Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Чорбев или Ѓорѓевиќ е подобар? Мислам за објаснување, за предавање:)
 
Колеги, кој е максималниот број на кредити кој што можам да го запишам?
 
Чорбев или Ѓорѓевиќ е подобар? Мислам за објаснување, за предавање:)
Мене прв семестар ми предаваше Ѓорѓевич, а ќе ми предава и втор. Фактот што само кај него идев на предавање доволно кажува. Не знам како е кај Чорбев, али имам слушано од постарите генерации дека знае да биде заебан на моменти за оценки и испити.
 
И јас уживав кај предавањата на Ѓорѓевиќ, секоја чест, премногу е начитан и премногу знае да објаснува.
Него и за Чорбев ептен пофалби слушнав, затоа и прашав:)
 
Според официјалното соопштение на сајтот на ФЕИТ, 34.5 е максималниот број на кредити што може да се запишат. Ако некој сака да запише повеќе од 34.5, треба да се обрати кај продеканот за настава, а истотака мора да има просек над 8.5.
Линкче тука.
 
може некој да ми објасни што се изучува на КСИА и што би можело да се работи со овој смер??
 
ако речам дека идам електро од догодина, Че ме премислувате???
(не дека че се премислам ама да си прашам)

п.с. не го видов постот пред мојов-.-
сите информации ги има на страната на факултетот www.feit.ukim.edu.mk имаш и кои предмети се полагаат и што се се учи по програма дури и наставните единици
 
може некој да ми објасни што се изучува на КСИА и што би можело да се работи со овој смер??
Бегај од тоа А-то дете додека можеш. :)
Електроника и информатика ОК ама автоматика батали.
 
може некој да ми објасни што се изучува на КСИА и што би можело да се работи со овој смер??
Дете јас завршив на КСИА втора генерација по ЕКТС. И да ти кажам дека се учат убави работи, нови научни методи и техники. Е сега стварно кај нас сеуште економијата не е развиена за да дојдат копмании од типот на HP, Sony, Intel, Opel и сл. ама верувај за странство тоа што се учи на КСИА е топ. Имаш широка палета на дејности во кои можеш без проблем да се снајдеш како што се: производство (секако автоматизирано) секаде каде има сериско производство на лента што се вика, проектирање и водење на проекти од научно-техничка област, фирми за безбедносни системи, контрола на квалитет, фирми што се бават со автоматика и се застапници за Siemens, Omron и други компании. Пак ќе повторам државата ни е таква што тешко се наоѓа работа со она што сме завршиле. Пак на крај ти си одлучуваш. Ако ти оди програмирање запиши се на ИКИ. И ТК не е лош смер (иако е тежок) ама не треба да споменувам за моќта на компаниите како T-Home, T-Mobile, Slovenia Telekom (One), и други помали телекомуникациски оператори и интернет провајдери.
 
Ај ако може некој КСИА-ш да ми каже Елементи на нумеричка математика, 7 кредити е или 6,5? Оти на странава пишува на едно место 7, на друго 6,5.
 
ако речам дека идам електро од догодина, Че ме премислувате???
(не дека че се премислам ама да си прашам)

п.с. не го видов постот пред мојов-.-
сите информации ги има на страната на факултетот www.feit.ukim.edu.mk имаш и кои предмети се полагаат и што се се учи по програма дури и наставните единици
Не, во никој случај. Факултетов е стварно многу убав и просперитетен (барем јас така мислам). Ако се чувствуваш доволно спремен по математика и ако си голем логичар, повели... Одбери го смерот што најмногу ти одговара, тоа што сакаш во иднина да го работиш. Поздрав
 
Ај ако може некој КСИА-ш да ми каже Елементи на нумеричка математика, 7 кредити е или 6,5? Оти на странава пишува на едно место 7, на друго 6,5.

7 кредити е јас мислев дека е 6.5 али од кога запишав семстар(лани) ми имаа запишано дека должам 102денари(пола кредит) па го платив во запишувањето на наредниот. Исто во уверение за положени испити имав напишано 6.5 па на студентски го смениле на 7
:helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom