Некое инфо за Географски Информациски Системи? Дали има теорија или само со семинарска се положува?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Некое инфо за Географски Информациски Системи? Дали има теорија или само со семинарска се положува?
Доцнам малку, не видов дека си ме цитирал. Ако е истата програма по која што се работеше лани, ако си слушал мрежно и те интересира АСП.НЕТ земи со го ЕМК без мислење, ќе ти се најде корисен ти велам. Плус и лесен е, на колоквиуми нема код, нема програмирање ништо, само прашања од презентациите на Трајанов(ако тој го држи повторно), ко што е разлика меѓу продавница од цигли и e-продавница, предности, недостатоци... имам некои испитни ќе ги ги пратам ако сакаш.
За другиве Податочно рударење е интересно во глобала, ама не ко предмет на факултетов бидејќи не се учи многу изгледа. Го немам слушано, прашај некој друг за посигрно.
Алгоритми за анализа на податоци го запишав сега, во 8ми семестар бидејќи ми е предмет кој го испуштив во 6ти, а е доста користен. Се учат напредни SQL-кверија и манипулации со бази, складишта на податоци, OLAP, влечење информации и слично. Малку луѓе го запишуваат, лани имаше 6 луѓе само, има 2 колоквиуми кои не се во колоквиумска, или се недела порано или недела подоцна. Ако го запишеш ќе се дружиме на предемтот. п.с. Убаво е да имаш слушано и положено бази за овој предмет, инаку не го земај. Исто и за податочно рударење.
За БКМ пишав погоре.
--- надополнето: 30 јануари 2014 во 20:22 ---
Ако си кукавица и бегаш од предмети што ти требаат, а бираш предмети што никогаш нема да ти потребаат само за да положиш лесно или да поминеш со семинарска, тогаш: Инжинерска економика, Мерни сетила, Електрични мерења, Нуклеарни централи. Други не ми текнуваат.
--- надополнето: 30 јануари 2014 во 20:26 ---
Се прогамира во C#, десктоп апликации, ништо сложени, основни работи. Малку на крај на предметот се спомнува MVC, серијализација исто мислам дека само по предметов се учи, ко метод за зачувување на податоци и тоа е. Има семинарска по слободен избор, која треба да е што е можно покомплицирана за да имаш повеќе поени. Јас правев штимер за гитара, програмирав Фуриеви трансформации за да манипулирам со звукот. Интерсно
Инаку, не верувам многу да се најде предметов за работа или нешто, ама онака за сопствен кејф да си напраиш некаква апликација која ќе ти го олесни животот се наоѓа. Од искуство зборам ова, си имам испрограмирано неколку апликации за лична употреба кои секојдневно ги користам.
Здраво дечки, ако има некој што слушал Медиуми и комуникации или Концепти на информатичко општество да ми разграничи околу двата предмети, во однос на предавања, вежби, начин на полагање и сл. Се одлучив за Визуелно програмирање како прв предмет, за вториот се уште се двоумам.![]()
Инфо за професорот Антовски Љупчо по Архитектура на компјутери?
Сите тоа ми го кажуваат никој конкретно не ми објаснува околу човековЌе ви биде интересно![]()
Сите тоа ми го кажуваат никој конкретно не ми објаснува околу човеков![]()
Конкретно - тешко дека ќе научиш нешто. 80% од часот ќе слушаш за политика, за гласање, за општата состојба во државава, за учителки од средно, основно, за состојките на нес кафе, за relationship статусот на Сораја и така натаму... Мислам после АОК кај Анто можеш слободно да одиш на некој trivia quiz и да си освоиш прво место...
Конкретно - тешко дека ќе научиш нешто. 80% од часот ќе слушаш за политика, за гласање, за општата состојба во државава, за учителки од средно, основно, за состојките на нес кафе, за relationship статусот на Сораја и така натаму... Мислам после АОК кај Анто можеш слободно да одиш на некој trivia quiz и да си освоиш прво место...
Сите тоа ми го кажуваат никој конкретно не ми објаснува околу човеков![]()
Од друга страна пак и ова е точно барем за Спасов кој го заменуваше неколку часа.Сепак реалноста е дека кој и да ти предава друг пак нема да научиш. Вака кај Анто барем нема досадно да ти биди.
И кај Тентов беше така (јас Архитектури/ЛКДА таму слушав), само што два часа ги правеше како еден и како што викаш ти расправаше за од политика до кладилници и фудбал и формула 1 патеки.