Eвропско првенство 2012 - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион?

  • Германија

    Гласови: 150 39,5%
  • Шпанија

    Гласови: 62 16,3%
  • Холандија

    Гласови: 52 13,7%
  • Италија

    Гласови: 48 12,6%
  • Англија

    Гласови: 38 10,0%
  • Франција

    Гласови: 17 4,5%
  • Португалија

    Гласови: 13 3,4%

  • Вкупно гласачи
    380
Ќе биде интересно првенство има предобри репрезентации.
Германија
Холандија
Шпанија
Англија
па и Италија..

Традиционален навивач сум на Холандија,но типувам на швабите овој пат.
Иначе многу глупо е ова што домаќините се во прв шешир,малку им е што се поштедени од квалификации уште за у прв шешир се :confused:
 
Германија ми е фаворит. Имаат страшен тим. Конечно треба да го освојат европското...ова им е една од подобрите генерации .. жалосно ако не се закити со некој трофеј.

Шпанија ко Шпанија. Најак состав имаат моментално но како ќе изиграат ќе видиме. Осеќам дека ќе пукне тиквата на оваа европско...а и доста им е :icon_lol:

Остали бош екипи! :pos:
 
Од кога знам за себе навивам за Франција на сите натпреварувања.Ама оваа година ќе ми бидат онака симпатичен тим и би сакал да отидат што по далеку иако знам дека ќе разочараат како на СП лани.Но дефинитивно ќе си навивам за Италија.Ги гледав 90% од натпреварите во овој квалификациски цилкус и морам да признам дека имаат одличен тим и дека знаат да одиграат на резултат.Очекувам Италијанците да изненадат иако се отпишани.Имаат млади играчи,свежа крв и очекувам да ја поминат лесно групата,а потоа во нокаут фазата да се "влечат" како на СП пред 5 години.Балотели,Маркисио,Де Роси,Роси(ако се врати)Бонучи,Ранокиа,Абате/Маџо,Киелини,Касано(исто така ако се врати)па и Монтоливо,Аквилани,Матри и Пацини не се за потценување.И се тоа под диригенската палка на маестро Андреа Пирло:D.Ќе биде интересно...
 
Навивам за Хрватска и Холандија.
Нека се смени малце не е интересно се едни исти. Иначе криво ми е Турција што не се пласира!
 
Мислам дека Шпанија ќе изигра едно бледо првенство... Во подготовкиве се очајни едвај со Коста Рика, иако тоа не значи дека ќе бидат слаби и во Полска и Украина сепак мислам дека е редно време за оние што подолг период не успејаа да стигнат до финале, додека Шпанциве по обединување на титулите на светско и европско полека ќе почнат да тонат и лесно ќе бидат елиминирани.. Како конкуренти ги гледам Германија, Италија, Англија и можеби Холандија. Изненадување на првенство е можна Хрватска која има страшен состав и спремен да стигне далеку ако им се поклопат многу работи.

Инаку најголемата глупост на УЕФА засега е Полска и Украина да се влечат од прв шешир и се можни многу силни групи па дури и предност ќе имаат аутсајдерите.

пример група
Шпанија
Италија
Англија/Португалија
Франција
 
Замислете група.

Шпанија
Италија
Грција
Ирска

group of debt!:pos:
Нема шанси........мора место една од овие земји да се падне Германија.................. Сепак треба некој да го плати хотелскиот смештај и превозот за другите репрезентации.:D
 
Германија според мене освојува. Страшни се швабине во секој поглед.
И време е и тие нешто да освојат.
 
Италија шампион (y)
it-lgflag.gif
 
Не би било интересно пак Шпанија ама не гледам репрезентација што ќе ги тепа.:D
 
Коста Рика не игра па сега лесно ќе им е на Шпанците :D
Рано ми е за дискусија па само така си напишав сеирски како Европски и Светски првак.Инаку ако почниме да збориме озбилно, првото што ќе го напишев е дека таа Германија( признавам дека после Шпанија се најјаки и имаат доста млад тим кој допрва би газел) која ја гази една Аргентина на натпреварите со Шпанија( финале ЕП и 1/2 финале СП) шанса вистинска не створи.;)
 
Ќе има јаки групи.Навивам за Шпанија ама мислам дека Германија ќе го освои првенството а тука негде се и Холандија.Франција и Италија ќе изиграат добро на првенствово
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom