Овој пораз директно оди на сметка на Дел Боске. Примија гол што примија, реагираше како мртов коњ. Измената Адуриз за Нолито веројатно беше најдебилна на првенството. Силва изгубен во времето и просторот, наместо него да го замени со Луказ Васкез и да рашири по крилата, тој го изваде Нолито. За Мората немам зборови колку е неписмен фудбалер. Даде три гола на првенството што едноставно не се промашуваа, и промаши све што можеше да се промаши, плус агилност нула. Ужасен фудбалер. Силва не знам зошто беше повикан, кога веќе не го повика Мата, кој е со формата на исто ниво со Силва. Иниеста сака, но веќе не може, за Фабрегас не сум сигурен ни дали сака повеќе.
Се во се, една дотраена, умрена репрезентација на која очајно и треба ремонт.