Интересно текстче на темава...
Груевски го „цеди” првото писмо
Леонид Брежњев
Никола Груевски
Инцидентите во училиштата во Струга се стари најмалку пет години и се последица на Законот за територијална организација што го донесе СДСМ, а ние предупредувавме на можните проблеми. Вака денеска премиерот Никола Груевски го прокоментира воведување етничка сегрегација во струшките училишта.
Оваа изјава на премиерот, кој во последно време сѐ поретко се осмелува да ги коментира натежнатите проблеми во земјата, е во добро познатиот манир на оваа власт - за сѐ да се обвинат претходната власт, лошите соседи и неповолните глобални трендови. Така се објаснуваат катастрофалните резултати во економијата, зголемената сиромаштија и сите други проблеми се кои се соочува Македонија.
Овој манир ме потсетува на една интересна, добро позната анегдота. Своевремено, кога советскиот лидер Леонид Брежњев го наследил Никита
Хрушчов, од својот претходник добил две писма, со прецизна препорака: „Кога ќе ти биде тешко, кога нема да има друг излез, отвори го првото писмо и послушај го советот. Ако тоа не помогне, тогаш отвори го второто писмо”.
И така, кога Брежње се соочил со големи проблеми, го отворил првото писмо. Таму пишувало: „За сѐ што не чини во земјата, обвини ме мене, твојот претходник”. Брежњев радосно го послушал советот и извесно време бил раат. Но, проблемите пак се појавиле и дошло време да се отвори второто писмо. Во него пишувало: „Седни и напиши две писма”.
Груевски веќе долго, предлого време го „цеди” првото писмо… Наместо тоа, подобро е да ги засука ракавите и да ги реши проблемите во Струга. Централната власт е во негови раце, локалната власт е во рацете на Ахмети - ако тие двајцата сакаат, мирот и спокојството во Струга може да се вратат за 24 часа.
извор