ЕП во ракомет 2012 - група Б (Ниш)

  • Креатор на темата Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување Време на започнување

Кој три репрезентации ќе одат во втората фаза?


  • Вкупно гласачи
    193
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Коефициентот за победа против Шведска е 6.00.
 
ЧЕШКА: Ночар, Витек 0/1, Врањи 2/2, Кубеш 1/3, Мотл 3/3, Јиха 3/13, Филип 3/5, Собол 2/3, Хорак 3/8, Мраз, Галиа једна одбрана, Јуричек, Стехлик 2/4, Хињак, Скленак 2/3, Штохл 13 одбрана

Загубија повторно Чесите од Србија, овој пат со помала разлика, 26-21 беше конечниот резултат..
Незнам оти толку се фура селекторот нивни, не се ништо посебно..
 
ЧЕШКА: Ночар, Витек 0/1, Врањи 2/2, Кубеш 1/3, Мотл 3/3, Јиха 3/13, Филип 3/5, Собол 2/3, Хорак 3/8, Мраз, Галиа једна одбрана, Јуричек, Стехлик 2/4, Хињак, Скленак 2/3, Штохл 13 одбрана

Загубија повторно Чесите од Србија, овој пат со помала разлика, 26-21 беше конечниот резултат..
Незнам оти толку се фура селекторот нивни, не се ништо посебно..
Ахахаха. Добар Јиха добар дури 3 гола успеал да дај од 13 обиди реализација 25 %
 
Ахахаха. Добар Јиха добар дури 3 гола успеал да дај од 13 обиди реализација 25 %
Па не е лесно да му се даде гол на Дарко Станиќ :D Дај да не се силиме вака на пријателски, дај да ги решиме наредната недела и да им ги затвориме устите. Нека биде прво скокни па кажи оп. :)
 
Да не знае некој колку е повратна карта со воз до Ниш ? Односно тој возот што трга недела сабајле во 8:30 а се враќа наредниот ден сабајлето во 7 ?

920 денари ти е картата до Ниш
Воз од Скопје за Ниш имаш во 8:20, во Ниш негде стигаш во 13:20, после вечерта имаш од Ниш за Скопје од таму трга во 2:50, Скопје стига 7:50
 
Шундовски го презентира списокот патници за ЕП

По вчерашниот тест дуел со спаринг селекцијата составена од ракометари на двете наши најдобри екипи, Вардар Про и Металург, селекторот на македонската репрезентација Звонко Шундовски денеска од 12:30 часот на финалната прес-конференција во хотелот „Александар Палас“ треба да го соопшти списокот на 16-те патници кои ќе ги бранат црвено-жолтите бои на престојното Европско првенство во Србија.

Сепак, според последните информации веќе познати се имињата кои ќе бидат дел од македонскиот тим на собирот на најдобрите на Стариот континент. Според изборот на стручниот штаб за натпреварите на ЕП, од ракометарите кои минаа низ подготвителниот цуклус отпаднааа Кукоски и Митревски, па веќе искристализиран е списокот од 16 репрезентативци.

Според изборот на Шундовски боите на Македонија во Србија ќе ги бранат:
ГОЛМАНИ: Петар Ангелов (Металург), Борко Ристовски (Вардар ПРО)
КРИЛА: Стевче Алушовски (Металург), Дејан Манасков (Металург), Владимир Темелков (Башараж), Златко Мојсоски (Металург).
БЕКОВИ: Бранко Ангеловски (Констанца), Филип Лазаров (Вардар ПРО), Велко Маркоски (Металург), Ацо Јоноски (Металург), Наумче Мојсоски (Металург), Филип Миркуловски (Металург), Кирил Лазаров (Атлетико М), Влатко Митков (Бармбах)
ПИВОТИ: Ванчо Димовски (Металург), Стојанче Стоилов (Вардар ПРО)

Единствена неизвесност е повредата на Ванчо Димовски, но како што е познато искусниот пивот се очекува да биде на располагање на нашиот национален тим. Исто така на повреда се жалеше и неговата алтернатива Никола Марковски, па останува се да биде познато по денешната прес-конференција.

Македонија по втор пат ќе учествува на едно Европско првенство откако претходно беше партиципиент во 1998 година во Италија каде не успеа да забележи победа. Шампионатот во Италија го завршивме со едно реми (Русија) и четири порази (Чешка, Унгарија, Хрватска, Шпанија и Италија).

Сега во Б групата во Ниш на ЕП 2012 противници ќе ни бидат Шведска, Германија и Чешка. Првиот натпревар го играме на 15 јануари против Швеѓаните.

виа екипа
 
Ахахаха. Добар Јиха добар дури 3 гола успеал да дај од 13 обиди реализација 25 %

го скина од бранење Станич но прашање е дали имаме ние таков голман пошто добар голман е пола екипа кај нас мислам дека проблемот е кај голманите иако Борко ако му тргне ќе одбрани но ако не му тргне тоа е проблемот..Чесите играа добро ја гледав нема веза тоа што загубија Станич одбрани неколку невозможни удари дури и се изнервира Јиха на крајот се закачи со еден од Србите..ќе биде тешко со сите репрезентации сите натпревари очекувам да бидат тесни и како во кошарката повеќето тесни да ги добиеме ќе биде добро..да се помине првата фаза потоа со голем мотив полна сала може да се гледа понатаму..
 
Публиката ни е огромен ветер во грб на ова првенство. Македонците ја имаат една од најверните публики на светот, која многу често ги импресионирала странските селектори и тренери. Публиката ќе биде голем адут и сметајте дека со неа исто како да имаме играч плус на терен. А па не можам да замислам што ќе се случи ако нашиве почнат да растураат, има пола Македонија да се пресели таму за да навива. За кошаркарите за еден ден се организиравме да отидеме до Литванија, не пак за соседна Србија, има салата да ја опколат.

Ќе има страшна атмосфера.
 
Селекцијата на Шведска доживеа минимален пораз од Русија со 27:26 во рамките од подготовките за ЕП во Србија.

svedska-rusija-240.jpg
Репрезентацијата на Русија и се реваншираше на Шведска за поразот од пред два дена, откако вчера ги совладаа „викинзите“ со минимални 27:26, натпревар одигран како подготовка за ЕП во Србија кое започнува во недела.
Во таборот на Шведска се истакнаа Екберг со 8 и Ду Риц со 4 голови. На спротивната страна, Кокшаров и Черноиванов постигнаа по 4 погодоци.
ШВЕДСКА: Екберг 8, Ду Риц 4, Јакобсон 3, Петерсен 2, Зачирсон 2, Лундстром 1, Андерсон 1, Додер 1, Стенбакен 1, Карлсон 1, Баруд 1, Нилсон 1.
РУСИЈА: Черноиванов 4, Кокшаров 4, Атман 3, Чипурин 3, Дибиров 3, Ерохин 2, Растворцев 2, Игропуло 2, Асланјан 1, Шелменко 1, Старјих 1, Иванов 1
 
Шведска е одлична екипа како и да е неможи да ги потцениме оти не им играле некои играчи. Андерсон е добар бек еден од најдобрите можи некогаш 10 да дај некогаш 1 гол то е лошо кај него инаку Додер е во поодминати години за центарлен пред се треба брзина , Екберг би требало да ни е најголема опасност од оие играчи моментално шо ќе настапат .
 
Се знае ли од колку саат ја играме втората утакмица?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom