Видов една статија од навивач на Ливерпул, како Хауард Веб повторно судел против Ливерпул, а во корист за Арсенал. Да ве потсетам дека тој истиот судија пред 5 години му даде црвен картон на Адебајор, во 50та минута, за апсолутно непосточеки прекршок, му даде и црвен на Ван Перси пред 3-4 години на Емирати. Така да, немат врска муабетите. Видов еден весник, англиски, како пишуваше дека Ливерпул биле оштетени, да, но и дека Арсенал не доби чист пенал, според сите фудбалски правила. Исто пишуваше дека Подолски требало да добие жолт, со што се слагам, но пишуваше дека и Џерард заслужи црвен. Ако на негово место беше Фланаган, ќе го добиеше. Исто пишевте дека за првиот старт Фланаган доби жолт, а како да заборајвте дека во петта минута Монреал доби прв жолт на мечот. Но во ред.
Ливерпул и Арсенал и двата тима беа оштетени, но Веб компензираше. А као нешто не отвориле пред 7 дена, во ред, точно, но повторно сме пред Ливерпул на табелата, со еден бод помалку од првиот тим и во четврт финале на ФА купот. Играја со тим кој ретко добива шанса, од кој и еден дебитант сезонава, и повторно победија и го исфрлија тимот кој ги отвори пред 7 дена. Не знам кој е поголем губитник, дали Арсенал или Ливерпул.