Европско Првенство 2013 - Словенија | генерална тема |

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Е ова е екипиште. На почетокот загубија од Србија и од Босна и играа топло ладно. Прво мислам дека во ротација на првенство користеа 11 играчи. Второ без Американец се во тимот па видете сега кај сме ние а кај е Литванија. Во континуитет да не заборавиме играа Олимпијада лани, сега финале па догодина директно пласирани на СП и преку следна година на ЕП. Тоа што еднаш ги победивме ќе се памети вечно, ама не можеме ние со вакви екипишта. И Хрватска со години беше во врвот па имаше пад, сепак и тие се на едно високо рамниште заедно со Србите иако немаат резултати последниве години. Плус Шпанија, Франција па тука се и Словенците без Американец долги години во врвот.. Грците и Русите се распаднаа на првенствово овие првите па со доста искусен состав беа лесно елиминирани...


Ееее а кога ќе ми текни пред првенството само јас и уште 2-3ца имавме доверба во Литванија, сите ги омаловажувавте демек слаби биле... Еве колку се слаби... Се враќам наназад, се паѓам во смеа што се не е изнапишано од еден куп "експерти".

А инаку, точно, јасно е кои екипи се кремот на европската кошарка. И уште појасно е дека екипите со најголема длабочина, кои најмногу ги одмараа своите играчи стигнаа до завршницата. Ама пак ние по 30+ минути главните играчи...
 
Како си играат во континуитет. Отпаднаа во Литванија на домашен терен од нас, сега ќе играат во финале. Квалитетни се, многу.
Мислам дека ќе играат со Шпанија во финале, а со оваа Шпанија можат да се носат. Марк и Руди да се неутрализираат, не мора којзнае колку, затоа што и не може и ќе бидат шампиони. Барем јас навивам да бидат.


Не се само Марк и Руди. Тука е и Родригез кој одлично игра првенствово. Руди и Марк изгазија против Грција, ама тогаш го немаше Родригез, Калдерон играше место него. Дисциплинирано игра Литванија, ама мислам дека ако вечер пројде Шпанија, тогаш не може да се сопре да дојде до златото.
 
Ееее а кога ќе ми текни пред првенството само јас и уште 2-3ца имавме доверба во Литванија, сите ги омаловажувавте демек слаби биле... Еве колку се слаби... Се враќам наназад, се паѓам во смеа што се не е изнапишано од еден куп "експерти".

А инаку, точно, јасно е кои екипи се кремот на европската кошарка. И уште појасно е дека екипите со најголема длабочина, кои најмногу ги одмараа своите играчи стигнаа до завршницата. Ама пак ние по 30+ минути главните играчи...

Добро бе експерт што да ти кажам не знам... Ние за Литванија тука уште во 2011 имаме зборувано оти е една од најдобрите селекции што постојат и што е во континуитет со успеси на првенства... И пред поразот нивни од нас и после него. Како и да е заслужено се во финале.
 
Само да се заустават Гасол, Родригез, Фернандез, Рубио, Калдерон и ќе биде ;)
 
Литванија станува шампион на Европа. Македонија ја победи Литванија пред 2 години. Македонија најдобра во Европа.

ееее колку ми е криво што не играме во 1/2 финале пак :place:
 
Литванија станува шампион на Европа. Македонија ја победи Литванија пред 2 години. Македонија најдобра во Европа.

ееее колку ми е криво што не играме во 1/2 финале пак :place:

А Босна не победи и нас и Литванија на првенство а испадна. И ај сега :)
 
А Босна не победи и нас и Литванија на првенство а испадна. И ај сега :)

Андора не победи во фудбал, а фудбал>кошарка така да Андора е најдобар европска селекција во кошарка моментално.
 
Добро бе експерт што да ти кажам не знам... Ние за Литванија тука уште во 2011 имаме зборувано оти е една од најдобрите селекции што постојат и што е во континуитет со успеси на првенства... И пред поразот нивни од нас и после него. Како и да е заслужено се во финале.


Не се лути не е конкретно кон тебе насочено едноставно твојот пост ме потсети за се она што се пишуваше изминативе 2 месеци.
 
Шпанија - Паркер :)

другиве голем очај скоро цело првенство Желабал и Батум ништо не играат..
 
Fear the beard...упс за Харден беше тоа :icon_lol:
Ако не се избаци некој од Французиве да му помогне на Паркер ништо не прават.
 
Ова презимево Ажанса ми е ненормално смешно. Ажанса бе :pos:
 
Уствари Франција е новата Македонија на Европско, само со Паркер наместо Бо.:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom