Евровизија 2016 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување
Jaс сум за наредна година да идат пак Next Time на Евровизија. Ако можат Калиопи и Каролина двапати зошто да не и браќава. Мислам дека ќе направат подобра песа од онаа глупана Нешто што ќе остане.
Неможеш да ги споредиш Каролина и Калиопи со Некст Тајм. Не дека Некст Тајм се лоши, но далеку се од некој спектакл, шоу бизнис и квалитет кој Евровизија го бара.
 
Неможеш да ги споредиш Каролина и Калиопи со Некст Тајм. Не дека Некст Тајм се лоши, но далеку се од некој спектакл, шоу бизнис и квалитет кој Евровизија го бара.
Jaс не споредувам туку сакам да кажам дека ако некој у случајов Калиопи и Каролина од државава можат да одат два пати на Евровизија дај нека изберат наредна година уште некој што бил еднаш. Ете јас мислам дека Next Time се супер бенд, мислам дека ќе направат нешто интересно и не мора секогаш којзнае каков спектакал доволно е некогаш и добар глас, добра песна.
Сепак и јас се сложувам дека треба и шоу бизнис, треба покрај на сцена да се покажеш и таму со луѓе, на интервјуа да знаеш добро англиски, секогаш интересен, опуштен и забавен.

Каролина и Калиопи се супер пеачки. Каролина првото нејзино евровизиско појавување имаше одлична песна, вториот пат малку утна со глупости песниче. Калиопи и двете песни и се добри но искрено Дона мене ми е стопати подобра од Црно и Бело.


Туку еве делче рефренот од песната на Србија но испеан на суво т.е акапела
 
1996 не беше на Евровизија. Победи на Скопје фест со „Само ти”, ја пратија песната, но по гласање на некоја специјална жири комисија, според тогашните правила, беше одбиена. ;)

Јас па се си мислам дека беше...Ок грешка сум била.
 
Само колку за споредба колку ние придаваме важност на настанов (специјална емисија од 2 часа, во ударен термин, на првата програма на МТВ, снимени прилози, кратки пораки од сите до сега избрани учесници...), наспроти Хрватска која утрово ја презентираше нивната песна во 12:00 часот на хрватското РАДИО 2. :pos:

BTW, на неслушнато на ништо останато, и плус - иако со многу слаб квалитет на звукот, само надопполнето со некој прикладен сценски настап, ова мене ми личи на фаворит за победа, а ретко грешам кога станува збор за Евровизија. ;) Хрватска се враќа на старите патеки, од 90-тите кога речиси секоја година беа во ТОП 5. Браво за нив, браво за девојчево (минатогодишната победничка на хрватскиот The Voice, Нина Краљиќ). :aplauz:

http://www38.zippyshare.com/v/hqnj6R83/file.html

EDIT: А, еве и убаво аудио објавија:

А еве и по коментариве се гледа дека засега ова е фаворит бр. 1 за победа!
 
Последно уредено:
На Босна не е лоша, добра комбинација направиле со рап делот

 
Ја слушнав песната само еднаш, и можам да речам дека е онака просечна. Може да влезе во финале ако со нас имаме во истата полуфинална вечер пријателски земји што би гласале за нас (ова е сепак многу битно). Не е песнава по мој вкус, ама не ја хејтам, пошто не е катастрофа од типот на XXL, Русинка или Есма и Лозано. Инаку, ако догодина се бира претставник без фестивал, јас би го пратил Ристо Самарџиев. Не за друго, човеков сто пати има пробано, и никако не отиде на таа Евровизија.
 
Распоредот на настапи во однос на полуфиналните вечери.....

Прва полуфинална вечер:
Арменија, Австрија, Азербеџан, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Чешка, Естонија, Финска, Грција, Унгарија, Исланд, Малта, Молдавија, Црна Гора, Русија, Сан Марино и Холандија.

Втора полуфинална вечер:

Албанија, Австралија, Белорусија, Белгија, Бугарија, Данска, Македонија, Грузија, Ирска, Израел, Латвија, Литванија, Норвешка, Полска, Романија, Србија, Словенија, Швајцарија и Украина.

Финале:
Франција, Германија, Италија, Шпанија, Шведска и Велика Британија.

:)
 
Па добро, можеме да се надеваме на гласови од Србија, Албанија и Словенија. И Бугарија ни дава бодови, ама ситно. Евентуално би можеле да земеме нешто и од Романија и нешто ситно од земјите од бивш СССР, а и од Швајцарија добиваме еден или два поена (заради нашите иселеници).
 
Па добро, можеме да се надеваме на гласови од Србија, Албанија и Словенија. И Бугарија ни дава бодови, ама ситно. Евентуално би можеле да земеме нешто и од Романија и нешто ситно од земјите од бивш СССР, а и од Швајцарија добиваме еден или два поена (заради нашите иселеници).
Па и нашите од Австралија ако не гласаат срамота би било.
 
РТС - Радио телевизија Србија вечерва ја презентираат претставничката со емисија исто слично како онаа на МРТ со Калиопи само што РТС има подобри студиа и тоа изгледа подобро.

Иначе они додека оди шоуто имаат и превод на англиски затоа што оди и пренос стрим на официјалниот сајт на евровизија.[DOUBLEPOST=1457818055][/DOUBLEPOST][DOUBLEPOST=1457818123][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:
РТС - Радио телевизија Србија вечерва ја презентираат претставничката со емисија исто слично како онаа на МРТ со Калиопи само што РТС има подобри студиа и тоа изгледа подобро.

Иначе они додека оди шоуто имаат и превод на англиски затоа што оди и пренос стрим на официјалниот сајт на евровизија.[DOUBLEPOST=1457818055][/DOUBLEPOST][DOUBLEPOST=1457818123][/DOUBLEPOST]

Англискава многу ми се свиѓа и е една од подобрите песни за на евровизија(ако пее на ангслики)ама преводов од српски на ангслики не да бега....
 
Еве ја и на домаќините и одма прв фаворит по некои кладилници.
 
Па добро, можеме да се надеваме на гласови од Србија, Албанија и Словенија. И Бугарија ни дава бодови, ама ситно.
Словенија ништо повеќе не ни дава од Бугарите. Само Србите и Албанците нешто поасално ќе ни дадат и толку. Според мене мали ни се шансите да пројдеме во финале, а и тие шанси ни се пошто конкуренцијата е слаба, а не дека нас песната ни е за во финале. Тапа е, стварно очекував многу повеќе...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom