Јас стварно мислев дека второво би било појакото полуфинале, но да се поправам.
Нашава, за разлика од многу други, бар не пееше фалшови цело време. Океј си испеа, дури и сценскиот настап не беше нешто утка ко секогаш што ни е. Оној од Полска вода може да и носи за фацијалните експресии, типот цела песна беше пред плач и со затворени очи, ми скурчи и песна и тој уште првата минута. После сите гнасотии што и ги испишаа нашиве патриоти, пола со бугарски пасоши в џеб за знаменцето, топ не претстави. Се надевам искрено дека одгодина стварно ќе се држат со збор овие непрофесионалците од мтв и никој нема да оди од кај нас, да го претставува овој прекрасен, неогорчен на се живо и што мрда, народ.
Друго ништо посебно не ми се издвои, што дури и каубоецот ми стана симпатичен со гитарата. Од Естонија мислам беше.
Србија ми е скроз спласнат впечатокот уште толку после настапот. Се надевам нема да победи со шљапкањето ко скил само.
Франција после неколку слушања ми стана интересна, заедно со Украина тие ми се двата фаворити.