Европа е во тешка криза

  • Креатор на темата Креатор на темата viktora
  • Време на започнување Време на започнување
Шо туку паничи европа, ако веќе биле спремни да и простат пола долг (околу 150 милијарди евра) и да и дадат помош од 120 милијарди евра, значи вкупно 270 милијарди евра (башка до сега дадени пари, можат комотно да ја чкртнат грција од ЕУ и на сите да им олесни и да си ги заштедат парите или со тие пари да и помогнат на многу побитната Италија или Франција а грците нек прат референдуми, гласања нек си го средат живото како мислат дека им е најдобро. Шо е то шо Грција го има а да му е од стратешка важност на Европа за да ете мора по цена на пропаст и криза во цела ЕУ ги спасуваат?? Едноставно нек и дадат отказ нек и дадат пусулче колку борчат и полека нек си враќаат долгови во следни 2000 години
 
Муабетов со најавава за референдумот е : Рани куче да те лае. Значи ај да ги разберам да имаат друга алтернатива, па да си го дозволат луксузот да размислуваат и да бираат. Човече, навистина не знам од каде им е таа дрскост и арогантност да се однесуваат вака, како да не им требаат тие пари.
И навистина не знам која им е другата алтернатива, затоа што кога правиш референдум, мораш да имаш две алтернативи кои ќе ги имплементираш во однос на исходот на референдумот.
Они немаат луксуз и право да избираат, не се во таа позиција. Тие моментално се наоѓаат во to be or not to be/ бити ил не бити ситуација, така што единствениот излез им е дај шта даш, а не да се умислуваат и уште паметни да глумат.

Европска Унија... едноставно е унија која е мува без глава. Без никаков концепт и без никаква заедничка визија. И ние сакаме во овој жив песок да влеземе. Башка, таму се се одлучува по принцип на концензус. Поглупава работа во историјата на политиката немало, нема и ќе нема. Као демек 20икусур земји сите исто мислат. Ха. ХА. ХА
 
Според извештаите од Атина, Папандреу е готов.

Сега прашањето е дали воопшто ќе има референдум дури и да остане на власт, бидејќи нема да има потребните гласови во парламентот, а може да му бидат потребни 180 гласа наместо 150+1 за референдум во зависност од тоа како ќе биде формулирано прашањето (ако е од посебно општетверно значење).

Прашањето ќе одреди колку луѓе ќе излезат на референдум. Некогаш се потребни 40% за да има валиден резултат, иако според правилата 50%.

Рековме многу пати досега, кој не ги знае грчиштава, скапо ги плаќа...
 
Грчката Влада го поддржа Папандреу - Референдум ќе има
7F0C4692EE46C34E84F7BE7A909BF7EA.jpg


Грчката Влада го поддржа предлогот на премиерот Јоргос Папандреу за одржување референдум за договорот за помош со Европската унија, соопшти портпаролот на Владата Еилас Мосиалос.

- Кабинетот изрази поддршка. Референдумот ќе биде одржан веднаш штом бидат формулирани основи на тој договор, изјави Мосиалос по седумчасовниот состанок на членовите на Кабинетот.

Дел од министрите по состанокот изјавија дека ја критикувале таа одлука, но се одлучиле да ја поддржат Владта пред гласањето доверба во парламентот што треба да се одржи в петок.

Папандреу во понеделникот соопшти дека ќе распише референдум за договорот со ЕУ како и дека ќе бара пратениците да гласаат за доверба на Владата. Група пратеници од ПАСОК побара вчера оставка на премиерот тврдејќи дека со неочекуваната најава за референдум го загрозил најновиот договор за помош со ЕУ.
 
Грчката Влада го поддржа Папандреу - Референдум ќе има
7F0C4692EE46C34E84F7BE7A909BF7EA.jpg


Грчката Влада го поддржа предлогот на премиерот Јоргос Папандреу за одржување референдум за договорот за помош со Европската унија, соопшти портпаролот на Владата Еилас Мосиалос.
- Кабинетот изрази поддршка. Референдумот ќе биде одржан веднаш штом бидат формулирани основи на тој договор, изјави Мосиалос по седумчасовниот состанок на членовите на Кабинетот.
Дел од министрите по состанокот изјавија дека ја критикувале таа одлука, но се одлучиле да ја поддржат Владта пред гласањето доверба во парламентот што треба да се одржи в петок.

Папандреу во понеделникот соопшти дека ќе распише референдум за договорот со ЕУ како и дека ќе бара пратениците да гласаат за доверба на Владата. Група пратеници од ПАСОК побара вчера оставка на премиерот тврдејќи дека со неочекуваната најава за референдум го загрозил најновиот договор за помош со ЕУ

And so it begins.
 
Уште полошо ке ги снаjде, ако државите от еврозоната сопрат да изполнуват своите обрзки ком нив и не им опростат 50% от долговите + ги принудат да вратат драхмата+не им дадат повеке пари и ги остават да фалират неконтролируемо. Това ке е крах на Грциja.
Ставете некоja пара настрана Грциja ке продава се и сешто.

Така е пари на страна да купуваме гркикнки.
 
Не знам што чекаат, што не ги избркаат од ЕУ, многу ја тупат.
 
Не знам што чекаат, што не ги избркаат од ЕУ, многу ја тупат.

Па нормално дека ја тупат,ова е шпанска серија,мора да има многу епизоди,со малку ништо не се прави.
 
Вечерва Меркел и Саркози ќе го карале чичко Папандреу, го викнале во Кан да им се исповеда што и како смислил, ке го убедувале да ја прифати помошта од планот што го смислија,
Утре ќе видиме со каква приказна ќе излезат,
Само не ми е јасно, зошто ЕУ не го гледа или не сака да ја види гредата во своите очи - Гејлада
Зошто упорно и упорно се обидуваат да го сокријат неизбежното, а тоа е БАНКРОТ
 
Целата оваа заврзлама ќе заврши или со распад на еврозоната или со трансфер на суверенитетот на земјите членки во органите на ЕУ..Постојат и други опции ама овие две ми се најверојатни.
 
Не ми е јасно кој стои позади Грција, овие се двојни играчи.
Дали САД преку Грција го растура еврото.
Ама ММЕ, па бе ние подебелиот крај ќе го влечеме, овие се пазарат со сите.
 
Вечерва Меркел и Саркози ќе го карале чичко Папандреу, го викнале во Кан да им се исповеда што и како смислил, ке го убедувале да ја прифати помошта од планот што го смислија,
Утре ќе видиме со каква приказна ќе излезат,
Само не ми е јасно, зошто ЕУ не го гледа или не сака да ја види гредата во своите очи - Гејлада
Зошто упорно и упорно се обидуваат да го сокријат неизбежното, а тоа е БАНКРОТ
Тоj банкрутот е jaсен веке прашане е дали да биде контролиран или не контролиран и дали ке запазат еврото или ке си вратат драхмата.
 
Замената на валутите веројатно ќе повлече ограничување на сумата која може да се извади од банка, дополнителна контрола во менувачниците, а слободното движење во Шенген зоната веројатно ќе треба привремено да им биде ограничено на Грците.
Економски гледано вредноста на драхмата сериозно ќе падне. Цената на Мерцедес во Атина нагло ќе скокне, но цената за потшишување или за храна нема одма да се качи.
На крај, ваквиот исход би исклучил каква било потреба од контрола од централната банка на ЕУ и сите успеси би биле резултат на само-дисциплина.
А колку Гејците знаат што е тоа самоконтрола тоа веќе видовме:vozbud:
 
Од ден на ден се си мислам дека Папандреу е платен од ЦИА....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom