Факултет - веднаш или после пауза?

  • Креатор на темата Креатор на темата reilin
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 ноември 2012
Мислења
29
Поени од реакции
21
Значи вака,во последен период сум толку преоптеретена со тоа што да правам понатаму во животот,а немам поим што сакам,и се чувтвувам како само да стојам во едно место.Последна година сум средно образование,досегашните оценки ми се одлични,освен една 4ка во прва година.Во врска со тоа на кој факултет сакам да се запишам не знам,можеби повеќе ми оди накај медицина,но можеби.Само знам дека ми е голема желба да студирам во некоја друга држава (во која пак не знам).Затоа би сакала да дознаам нешто повеќе во врска со студирањето во странство,особено во врска со трошоците..Дали ќе може да бркам некоја стипендија,или нешто сл.Мн ми е битно да дознаам за финансиите бидејќи многу сакам да студирам некаде во странство,да видам друг начин на живот,други луѓе,но не сум сигурна дека моите родители би можеле да го издржат тој товар.Поради тоа си мислев да не се запишувам веднаш на фак.,туку прво една година да работам нешто,за да собирам пари,но таа идеја на моите не им се баш допаѓа,ми кажаа да не се секирам,дека тие се ќе средат,но сепак знам дека во тој случај ситуацијата би била многу тешка.Како и да е,би сакала да слушнам нешто во врска со студирањето во странство (финансиите),и некои предлози за факултет,и таа година ако не се веднаш запишам дали подоцна многу ќе значи и сл..
 
Незнам што ќе ти кажат другите форумџии, но јас едно сигурно ќе ти кажам: НИКАКО да паузираш една година за факс. Па и пари да ти даваат, не паузирај една година. Толку од мене, другите ќе ти објаснат повеќе :)
 
Што и да работиш - ако мислиш чесно да заработиш, нема да собереш ни приближно за да студираш во странство. Така да - најдобро ти е да си бараш стипендии од земјата во која би се запишала уште од сега па види каде условите ти се најдобри.
 
Најдобро распрашај се за Словенија, имаме некаков договор склучено со Словенија, демек, ако студираш таму имаш трошоци како ,,домашен,, студент (веројатно се мисли дека се влага во државна квота), меѓутоа не знам за сигурно - распрашај се.
 
Незнам што ќе ти кажат другите форумџии, но јас едно сигурно ќе ти кажам: НИКАКО да паузираш една година за факс. Па и пари да ти даваат, не паузирај една година. Толку од мене, другите ќе ти објаснат повеќе :)
Читајќи го постот нејзин, прво нешто на кое наумив да пишам е ова. Немој случајно ваква грешка да направиш.
 
А зошто не се запишеш за почеток овде, па понатаму со размена на студенти ке отидеш на страна. Мислам и тоа е само мое мислење дека е многу тешко да добиеш стипендија, ама сепак ти распрашај си се, информирај се и на крај краева аплицирај...што знаеш може ке ти се насмевне среката. Инаку,ако направиш пауза...ти отиде навиката за учење...
 
Незнам што ќе ти кажат другите форумџии, но јас едно сигурно ќе ти кажам: НИКАКО да паузираш една година за факс. Па и пари да ти даваат, не паузирај една година. Толку од мене, другите ќе ти објаснат повеќе :)
Јас паузирав 7 години, па никому ништо... Ем полесно ќе го завршиш факултетот, ем ќе се спасиш од еден куп нервози за глупости, ем посериозно ќе те сфаќаат професорите и нема да те подјебаваат за глупости.
 
Значи вака,во последен период сум толку преоптеретена со тоа што да правам понатаму во животот,а немам поим што сакам,и се чувтвувам како само да стојам во едно место.Последна година сум средно образование,досегашните оценки ми се одлични,освен една 4ка во прва година.Во врска со тоа на кој факултет сакам да се запишам не знам,можеби повеќе ми оди накај медицина,но можеби.Само знам дека ми е голема желба да студирам во некоја друга држава (во која пак не знам).Затоа би сакала да дознаам нешто повеќе во врска со студирањето во странство,особено во врска со трошоците..Дали ќе може да бркам некоја стипендија,или нешто сл.Мн ми е битно да дознаам за финансиите бидејќи многу сакам да студирам некаде во странство,да видам друг начин на живот,други луѓе,но не сум сигурна дека моите родители би можеле да го издржат тој товар.Поради тоа си мислев да не се запишувам веднаш на фак.,туку прво една година да работам нешто,за да собирам пари,но таа идеја на моите не им се баш допаѓа,ми кажаа да не се секирам,дека тие се ќе средат,но сепак знам дека во тој случај ситуацијата би била многу тешка.Како и да е,би сакала да слушнам нешто во врска со студирањето во странство (финансиите),и некои предлози за факултет,и таа година ако не се веднаш запишам дали подоцна многу ќе значи и сл..
Не е добро да паузираш, ако не можеш во странство тогаш продолжи одма овде па потоа ако сакаш и имаш шанса можеби ќе продолжиш на втор/трет циклус студии во странство.
 
Добро е да се паузира. Арно би било и да има некое правило, студент да се биде минимум година-две по матурирањето.
Но, тоа би било изводливо во нормална држава, така да, за овде се гледа што побрзо дипломата да се земе за да се дреме по дома, а во меѓувреме да бидат празни бироата за вработување.

Знам, работам со тоа и гледам дека, најдобри и најозбилни студенти се тие кои „малку почекале“ за студирање по средното школо.
 
Да си завршиш на мене, да си се запишиш на време, да си земиш се и мирна глава. Никаква пауза не ти преорачувам. Имаш и на факултет размена на студенти преку лето.учи си факултет и оди си тмау ако веќе сакаш да извадиш некој кеш ако не ти се седи дома, ама пауза никако. Ќе се завлечиш ваму таму ова она, послем ќе те мрзиш да учиш и остана без факултет. Се зема дур ти е пресен мозокот од 13 години учење, никако да не одмараш сеа баш во овој период. А и чим си добра ученичка, добро и брзо ќе го завриш факултетот, и послем прајш што сакаш :)
 
Јас запишав факс пет години по матурата, сега сум трета, топ ми е, сите испити дадени на време, учам ко никогаш до сега и не ми е тешко.
Не знам колку ќе се сложите, но мислам дека е подобро (барем за некои факултети, шознам) да се остави студирањето за подоцна кога ќе се доразвие мозокот, т.е. дасе излезе од адолесценцијата. Еве гледам колегиве (5 год. помлади) на факс многу потешко го контаат материјалот, тешко памтат и сл.. додека јас многу лесно ги капирам работиве, знам од материјалот да го извлечам она што е најпотребно за учење и то. како што кажа и еден член погоре, и самите професори гледајќи ме постар од другите, имаат поинаков пристап кон мене. Мислам дека да студирав пред пет години би ми било многу потешко од проста причина што разликата е голема од паметот тогашен и овој што го носам сега.
 
Јас паузирав 7 години, па никому ништо... Ем полесно ќе го завршиш факултетот, ем ќе се спасиш од еден куп нервози за глупости, ем посериозно ќе те сфаќаат професорите и нема да те подјебаваат за глупости.
Е сега, да си бидиме реални, девојчето си кажа дека поминува со сите 5ки (ете и само една 4ка) и дека сака да студира, ама странство, проблем се финансиите. Ти паузираше од слични причини? :) Aко има желба за студирање, не смее да паузира толкав период.
 
Јас пред 2 години завршив и не се запишав на факултет поради финансиски проблеми, ама желбата не ми замре никогаш од тогаш до сега си работам и си ставам пари на страна, па догодина живи и здрави ќе се запишам. ВО меѓувреме сум стекнал повеќе работни искуства, разни шевови, сум запознал многу повеќе луѓе, било тешко и лесно, но тоа уште повеќе ме мотивира е сега кога си ги заработил сам тешко парите ќе видиш дали нема да учиш или не, дали ќе се залагаш или не, а и уште нешто на 18 и на 20 години не е ист паметот.
 
Јас запишав факс пет години по матурата, сега сум трета, топ ми е, сите испити дадени на време, учам ко никогаш до сега и не ми е тешко.
Не знам колку ќе се сложите, но мислам дека е подобро (барем за некои факултети, шознам) да се остави студирањето за подоцна кога ќе се доразвие мозокот, т.е. дасе излезе од адолесценцијата. Еве гледам колегиве (5 год. помлади) на факс многу потешко го контаат материјалот, тешко памтат и сл.. додека јас многу лесно ги капирам работиве, знам од материјалот да го извлечам она што е најпотребно за учење и то. како што кажа и еден член погоре, и самите професори гледајќи ме постар од другите, имаат поинаков пристап кон мене. Мислам дека да студирав пред пет години би ми било многу потешко од проста причина што разликата е голема од паметот тогашен и овој што го носам сега.

Јас среќа сум само 3 ипол помала од тебе.
Пази се кога ќе ти дојдам, ќе видиш кој капира кој не ;) :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom