Секоја чест за Франција, ептен ми е мило што се во финале, дај Боже и да освојат во недела. На вакво првенство каде никој не се истакна како фаворит, за мене Французиве најмногу заслужуваат титула. Гризман е цар, драго ми е што му се случува ова после промашениот пенал во финалето во ЛШ. Им фалеше малку уиграност како екипа низ првенството, ама не се лизнаа. Ако продолжат вака ќе бидат и меѓу главните фаворити на СП во Русија.
Германциве не одиграа ништо посебно па да се сметаат за некакви сигурни фаворити. Требаше да испаднат уште од Италија. Милер за мене отсекогаш бил најпреценетиот играч на светот. Јас ќе изиграв подобро од него. Оваа Германија е три класи послаба од онаа пред две години. Уште во квалификациите се виде тоа, кога загубија од Полска и од Ирска.
Инаку никогаш нема да ги сфатам македонските фудбалски „фанови“ и „експерти“ за кои само Германија (и кога игра Холандија) се мајстори, а другите се „цигани“. Ми се чини од такви муабети Германците ми станаа толку антипатични на СП и ЕП. Мислам нема поголеми провокатори и плачковци од фановите на Германија. Тие биле машинерија, тие биле најдобри, другите не играле фудбал... Шпанија ги посла два пати во 2008 и 2010, Италија едвај еднаш ја минаа на пенали, да не промашеше ретардото Игуаин чиста шанса еден на еден ќе сонуваа и светска титула....