Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
БКМ е интересен предмет, лани го предаваше Соња Филиповска, оваа година не знам кој. Се учи инаку се околу безжична комуникација, протоколи, стандарди, опрема, антени(видови, примена), сигурност на WiFi комуникација, WIFi стандарди. Лабораториските исто се лесни и интересни, имаш сетирање на рутери, нивно подесување, правење планови во програми за зрачење на антени и правилно поставување на антени за покривање на некој простор и сл.

ЕМК е продолжение на мрежно програмирање, се работи во ASP.NET и целиот предмет на аудиториски правевме еден ист пример, секој час по нешто ново, ко изглед на е-продавница, додадвање навигација, страничење, кошничка, најава, администратори, обични корисници, сторирани процедури во SQL и слично. И овој корисен предмет го најдов, има убава семианрска што треба да ја напраиш на крај сеопфатна. Велам корисен предмет иако никогаш не би се вратил да програмирам електронска продавница во АСП.НЕТ.

На страната на Финки за ЕМК ништо вакво нема спомнато. Мора подобро да ги објаснуваат предметите. Јас набрзинка прочитав нешто on-line рекламирање, бизнис планови и слично... И одма ме асоцираше на Бизнис од средно :D, па и ASP.NET буквално никаде нема спомнато. Ако е бар малку сличен со МП, го бирам одма, доста ми помогна со одговоров (y)

Ме интересира за Алгоритмиве и Рударењево твои коментари? Би бирал и 3 изборни наместо 2, толку и можам со 35 кредита, за да опфатам тоа што ме интересира, ама тешко оди. Кандидати: Алгоритми за анализа на податоци, Рударење, БКМ, ЕМК (после одговоров обавезно)... Па има добри и од други насоки, како Алгоритми од АСИ (слично на нашиот АСП) и Мобилни апликации (мада овој го нема за бирање, можда ќе го дададат).

Фала многу :)
 
Многу кретенски предмети се имаат активирано семестаров.
 
Ќе се навратиме на изборните, ама сега ми треба уште побрз одговор, за да знам дали денес да трчам по дневници.
Праксава што е... Доволна е една од еден месец за целокупните студии, или треба и во трета и во четврта година?
 
Треба секоја година, освен за прва.
 
Треба секоја година, освен за прва.

Фала, разбрав и директно од Маџаров дека треба три пракси по еден месец. Единственото нешто што ги буни огромен дел од студентите, е тоа што Маџаров викаше дека мора да се достават потписот и дневникот најдоцна до упис на летен семестар од таа година. А денес испадна дека тоа не е битно, и дека тие 3 месеци можеле и летото после 4та година да ги направиш ако сакаш наеднаш.
 
Некој што бил на испит од претходните години интерактивни апликации да каже што имало на испит, пишаа меил дека ќе има една задача од прв кол. и една од втор кол. од прв отприлика се знае што ќе биде а од втор дали ќе биде една задача со ajax или ќе има 5-6 задачки со jquery а сите тие ќе се сметаат како една ? :)
 
Има ставено пример испитни од лани на courses провери таму. Инаку многу лесен испадна интерактивни оваа година од 450 студенти има 5 десетки и 350 паднати студенти...
 
Некој да ми каже како оди презапишувањето предмет? Мора еден од да оставиш и да го запишеш стариот или може и двата? пример имаш 5 предмети и треба 1 да презапишеш дали може 6 да имаш или еден ќе мора да оставиш? Некој поискусен на ФИНКИ да ми каже пошто сум прва година и да знам што ме чека...
 
Ако си прва и уште не ти дошло време за презапишување, не се замарај :)
Иначе си го запишуваш тој предметот што си го паднал, па задолжителните од тој семестар ( ако можеш да ги слушаш ) и ако ти остане уште нешто слободно за да пополниш 5 предмети си земаш изборен. Можеш и 6 со молба до студентски.
 
Некој да ми каже како оди презапишувањето предмет? Мора еден од да оставиш и да го запишеш стариот или може и двата? пример имаш 5 предмети и треба 1 да презапишеш дали може 6 да имаш или еден ќе мора да оставиш? Некој поискусен на ФИНКИ да ми каже пошто сум прва година и да знам што ме чека...

ако предмето шо не ти е положен(пример од 1 семестар) е услов за друг предмет (пр од 3 семестар) тогаш неможи да го запишиш предметов од 3 семестар , а го презапишуваш овој од 1 сен. Пример ако не ти е положен само Структурно од 1 сем. тогаш во 3 сем. наместо Алгоритми, си го запишуваш Структурно наново.
Доколку не ти влечи предмет, можиш со молба како 6ти предмет. Ама во прва сите предмети освен Калкулус 2 се услов за предмети од втора.
 
Дали може некој да ми прати материјали (предавања, аудиториски и др.) по предметот "компјутерски компоненти" ? Фала. Поздрав
 
Како ќе се полага Бази на Податоци кај МКП теоријата на 4ти февруари кога до 3ти е заверување и запишување нов семестар? Ќе треба и бази да го запишам па после да менувам пријава ? o_O
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom