Facebook, најмоќната разузнавачка алатка на CIA?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Пффф, се(кој) што успева да достигне толкава популарност, порано или подоцна ќе мора да се соочи со бројни теории на заговор :) Глејте само на Мајки пустиот шо све афери не му извадија.

Мене ми е смешно да размислувам за Фејсбук како за оружје на ЦИА, ама добро, можностите се секогаш присутни. Дури и да е тоа вистина, не гледам како мене ми ја загорчува приватноста. Јас, и сите кои се регистрирале, од старт сме биле свесни дека со отварање на профилов им ја ставаме нашата приватност на тацна на сите оние кои ќе ги прифатиме како пријатели, па и на повеќе. Сеа, кој како може да си се носи со тоа. Ја коа ќе пишам статус дека утре ќе идам у Охрид, знам дека 300 души знаат каде ќе бидам утре, ама тоа е ствар на сопствена волја, ако не сакам да знаат едноставно нема да пишам.
Дури и да има ЦИА пристап до мојот профил и податоците за мене, што губам јас со тоа? :) Дур не напраам некоја беља неам за што да се секирам :icon_lol:

Ќе ми го украделе идентитетот, бла бла... Не ме фасцинираат такви филмски сценарија.
А најпосле, Фејсбук по ништо особено не се разликува од сите други сајтови за дружење. И на Мајспејс, Хи5 и другиве ги оставаш сличните лични информации, а башка никој не ти става пиштол на чело да си го пишеш вистинското име на Фејс. Јас на пример, под псевдоним сум пишана. :toe:
Така ако глеаме, и на форумов може некој да ми злоупотреби лични податоци, ако се решам да ги откријам.
Развојот на технологијата, а посебно ширењето на употребата на Интернет по дифолт подразбира закана за приватноста на сите корисници. Треба да сме свесни за тоа дека напредокот си има и свои маани.
 
Facebukakke is a CIA manhunting device?
Nah,it just makes more money than MyFace,so MyFace is making shit up.

Failbook.png
 
хахаха закон сте нема што... ме изнасмеавте... :pos::pos:

Абе шо ќе и се на ЦИА моите податоци и мојот идентитет кој ни е 50 денари немам у џеб? Што ќе ми украде и што ќе злоупотреби? Нема што да ми го краде идентитетот некој без причина, а и да сака да ми го украде сигурно нема да посегне по facebook кога може на многу поедноставни начини да ги добие сите мои лични податоци и информации, а не само име и презиме и години што сум напишала на facebook...
Ако сака ЦИА да краде нечиви податоци може и преку myspace и било кој друг профил кој поединецот го има отворено. Демек името и презимето се битен фактор за дознавање нечиви информации.
 
Моето име и презиме го имаат уше 10000 души у светот. не само моето туку и на другите. од кај циа баш ќе знае која сум ја
 
Чим нас ни падна во ум ова информација , верувајте ми дека CIA нема врска facebook !
Поздрав.
 
Па и да ги има циа моите податоци тоа не ми смета воопшто...тоа е сериозна агенција на која ништо не и значат неколку мои фотки или датум на раѓање и сигурно нема да ги злоупотреби.И подобро да ги има циа отколку некој крадец,манијак или педофил што се однесува до мене.И ако тоа овозможува да се фатат некои од претходно споменативе зошто да не?На циа не и требаат податоци од нас "обичните луѓе".:toe:
 
Да де, за тие што се бават со меѓународен криминал и тероризам, да можат да си стават лична адреса и слики со наслов-Јас на нивата со кока, или јас со Осама Бин Ладен на Авганистанско езеро лето 2009-то или клипови со другарчињата како си поминале добро на ограбување банка па така да може ЦИА да ги следи.
 
Интернетот не е направен од армијата на САД од каде па сега ова?:pos2::pos2:

http://en.wikipedia.org/wiki/Internet#History
Убаво е напишано и опишано, ако разбираш англиски ќе сфатиш :)
Сите големи изуми во поновата историја се дела на армијата на чичко сем, руската армија, и чат пат формула 1 и некои слични.
да бе на циа ќе и биде гајле дали ја играм покер, дали сум во врска, дали имам 100 пријатели....воа се живи глупости

За тебе не, но жената на шефот на британската служба за контраразузнавање на својот профил ставила податоци за своето семејство и слики од летниот одмор. И двајцата веднаш биле префрлени на сосема трети работни места.


Фејсбук профил направив уште на времето кога ФБ беше во формирање. Ми го препорача девојка од русија со која се најдов на ICQ. Таа работи во американска компанија и моментално живее во Париз.
Целта на сите агенции за разузнавање е да знаат што повеќе за народот, и не бираат начини и средства за да го остварат тоа. Ова со ФБ им е дојдено ко кец на десетка.

Е сега прашањето е дали ќе дозволите на ефтин начин тие да дојдат во контакт со податоци за вас. Добар дел од народот е ситна боранија и претставува само уште некој килобајт на серверот, меѓутоа ова е и начин да се види што мислат одредени социјални структури по одредени прашања. Колку се луѓето задоволни од работата на владата, претседателот. Каква музика сакаат нивните уши, па да знаат музичките компании што да сервираат за следната сезона Топ 40 на британската и американската топ листа. Можностите се неограничени.

Додека некои се молат свртени кон икона, Мека, Буда или што и да е, некои ревносно штракаат на тастатура зјапајќи во ФБ.
 
Gee, good thing I'am clean like.. for like, year or so.

Месенџерот е од марсовците. The catch is in the secret questions. :nerv::nerv::nerv::nerv:
 
Според мене мислам дека никогаш нема да им притребаат мојте лични податоци...а тоа да ти прават лажни профили употребувајќи твои податоци го прават луѓе кои што немаат попаметна работа у животот...
 
http://en.wikipedia.org/wiki/Internet#History
Убаво е напишано и опишано, ако разбираш англиски ќе сфатиш :)
Сите големи изуми во поновата историја се дела на армијата на чичко сем, руската армија, и чат пат формула 1 и некои слични....

OK, ќе се прочита и ова. Али колку што јас знам и имам негде прочитано(не ми текнува каде), интернетот е создаден од страна на ЦЕРН за да после се прошири на глобално ниво низ целата земја.:toe:
 
cia превзема информации од facebook дада цццц.....

Facebook i CIA какви се тоа глупости, нема благе везе али ај...која е логиката CIA за превзема информации од Facebook...па секоја полиција во светот си имаат заедничка соработка они меѓу нив си соработуваат...името презимето матичниот број ЈАС кој што сум никој и ништо можам да го дознам ама на било кој АКО се заинтересирам за нешто некој или некоја, не па CIA ќе чека она од Facebook да добие информации глупости. Facebook си е измислен за дружење пронаоѓање пријателства стекнување нови пријателства обнова на некои стари пријателства крај краева наоѓање девојка/дечко кој што би ти одговарал. За тоа си во право дека треба да се внимава какви слики се става и некои лични работи не се делат со сите....знаеш зашто зашто некој од твоите пријатели може некогаш да те уценува или да ти наштети, како што гледам има девојки повеќе девојчиња што ставаат ама ептен разголени слики е тоа на пример би било невкусно доколку еве на пример тие слики дојдат да ги видат мајкаи и таткои...замисли имате ќерка од 14-15 год таман почнале цициња да и раснат она брат по тангички мангички сликана нешто со другарки се бацуваат I kiss the girl ти текнува е за тоа да тоа е глупост али за се друго брат ако на ЦИА и користат моите слики што ги имам ставено како јадам ќебапчиња во село Раштак покрај река алал да им е...ново време нови технологии мора да се привикнеш, умре времето на писма и гулапчиња писмоносци дојде времето на Facebook...шта је ту је :helou:

 
Немам гаље имам антивирусен програм од КГБ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom