ЕП во ракомет 2012 - група Б (Ниш)

Кој три репрезентации ќе одат во втората фаза?


  • Вкупно гласачи
    193
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.547
Претседател на РФМ е Михајло, ако некој игра улога околу составот на репрезентацијата мислам дека е он Металург нема некое големо влијание по мое мислење за играњето на Манасков.
Бутин игра сега некаде или?
Што подразбираш под тоа јаки дефанзивни тренери? Јас како што знам не се делат тренерите на дефанзивци и офанзивци може да ги поделиме на некој што повеќе милува одбрана да форсира некој напад.
Јас познавам еден таков кај кого имам тренирано покрај целиот тренажен процес одбрана имаше поголем акцент толку "ќотек" нема изедено ни Кире до сега колку што јадевме на тренинзи.
Ракчевиќ е исто така низок ама напад е ѕвер само што е паднат бааѓи во форма.
Велко повеќе би бил за на центар-халф од причина што нема толкава брзина за на халф малце потромав е, иначе нема забелешки за неговото играње одбрана.
Модерниот ракомет е атомски ракомет мораш да бидеш 100% спремен и исто толку да дадеш во одбрана и напад зашто на брз центар нема ни време да се изврши замена.
Се сложувам Мите Стоилов и те како фали во одбрана, да се надеваме дека Ацо добро ќе го замени на таа позиција барем со висината која ја има.
Миркуловски срцето го остава на терен како во напад така и одбрана едино замерка што многу рано искача во одбрана и тука паѓа.
Бутино е во Пелистер...
Имаше проблеми со повреди цела ланска сезона.и на почетокот на оваа,сега последните месеци се враќа на старото ниво....
Јаки дефанзивни тренери...:)
Баш на то мислам шо го кажа,тренер шо милува ОДБРАНА,зошто одбраната е клучот...
Такви тренери имало доста,од Пелистер ќе го набројам Зоран Зечевиќ,ете и тренерот шо си замина Ратко Џурковиќ..
Ракометари кои во текот на својата кариера биле сјајни дефанзивци,па тоа го применуваат и во својата тактика...
Металург пред Червар,и Металург со Червар-сликата во поставеноста во одбраната е нешто сосема друго...;)
Можам да замислам како би изгледала Македонија на столчето на Звонко да седеше Червар...:pipi:
На ова мислев кога реков,потребни ни се тренери кои ќе ги научат нашите играчи да играат одбрана....
Репрезентација која нема да дозволува лесни голови,која ќе се бори максимално да го задржи секој напад на противникот....
За ова треба тренинг,требаат стручни кадри,треба концепција......
За другите работи си стојам,дека ни се потребни над 11,12 играчи во таа ротација,посебно ако одиме во втор круг,и секако да ги зачуваме главните играчи од повреди,Македонија без некој од тие 3,4 главни играчи е сосема друга репрезентација...
Ако одиме само со 8,9 играчи на сите утакмици ќе биди тешко...
П.С.
Околу изборот на играчите..
Јас мислам декагласот на Металург има поголема тежина од таа на Михајло...
Сигурно со тоа си купува Михајло мир во куќата,знаеме какви кавги имаше пред некоја година...
Вака сите среќни,сите задоволни,федерацијата има спонзори,има пари,има јаки припреми(за разлика од порано)....
Иначе ако Михајло имаше апсолутна власт врз селекцијата на играчите тогаш сигурно Ојлески,Јовчевски ќе беа во преден план пред еден Гоце или Манасков џуниор....
Како и да е,играчите се тие,Звонко си ги бираше(дали директно или не не е важно)па тој си одговара.....
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Претседател на РФМ е Михајло, ако некој игра улога околу составот на репрезентацијата мислам дека е он Металург нема некое големо влијание по мое мислење за играњето на Манасков.
Епа грешка си, дечко. Михајло им го отстапи раководењето со репрезентацијата на луѓето од Металург затоа што е свесен дека ќе го минираат на секаков начин, како што беше со бојкотирањето на Љупчо Савевски од страна на нивните играчи. И ради мир во куќа, им дозволи репрезентацијата да биде во нивна надлежност.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Како и да е,играчите се тие,Звонко си ги бираше(дали директно или не не е важно)па тој си одговара.....
Баш ќе следам некоја утакмица на Пелистер во Скопје да го видиме Бутинот, не сум знаел дека е таму фала на инфо.
Те разбирам комплетно со останатиот дел од постот и сосема е во право и на место. Еден пример за таков тренер кај нас е Котевски, барем он негува одбрана многу повеќе ама после пар случувања моето мислење за него а и на многумина е споредба на W.T.C. со ground zero.

Епа грешка си, дечко. Михајло им го отстапи раководењето со репрезентацијата на луѓето од Металург затоа што е свесен дека ќе го минираат на секаков начин, како што беше со бојкотирањето на Љупчо Савевски од страна на нивните играчи. И ради мир во куќа, им дозволи репрезентацијата да биде во нивна надлежност.
Грешка сум ок не велам ништо. Знам за кавгата која ја имаа челните луѓе на Металург со Михајло ама дека комплетно ја презеле репрезентацијата мислам не од причина што би ја негувале онаа тактика на целокупното формирање и развој на екипата и во репрезентацијата со што би биле на повисоко ниво (мое мислење).

Сега преостанува само да се надеваме на што подобар пласман и достоинствени порази со желба и мотивација за игра и надигрување да покажат одредени репрезентативци дека можат, знаат и заслужуваат да играат во најаките лиги во Европа и да разигруваат за медал во ЛШ, Кире го изоставувам зашто веќе има покажано и докажано кој е во европа.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Да не знае некој колку е повратна карта со воз до Ниш ? Односно тој возот што трга недела сабајле во 8:30 а се враќа наредниот ден сабајлето во 7 ?
 
Член од
30 јуни 2011
Мислења
322
Поени од реакции
196
Mоже после ако немате што да правите,да се нацртате во Кале..да ги испратиме како што треба ракометарите:icon_lol:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Не бива за правење видеа. Човек да се наежи од овој клип. Кошаркарите богами ни помогнаа да си ја надградиме способноста за вакви работи. Како и да е момците заминуваат. Be afraid, Macedonians are coming!

 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.280
Поени од реакции
8.446
Ме пука некој филинг дека Филип ќе распали на европсково
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Да не знае некој колку е повратна карта со воз до Ниш ? Односно тој возот што трга недела сабајле во 8:30 а се враќа наредниот ден сабајлето во 7 ?
Повратна карта 920 денари.
 

^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
Некој да даде контакти од некои хостели, хотели, апартмани, соби или било што кај што може да се спие во Ниш? :)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Да не заборавам да го споделам профилот на дечково кој се потрудил да направи доста добри мотивациони видеа за нашата репрезентација и фановите. Глава сечам дека ќе ги утепаме од гледање. Гледајте и Уживајте :)

http://www.youtube.com/user/martindelpiero10?feature=watch
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom