Мечов го почнав ко фан на Италија, уште од старт бев за нив, симпатична екипа и одлична игра имаат ама денеска заврши, какво дно пробија само со глумењето по терен. Обично немам проблем со ова, посебно кога се работи за инфериорна екипа на терен која нема многу шанси и прилики е под константен притисок па губи време и го ремети противникот со такви потези ама кога играш подобра утакмица, кога цел меч ги доминираш на две страни и средина и водиш, не знам што да кажам, се работи за класично пичкарење по терен. Се надевам карма гледаше утакмицава и ќе ги стигне, посебно Имобиле дебилот, ништо не изигра, апсолутен блам од играч, земал се валка, фолира у 16ник, даваат гол, станува ко ништо да не било.
Секоја чест за фудбалското на мечот од Италија, одлично поставена игра, без многу комплицирање, убаво за око и полни со самодоверба само што сами си ставија дамка на себе со театралните перформанси. Криво ми е за Спинацола, беше еден од топ3 играчи на Италија на европсково, криво е ми ако се повредил сериозно, се надевам ќе се врати али изгледа дека е завршено за него.
Белгија, Белгија. Чоукери класични, по кој пат. Не го сфаќам високиот рејтинг, нити па го сфаќам Мартинез. На таква екипа и играчи, полна техничари, играш како да го менаџираш ебан Вест Бром, по крило и долги топки према Лукаку. Не ни заслужија повеќе, плус би сакал да знам зошто Вермален игра, подобро денес да не играше, многу лоша утакмица мада генерално не знаеа кај тераат на терен, одбраната убедливо една од најлоши што имам гледано а да стигнат до ова место.