ЕП 2016 - Група Е (Белгија, Италија, Ирска, Шведска)

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација ќе заврши како прва во групата Е?


  • Вкупно гласачи
    24
  • Гласањето е завршено на .
Па истиот фудбал го форсираат?..некни ги гледав со Панама и претходно со Чиле потполно истата филозофија онака без ризик..на чист квалитет Аргентина ги добиваат натпреварите без некои воиграни шеми или акции како Шпанија и Германија..нула од екипа е Аргентина спрема нив па и нестабилна дефанзивна има за таквиот фудбал што го играат..

И тука некои ги направија богој небаре ќе се прошетале на Европското ако играле..да да секако:pos:
Тоа дека ќе се прошетаат секако нема врска, глуп муабет е, ама дека се дефанзивна селекција Аргентина тоа е чиста глупост и тотален нон сенс.

Сеа ако дое со Шпанија и Италија да игра јебига, којзнае што ќе се дешава, не пијат нафта овие репрезентации.
 
Епа чекај бе мајсторе, ако играат дефанзивно зошто тогаш просекот им е скоро 3 гола по меч? Објасни ми ајде. Е ако не покажат резулатите дали играат офанзивно или дефанзивно кој ќе покаже, Цацко?

Погрешна илузија ти даваат некогаш резултатите..Аргентина нема таков пристап да застани од прва минута да го изгази противникот туку на сув квалитет ги добиваат натпреварите и пред се да не се прими гол..знаат да играат фудбал не велам не ама многу се неорганизирани и недефинирани како екипа..креативност 0[DOUBLEPOST=1466353412][/DOUBLEPOST]
Тоа дека ќе се прошетаат секако нема врска, глуп муабет е, ама дека се дефанзивна селекција Аргентина тоа е чиста глупост и тотален нон сенс.

Сеа ако дое со Шпанија и Италија да игра јебига, којзнае што ќе се дешава, не пијат нафта овие репрезентации.

Јас ти напишав дека основата на Аргентина е одбраната ,на минатото СП така стигнаа до успех бидејќи играа спретно и организирано без турбуленции во играта..такво цело првенство му е,впрочем и самите Аргентинци преку Италија стигнуваат до Европските фудбал каде самиот знаеш каков фудбал се игра..исти систем се форсира уште од мали школи како во Италија..одбраната и тактиката на прво место..тоа сакам да ти потенцирам

Истиот концепт сите го имаат прифатено во Ј.Америка освен Бразил и Колумбија затоа тие се поинакви репрезентации
 
Освен Бразил и Колумбија сите во Јужна Америка играат касапски и дефанзивен фудбал,односно таква му е филозофијата на нивните школи од мали..тоа што паѓаат голови се чисти сплет на околности или поради тоа што играат против други мизерни екипи што не знаат да се бранат..секогаш има исклучоци ама таа е основата..

Не знам за што поточно мислиш кога викаш дека таква им е филозофијата во нивните школи, ама претпоставувам мислиш на клубовите од нивно првенство. Имам изгледано преку 30 утакмици од чилеанско првенство и слободно можам да кажам дека таму се форсира ултра напаѓачки фудбал каков што ретко се гледа во Европа.
 
Погрешна илузија ти даваат некогаш резултатите..Аргентина нема таков пристап да застани од прва минута да го изгази противникот туку на сув квалитет ги добиваат натпреварите и пред се да не се прими гол..знаат да играат фудбал не велам не ама многу се неорганизирани и недефинирани како екипа..креативност 0
Добри се Аргентина, одбраната им е проблем. Централни се Рохо и Отаменди, десно е Забалета, а лево тој од Бока го забораив како се викаше. Не дека се лоши играчи овие, ама не се онаа светска класа како овие од Италија на пример, или од Шпанија. Напред се врв, во средина се исто така добри, Банега и Маскерано си се класа играчи.

Значи ги гледам и нив и Чиле, а и нивните првенства, на Арена ги даваат и у недела навечер тоа си гледам и може да ти кажам дека нема врска едното со другото. Да, првенството на Аргентина е со многу малку голови и со копачки фудбал, ама тоа нема врска со репрезентацијата.
 
Ги има фатено три пути 0-2 гола и сеа дефанзивен фудбал му играле.
 
Идам да читам заа Еуро овде цела страна за Копа ја коментирате , кои пацери сте вие алал ви вера, па и админот на темата пацер невиден па па па
 
Не знам за што поточно мислиш кога викаш дека таква им е филозофијата во нивните школи, ама претпоставувам мислиш на клубовите од нивно првенство. Имам изгледано преку 30 утакмици од чилеанско првенство и слободно можам да кажам дека таму се форсира ултра напаѓачки фудбал каков што ретко се гледа во Европа.

За Аргентина мислев..Чилеанците се ненормални кај нив фрчат голој[DOUBLEPOST=1466353698][/DOUBLEPOST]
Ги има фатено три пути 0-2 гола и сеа дефанзивен фудбал му играле.

Ги имам гледано преку 100 пати за разлика од тебе не се секирај
 
Можда си во право за Албанија, ама јас во принцип не ги сакам многу тие “сплет на околности“ аргументи, зошто, потенцијално, можеш сечиј успех да го објасниш на тој начин и да го релативизираш. Факт е дека завршија втори во група со Португалија, Данска, Србија и Ерменија, сите сериозни селекции. Факт е дека, со оглед на квалитетот на нивниот тим, одбраната им го донесе резултатот, кој е над нивното реално ниво. А изиграа и на првенствово два блиски натпревари, од кој еден со голем фаворит за првенствово. Али да ја оставиме Албанија на страна.

Полесно е да чекаш противникот да направи нешто, единствено ако си гледач :), и крајниот резултат од неговиот обид не ти влијае битно на тоа што ти сакаш да го направиш, ама фудбалот (и скоро сите тимски спортови) се таков тип на игра што, кога твојоот противник успева нешто да добие, ти тоа нешто го губиш. Ако некој успее да те издрибла и да му избега на маркерот, тоа значи дека тој е во подобра позиција да даде гол од претходно, а ти си во полоша позиција да примиш гол од претходно.
Ако претпоставиме дека двата тима се еднакви, со еднаква намера стартуваат и двата сакат да победат, тогаш е полесно да бидеш тој што напаѓа, зошто ја имаш иницијативата, имаш можност да го промениш статус квото, да ги промениш околностите во натпреварот. Тој што се брани го нема тоа, баш зошто не ги диктира условите. Напаѓачот може да има неограничен број на обиди и доволно е само еден да му успее за да ја оствари целта, тој што се брани доволно е само еднаш да не успее да се одбрани за да не ја оствари својата цел. Затоа иницијативата е толку битна, особено во спорт како фудбалот кој е многу пофлуиден од другите и со помалку прекини, Затоа и толкава вредност му се дава на поседот на топка, особено во денешниот фудбал.

Цените на пазарот, не се многу индикативни , за која вештина е потешка да се најде, според мене. Повеќе има врска со тоа какви се условите и каква е природата на фудбалскиот пазар. Нема баш некој општо прифатен начин како да го измериш аутпутот на играчите и ефектот врз перформансот на тимот, за да може точно да бидат вреднувани според тоа колку се корисни играчите за играта на тимот. Повеќе фактори се во игра и да најмногу се сведува на психологија.
Прво, меѓу клубовите цената најчесто се формира на субјективно вреднување, каде најчесто има bias кон напаѓачите. Кај напаѓачите се приметува колку голови дале, кај дефанзивците колку голови примиле. Второ, напаѓачите имаат поголема индивидуална вредност, добар напаѓач може сам да ја смени напаѓачката игра на својот тим, како индивидуалец, само со неговите квалитети. Дефанзивецот многу повеќе зависи од тимот околу него и системот кој што се игра, за воопшто да биде ефективен и квалитетот да дојде до израз. Исто, во денешен фудбал маркетиншката вредност на напаѓачите е многу поголема, попрепознатливи се, повеќе остануваат во меморија. Па затоа кога го купуваш Роналдо не ги купуваш само неговите фудбалски квалитети, туку и Роналдо како рекламно пано, имиџот на Роналдо, спонзорите на Роналдо. Се тоа си има влијание врз цената. За да се види дали стварно толку поретки и потешки за наоѓање се напаѓачките вештини, за цената да биде поголема, треба да се види дали истото важи и во младинскиот фудбал и по која цена се купуваат таму играчите, а мислам дека таму нема скоро никаква разлика.

И на крај еден едноставен одговор на едноставно прашање.:)
Послаб тим се фокусира на одбрана не зошто е полесна туку затоа што така го намалуваат ризикот да примат гол, на најдобар начин, со оглед на тоа што на послабиот тим, најчесто, нерешениот резултат многу повеќе му одговара отколку на посилниот тим, Натпреварот почнува со 0-0, на тој што повеќе не му одговора така и да заврши, треба да преземе поголем ризик. Всушност тоа е и единствениот начин да можат да нападнат, кога посилниот тим го трга фокусот од одбраната. Најчесто тоа и не е некаква добра одбранбена игра, туку само ставање на што повеќе тела и на поблиско растојание едни од други, помеѓу топката и голот. Другата варијанта е да пробаат да се натпреваруваат за топката, што најверојатно нема да успеат бидејќи се понеквалитени, што би било глупо.
И на крај, мојот став не е дека дефанзивата е потешка од офанзивата, туку дека се подеднакво тешки, ако ги играш на највисоко ниво. Две страни на паричката.

Да, пошто Албанија со јаката одбрана е чест учесник на СП и ЕП :)
Не е релативизирање туку е реалност, што тоа не е точно дека беа во група со екипа помалку, дека имаше еднаш во 1000 утакмици ситуација со дронот и сето тоа што следуваше, дека ЕП не е со 24 екипи?
Секако дека и одбраната имала влијание на тоа што се пласирале ама е можеби 10% од пласманот. Си пресметале луѓето дека им се пружа еднаш шанса во нивната историја за пласман, го направија тоа што го направија со дронот, србите реагираа како што реагираа, се коцкаа дека тој судот ќе им додели бодови и одземе на Србија и успеаа. Ако тоа не е склоп на околности тогаш не знам што е.

Полесно е да го чекаш да направи нешто баш ако си играч.
Сите деца се палат на роналдовци (дебелиот и манекенот) месиевци, роналдињовци, порано овен или ван бастен (од последниов имав оранж дрес со црно лавче) сите играат фудбал за да дадат гол и да се ``главни`` нема дете кое ќе сака татко му да му купи дрес од Бускетс (или ако постои некое такво татко му треба сериозно да се загрижи) или од Смолинг или Киелини, значи нема дете што почнува да тренира за да биде стопер ил бек, покасно тоа доаѓа.

Некој напиша за тоа веќе и точно е, тие со две леви нозе или бандери или што се одбива топка како од камен - тие ги праќаат назад или на гол, никој не сака да биде голман. За фудбалските школи не знам точно ама што имам слушано и таму сите деца се запишуваат со фантазии за да даваат голови и сите сакаат напред, после нормално има филтрирање и реалноста е таа што некој е граден како Мертезакер и ако има среќа да биде сидро во напад ако не назад ќе чека противнички напаѓачи.

Точно е дека добар дефанзивец можеш да произведеш ама јак напаѓач тешко, тука доаѓа и факторот талент кој не може да се измери.

Роналдо пред да стане глобален бренд мораше да даде еден куп голови и да направи еден куп асистенции на врвно ниво, не му падна од небо тоа, исто и Бејл и Суарез и други. И затоа се цените такви какви што се, затоа што јак одбрамбен ќе произведеш или ќе најдеш замена а за јак напаѓач тешко.
Знаеш зошто има наклоност кон напаѓачите? Затоа што публика генерално сака да гледа голови, акции, драми, шутеви на гол, тоа било и пред мас-медиумите и телевизијата, публика генерално не сака утакмици со три шута на гол од кој еден завршил на трибини, со исклучок на ``стручњаците``, нив не им сметало и мачење на топка како меѓу Италија и Шведска, не дека се италијани или швеѓани па навиваат, туку дека го ``знаат`` фудбалот.

И на крај еден едноставен одговор на едноставно прашање.:)
Послаб тим се фокусира на одбрана не зошто е полесна туку затоа што така го намалуваат ризикот да примат гол, на најдобар начин, со оглед на тоа што на послабиот тим, најчесто, нерешениот резултат многу повеќе му одговара отколку на посилниот тим, Натпреварот почнува со 0-0, на тој што повеќе не му одговора така и да заврши, треба да преземе поголем ризик. Всушност тоа е и единствениот начин да можат да нападнат, кога посилниот тим го трга фокусот од одбраната. Најчесто тоа и не е некаква добра одбранбена игра, туку само ставање на што повеќе тела и на поблиско растојание едни од други, помеѓу топката и голот. Другата варијанта е да пробаат да се натпреваруваат за топката, што најверојатно нема да успеат бидејќи се понеквалитени, што би било глупо.
И на крај, мојот став не е дека дефанзивата е потешка од офанзивата, туку дека се подеднакво тешки, ако ги играш на највисоко ниво. Две страни на паричката.

Како Ирска со Белгија 9-0-1 формација, петмина пред голман, четири околу линија на 16 и Лонг некаде на центар, навистина многу е тешко да се постави таква формација, треба креативност и знаење...

Ова не е баш едноставен одговор туку одговор кој нема многу логика. Прво тврдиш дека потешка била дефанзива од офанзива, сега тврдиш дека дефанзивата била последица на немање квалитет, нели е полесна офанзивата и со тоа полесна за играње? Одлучи се.:)

Нема врска тоа, слабите екипи се бранат затоа што знаат дека не ги бидува да организираат акција и да се надигруваат. Кај некои тоа останало во ДНК како Италија па се бранат без разлика дали имаат јак состав со јаки напаѓачи или не.:)
 
Да, секако дека нема дете кое се запишува за да биде дефанзивец или голман :pos:

Мислиш сите во сите земји како Македонија е, само Роналдо и Меси ги знаат и сите сакаат како нив да се. Абре луѓе голем е светов, не вадете заклучоци од толку мал дел од истиот.

Инаку не ја ни пратам дискусијава, ама не може некој да каже дека во одбрана може било кој да игра, стави го и ќе рога топки. Квалитетен дефанзивец е многу тешко како прво да се оформи, а како второ да се увиде тоа како резултат на теренот. Ако се приметиле речиси сите напаѓачки ѕвезди, уште на многу млади години експлодираат и го покажуваат талентот. Се разбира тоа е многу полесно за истите бидејќи може цел меч да пробуваат еден дриблинг, цел меч да шутираат и еднаш да влезе доволно е. Дефанзивецот од друга страна ја нема таа привилегија, не може да ризикува и не може да прави експерименти на теренот. Затоа истите додека се млади, со многу поголема претпазливост се третираат од страна на тренерите и затоа не може да го добијат тој хајп.

Сепак квалитетен дефанзивец и многу потешко да се биде, бидејќи за напаѓач ако треба техника и талент, за одбранбен играч треба многу тренинг, тактички капацитет и многу мозок.

Малдини, Неста, Турам, Пујол, Канаваро и останати ти беа играчи со огромна интелигенција, со тактичка способност, со читање на игра и не може да се каже дека бил кој може да рога отпозади, бидејќи ако некој бранењето го сфаќа како рогање тогаш дефинитивно многу малку го разбира фудбалот.
 
Тоа е проблемот на форумот..што се водат според еден натпревар а не генерала..Аргентина и Чиле реално не играат никаков фудбал и се дефанзивни екипи,тоа се виде на СП во 2014 каде играат цврсто,енергично и калкулантски без некои посебни воиграни акции..типична Италјанска школа се сите екипи од Јужна Америка освен Бразил и Колумбија..впрочем такви му се и првенствата..све 0-2 гола и касапење до без крај..ама кога не пратиш и кога не знаеш не коментирај.[DOUBLEPOST=1466350279][/DOUBLEPOST]

На кој пробваш да му објаснуваш?..на Џонтра и на Кастиел?..мислиш ќе те разберат нешто?..јас му пишам дека одбранбени добри фудбалери како и голман е многу полесно да најдиш отколку добри напаѓачи и крила..секогаш и во секоа време и во секој спорт офанзивната е потешка од дефанзивата и тоа е така во животот..секогаш е потешко ти да пристапиш прв отколку некој да очекуваш нешто да направи...

Со бранењето се прилагодуваш на нечии услови,а со напаѓањето треба ти да ги поставуваш условите и ти да го водиш темпото..мислам логично да размислиш ќе увидиш дека офанзивата е потешка..а поради недостаток на аргументи почнаа да ми ги спомнуваат Атлетико Мадрид,Виљареал,Бетис и Малага кои ги фалев цела сезона дека играат одлична одбрана што немаат врска едно со друго,бидејќи Атлетико и Виљареал не само што играат стручна одбрана туку имаат добар напад исто така односно имаат воиграни акции и знаат да изиграат...

Мислам искрено сам да застаниш да играш фудбал и кога ќе ти речат "оди назад" тоа значи дека најмалце имаат доверба во тебе бидејќи нормално сметаат дека најмалце знаеш да играш фудбал..тие што повеќе знаат да играат и што можат да трчаат играат понапред ,а тие што знаат помалце играат поназад..тоа е во најниските слоеви на фудбалот а камоли во професионалниот фудбал..јас не ги направив одбранбените неписмени и небитни туку имаат полесна работа од поофанзивните фудбалери бидејќи можат да бранат зона и да трчаат на чоек..а офанзивците треба секогаш да направат нешто повеќе за да постигнат Гол..

Ама џабе на кој ќе му објаснувам..на Џонтра?..ќе дојди сега и ќе истреска еден куп глупости и пак истото..први беа да напишат за слабите перформанси за Нолито ,а сега кога постигна гол и асистенција никаде ги нема да го пофалат..тоа е таа објективност на форумот..се зависи од тој натпревар што ќе се изигра па за понатаму сосем ново мислење..ете го Стефан чекаше Аргентина и Чиле 100 гола да постигнат и офанзивни биле готово:pos:..а тој ниту еднаш ги нема гледано каков никаков силеџиски фудбал играат ..Италија и Шпанија фудбалот што го играат е измислен за Аргентина и Чиле
Пак даваш глупи примери и после ја сум трескал глупости.
Ко ќе играш фудбал на најслабиот му викале иди играј позади :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
Ја до сеа неам сретнато ваков случај а играм фудбал секој втор ден 15 години веќе. Обично тие што највише разбираат остануваат позади да играат а на послабите им викаат иди напред мош и убодеш нешто.
И дај жити се не кажувај кој гледа а кој не гледа фудбал коа ти иако се праиш експерт за сите екипи ширум светов најмалце пратиш фудбал, 100 пати те иам начекано на фејсбук тагнат на ручек со девојката, на викенди, у кино во време коа има утакмици на тв. :D

Џони му кажува на Стекот дека РЕЗУЛТАТИТЕ МУ ДАВААТ ПОГРЕШНА ПЕРЦЕПЦИЈА, истиот тој лик што кога се караше со енглезите за тоа чија лига е појака го користеше следниов мега јак аргумент, ти у Шпанија знаеш ли каква одбрана се игра, сите екипи знаат докторски да се бранат не за џабе секој викенд ги фаќам 0-2 шпанците.

поз.

И да, за тој Нолито никад не сум рекол дека е слаб играч пошто не ни знам како изгледа дечкото, ни на Европсково го неам гледано сеуште.
 
Џони, тоа што у Аргентинско првенство се игра тврдо и без многу голови не значи дека и Аргентина ко репрезентација го форсираат истиот стил, пошто 90% од играчите играат низ најјаките тимови во Европа. Не терај инает, да речеш дека Чиле и Аргентина играле дефанзивен фудбал треба само да си контраш, ништо друго.
 
Па баш Чиле играле дефанзива а дечките кога им беше Сампаоли тренер играа со 15 души у навала минус Медел братот.
Ај за Аргентина ок е да викаш дека играле дефанзивно пошто Сабеља малце практикуваше зихерашки фудбал ондносно на резултат, Марадона на пример идеше ол ин у напад без размислување, сеа и под Тата Марино играат одличен фудбал далеку од дефанзивен пошто Тата е школа на Биелса а тие таквите не знаат да играат дефанзивен фудбал.

Така да, аргентинско првенство и нивниот мртов фудбал немаат врска со репрезентацијата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom