- Член од
- 4 октомври 2008
- Мислења
- 653
- Поени од реакции
- 434
БКМ е интересен предмет, лани го предаваше Соња Филиповска, оваа година не знам кој. Се учи инаку се околу безжична комуникација, протоколи, стандарди, опрема, антени(видови, примена), сигурност на WiFi комуникација, WIFi стандарди. Лабораториските исто се лесни и интересни, имаш сетирање на рутери, нивно подесување, правење планови во програми за зрачење на антени и правилно поставување на антени за покривање на некој простор и сл.
ЕМК е продолжение на мрежно програмирање, се работи во ASP.NET и целиот предмет на аудиториски правевме еден ист пример, секој час по нешто ново, ко изглед на е-продавница, додадвање навигација, страничење, кошничка, најава, администратори, обични корисници, сторирани процедури во SQL и слично. И овој корисен предмет го најдов, има убава семианрска што треба да ја напраиш на крај сеопфатна. Велам корисен предмет иако никогаш не би се вратил да програмирам електронска продавница во АСП.НЕТ.
На страната на Финки за ЕМК ништо вакво нема спомнато. Мора подобро да ги објаснуваат предметите. Јас набрзинка прочитав нешто on-line рекламирање, бизнис планови и слично... И одма ме асоцираше на Бизнис од средно


Ме интересира за Алгоритмиве и Рударењево твои коментари? Би бирал и 3 изборни наместо 2, толку и можам со 35 кредита, за да опфатам тоа што ме интересира, ама тешко оди. Кандидати: Алгоритми за анализа на податоци, Рударење, БКМ, ЕМК (после одговоров обавезно)... Па има добри и од други насоки, како Алгоритми од АСИ (слично на нашиот АСП) и Мобилни апликации (мада овој го нема за бирање, можда ќе го дададат).
Фала многу
