко оди. Кандидати: Алгоритми за анализа на податоци, Рударење, БКМ, ЕМК (после одговоров обавезно)... Па има добри и од други насоки, како Алгоритми од АСИ (слично на нашиот АСП) и Мобилни апликации (мада овој го нема за бирање, можда ќе го дададат).
Фала многу
Доцнам малку, не видов дека си ме цитирал. Ако е истата програма по која што се работеше лани, ако си слушал мрежно и те интересира АСП.НЕТ земи со го ЕМК без мислење, ќе ти се најде корисен ти велам. Плус и лесен е, на колоквиуми нема код, нема програмирање ништо, само прашања од презентациите на Трајанов(ако тој го држи повторно), ко што е разлика меѓу продавница од цигли и e-продавница, предности, недостатоци... имам некои испитни ќе ги ги пратам ако сакаш.
За другиве Податочно рударење е интересно во глобала, ама не ко предмет на факултетов бидејќи не се учи многу изгледа. Го немам слушано, прашај некој друг за посигрно.
Алгоритми за анализа на податоци го запишав сега, во 8ми семестар бидејќи ми е предмет кој го испуштив во 6ти, а е доста користен. Се учат напредни SQL-кверија и манипулации со бази, складишта на податоци, OLAP, влечење информации и слично. Малку луѓе го запишуваат, лани имаше 6 луѓе само, има 2 колоквиуми кои не се во колоквиумска, или се недела порано или недела подоцна. Ако го запишеш ќе се дружиме на предемтот. п.с. Убаво е да имаш слушано и положено бази за овој предмет, инаку не го земај. Исто и за податочно рударење.
За БКМ пишав погоре.
--- надополнето: 30 јануари 2014 во 20:22 ---
Некој совет за лесен изборен предмет во 4 семестар да запишам.
Ако си кукавица и бегаш од предмети што ти требаат, а бираш предмети што никогаш нема да ти потребаат само за да положиш лесно или да поминеш со семинарска, тогаш: Инжинерска економика, Мерни сетила, Електрични мерења, Нуклеарни централи. Други не ми текнуваат.
--- надополнето: 30 јануари 2014 во 20:26 ---
некој за Визуелно програмирање впечатоци?

Се прогамира во C#, десктоп апликации, ништо сложени, основни работи. Малку на крај на предметот се спомнува MVC, серијализација исто мислам дека само по предметов се учи, ко метод за зачувување на податоци и тоа е. Има семинарска по слободен избор, која треба да е што е можно покомплицирана за да имаш повеќе поени. Јас правев штимер за гитара, програмирав Фуриеви трансформации за да манипулирам со звукот. Интерсно

Инаку, не верувам многу да се најде предметов за работа или нешто, ама онака за сопствен кејф да си напраиш некаква апликација која ќе ти го олесни животот се наоѓа. Од искуство зборам ова, си имам испрограмирано неколку апликации за лична употреба кои секојдневно ги користам.