- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 17.135
- Поени од реакции
- 16.824

Група Б, со оваа група Македонската ракометна репрезентација ќе вкрсти во вториот круг, нормално ако се пласираме во него.
Група во која се наоѓа Светскиот првак и еден од главните фаворити за златен медал , репрезентацијата на Шпанија, Исланд бронзената репрезентација од првенството во 2010, секогаш силната Унгарија и можеби аутсајдерот во групата ако воопшто може да се окарактеризира како таков, репрезентацијата на Норвешка.
Шпанија како што напоменав погоре, е репрезентацијата која е во потесниот круг на репрезентации кои ќе атакуваат за златниот медал, па така, уште во сам старт нивниот пласман во вториот круг од натпреварувањето не смее да биде доведен до прашање, па би требало првото место во групата да им биде загарантирано.
Досега на Европските првенства имаат настапувано од првото во Португалија, па се до ова во Данска, најголем успех им се вторите места на првенствата во Шпанија ’96, Италија ’98, и Швајцарија во ’06.
На ова првенство доаѓаат како актуелни Светски шампиони, токму на првенството во нивната земја го освоија златниот медал, каде во финалето беа поуспешни од домаќинот на ова првенство, Данска.
На ова првенство ќе настапат без првиот голман, Арпад Штербик, а можеби и без првиот пикер во екипата, Агинагалде, за него сеуште е неизвесно, би требало во наредните денови работите да се појасни..
Па така главна ѕвезда во тимот останува Раул Ентериос, 32 годишниот играч на Барселона.
Во тимот на Шпанија ќе настапи и Алекс Душебаев, синот на познатиот Талант Душебаев, кој ги брани боите и на РК Вардар, па би требало на ова првенство да добие шанса повеќе.
Селектор на репрезентацијата на Шпанија е Маноло Кадењас.
Еве ги и пријавените играчи за ова првенство.
За второто место во групата битка ќе бијат Исланд и Унгарија, овие вторите ќе настапат без својот предводник, еден од најдобрите играчи на денешницата, Ласло Наѓ, па така неговото неиграње сигурно ќе се осети на нив и нивната игра, и во Исланд работите не се баш сјајни, и кај нив повредите се главни во овие првични подготовки, па на првенството нема да ги гледаме ниту Сигурдсон, Петерсон, ниту пак Густавсон, кои се едни од главните играчи на оваа репрезентација на Исланд.
Овие две репрезентации имаа меѓусебен дуел на Олимпијадата во Лондон, каде дури во продолжението беше поуспешна репрезентацијата на Унгарија, и со таа победа се пласираа во 1/2 финалето.
Тимот на Исланд, речиси целиот им игра во најсилната лига во Светот, Бундес лигата, па со право ќе нагласам дека шансите за второто место се поголеми од тие на Унгарија.
Унгарскиот тим претежно е составен од играчи кои играат во домашното првенство т.е од водечките две екипи Веспрем и ПИК Сегед, но главната ѕвезда во оваа репрезентација сега од кога веќе е јасно дека нема да настапи Наѓ, тоа е играчот на ПСЖ, Габор Часар.
Селектор на репрезентацијата е познатиот Лајош Мочаи.
И на крајот од претставувањето на репрезентациите остана и Норвешка, тим без некоја голема ѕвезда која се одделува од останатите ракометари во тимот, секогаш во сенка на женската репрезентација, но сепак се надеваат на изненадување, речиси како да играат на домашен терен, и ќе ја имаат поддршката од трибините.
Најпознат играч од пријавените е Лунд, централниот бек на екипата на Бодо.
Тука се уште и Мамелунд, од екипата на Хаслум и Тветен од екипата на Алборг.
Oвие четири репрезентации своите натпревари ќе ги одиграат во Алборг, во арената Гигантиум која е со капацитет од 4600 гледачи.

Распоред на натпреварите во групата:
1 коло (12.01)
Исланд - Норвешка
Шпанија - Унгарија
2 коло (14.01)
Унгарија - Исланд
Норвешка - Шпанија
3 коло (16.01)
Шпанија - Исланд
Унгарија - Норвешка