ЕП 2016 - Група Е (Белгија, Италија, Ирска, Шведска)

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација ќе заврши како прва во групата Е?


  • Вкупно гласачи
    24
  • Гласањето е завршено на .
Јас разбирам дека е тешко да бидиш тренер на репрезентација,посебно па на вакви големи натпреварувања каде сите од тебе очекуваат резултат бидејќи водиш екипа со квалитетни играчи што играат во најсилните лиги......ама брате неможам и неможам да ги разберам овие тренери како Вилмотс,Хоџсон и Дел Боске..кој од кој подебили и позакоравени со нивните пресмешни и преаматерски одлуки ....

Не знам дали тие ги носат одлуките за играчите кој и каде да игра,еве конкретно за Вилмост ќе спомнам бидејќи се работи за Белгија..како е можно да го игра Фелаини?.која му беше целта со него?..наместо да го игра Де Брујне на средина и Караско/Мертенс на крило па да добие играта на динамичност тој идиотот го става Фелаини на средина:confused:?!?!..шо мислеше да прај чоекот?..Наинголан најдобар поединец цело полувреме тој го вади во 55 минута а Фелаини и останатите на ништо не личат..како да сака чоекот намерно да ги пропадни..не е можно толку да е глуп.

Играат имињата во Белгија, Нанголан му е убедливо најдобар везен играч а го вади, најдобар му беше и во 2014 а не го ни зеде тогаш. Едноставно човекот нема храброст да направи измени, уште ги форсира на име Фелаини и Витсел. Уште Ван Бајтен му фали назад.

За Италија ова беше чист пример колку е важна тимската уиграност на екипата, ВВС се најдобрата одбрана на првенството бидејќи 5 години играат заедно секој ден што е огромен плус. Исто и шпанците долго време се познаваат и тие можеби нема да бидат многу фенси ама ќе дотуркаат далеку поради таа стабилност во одбраната и средниот ред.
 
Zaradi ova go zasakav kalcoto..Vidi be kako rabotaat edna shansa im dadoja taa na Lukako i toa bese se..
Ako nekoja reprezentacija ima umetnost dodeka napagja ovie ja imaa taa umetnost koga se branat..
Ne deka e nash ama De Rossi iskina kako i zidot Bonuci,Barzagli,Chielini i Buffon..
Se na se cista 10-ka za cel tim..
 
Полека малку луѓе, прво коло е во групата, далеку е уште тоа кој каде и колку ќе направи на првенството :). Да не се брза со заклучоци, вака пред две години Италија ја доби Англија во првото коло, за после тоа да не игра воопшто фудбал против Костарика и Уругвај. Она што мене ми дава надеж е тоа што тренерот на клупата не е Прандели како тогаш, туку е Конте во кој сум 100% сигурен дека нема да им дозволи на играчите да им падне вниманието и концентрацијата. Кога сме кај Конте мислам дека како и почесто, малку му се препишува заслугата за мечот, иако тие играчи тактички тој ги поткови.

Се на се добар меч гледавме, во првото полувреме италјаните изиграа перфектно. Тројката во одбрана заедно со Буфон на висина на задачата, Кандрева беше затворен во првото и не можеше во нападот да се покаже многу, но затоа во одбрана помагаше страшно. Дармиан многу лош, имаше простор ништо не искористи. Де Роси и Пароло солидни, не знам зошто се деградира Пароло кој играше во рамките на своите можности, без апсолутно ништо да згреши, плус ја имаше таа асистенцијата со глава кон Пеле кога натскока двајца белгијци зад грб. Пеле имаше неколку лоши додавања, ама одличен е во играта со глава и во контролата на долгите топки. Го заслужи голот на крајот :cuc:

Во второто премногу се затворија италјанците. Мислам дека непотребно беше тоа, ама можеби и толку се можностите. Дармиан, Кандрева и Џакерини направија три катастрофални додавања во противничката половина што резултираа со жолти картони за Едер и Бонучи. Тие индивидуални грешки беа можеби единствениот лош аспект вечерва. Кандрева си го доби просторот во второто полувреме и изигра онака како што и вообичаено игра, само нели ретко кој го гледа па затоа 90% од луѓево се изненадени (y) Имобиле одличен кога влезе, иако е голем, сепак поседува брзина и ја искористи до максимум со повлекувањето на контрите. Мота не покажа ништо посебно, ама ќе послужи како ротација за Де Роси.

Сепак што и да се случи до крајот, сепак се покажа дека репрезентативниот фудбал не зависи премногу од индивидуалните имиња, туку од целокупниот перформанс на тимот заедно со тренерот. Една репрезентација мора да биде компактна на теренот, играчите да се движат како едно. Белгија и покрај имињата на теренот очигледно тоа го нема. Имаат играчки капацитет да се поправат, се е во рацете на нивниот селектор.

И последна работа која мислам дека се покажа е дека солиден дел од луѓето на форумов пратат фудбал или само неколку години или го гледаат премногу на ограничен сегмент. Тоа не е никаква провокација :backa:, туку е едноставен факт. Не може човек да мисли дека било кој меч на европско ќе заврши со неколку голови разлика во полза на едниот тим, а камоли кога тимот кој треба да претрпе пораз е Италија. Фудбалот постои долго време, а Белгија е релативно нова репрезентација. Никако не смее, а и не може да биде на исто рамниште со Германија, Италија, Шпанија и Франција, па макар овие играле и со ваков ограничен тим како италјанскиов на првенството :LOL:

Е така...

Мондо друже, дај ако сакаш појаснување на ова „нова“ и „стара“ репрезентација.
 
Па многу едноставно, Белгија никогаш речиси низ историјата не била сметана за толку квалитетна како што се смета сега, немаат никаков позначаен успех на големите натпреварувања. Многу е далеку од гигантите во европскиот фудбал во тие историски рамки. Затоа како репрезентација би се рекло "од вчера" се сметаат за некаков фактор, додека Италија, Германија итн се фактор отсекогаш.
 
Не знам дали тие ги носат одлуките за играчите кој и каде да игра,еве конкретно за Вилмост ќе спомнам бидејќи се работи за Белгија..како е можно да го игра Фелаини?.која му беше целта со него?..наместо да го игра Де Брујне на средина и Караско/Мертенс на крило па да добие играта на динамичност тој идиотот го става Фелаини на средина:confused:?!?!..шо мислеше да прај чоекот?..Наинголан најдобар поединец цело полувреме тој го вади во 55 минута а Фелаини и останатите на ништо не личат..како да сака чоекот намерно да ги пропадни..не е можно толку да е глуп.
Џони, искрено по ова како да не си ја гледал утакмицата. Мислам дека си одбираш кривци и најдобри поединци однапред, па после си спремаш алиби за секој посебно. :icon_lol:

Ако некој е за критика тоа се Лукаку и Де Брујн многу повеќе од Фелаини. Двајцата не можеа да се состават со топка и да погодат прецизен пас, Де Брујн посебно им е #1 играч цела година a изгледаше како аматер, изгубен у простор и со другарму Лукаку упропастија еден куп контри и шанси, посебно овај коа се задави 1v1 со Буфон. За нивниот перформанс сами си се криви, не беа стаени стопери да играат си беа на позиции што ги играат цело време.

Италија беше очекувано да е тврда екипа со Конте, изиграа дисциплинирано и си ги искористија шансите за разлика од Белгија.
 
Последно уредено:
Не си бе брат, не знам зошто си толку упорен па го пишуеш два пута истиов пост :D
Хахахахха ќе ја згазам сестра ми еј, 1000000% она го напишала ова пошто седна на ПЦ после мене...
 
Синоќешниот Man Of The Match...

r


@Introvert* :LOL:
 
Синоќешниот Man Of The Match...

r


@Introvert* :LOL:
Школски изиграно. Остај ги нека напаѓаат и јуриш на контра. Слично на Лестер годинава у Англија.
Него шо ме тагираш мене? Јас не сум тој што го ругаше нонстоп Перикле за Џакерини, Пароло и остала багра кои нивните дома ги мислат дека се отидени на одмор а не на европсково. @Клипче :D
 
Џони, искрено по ова како да не си ја гледал утакмицата. Мислам дека си одбираш кривци и најдобри поединци однапред, па после си спремаш алиби за секој посебно. :icon_lol:

.

Не ја гледав :D..ама многу ме нервира тренерот Вилмотс..ај што е антипатичен,па и мангуп се прави небаре некое тренериште е, по медиумите изјавува дека Италија не играла фудбал ,не знам што не знам како...идиот,прав дебил..со онакви играчи да играш мизерен фудбал е срамно..

Сите млади полетни поединци и во топ форма во нивните екипи и екипата на ништо не личи..Холандија со 300 пати послаби и понеквалитетни играчи подобар фудбал ќе изиграше од овие мрсулите.
 
Секогаш сум бил тешки навивач за Италија, веќе 18 години, но италијанците секогаш кога играат добро на првиот наптревар, ке заебат работа на другите, со Шведка голем тест ке биде дали ова Италија стварно претставува опасност на ова Европско или само им тргна вчера.
 
Школски изиграно. Остај ги нека напаѓаат и јуриш на контра. Слично на Лестер годинава у Англија.
Него шо ме тагираш мене? Јас не сум тој што го ругаше нонстоп Перикле за Џакерини, Пароло и остала багра кои нивните дома ги мислат дека се отидени на одмор а не на европсково. @Клипче :D

Истото си го го помислив.
 
Конте го скршил носот при прославата, затоа му течеше крв =)

giphy.gif
 
Не ти се отвара сликата нешто.
И мене баш ме интересира што се деси, кога го видов со марамче умрев од смеење викам овој бетер и од Клоп е со прослави.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom