ЕП 2014 - Група А (Македонија, Данска, Чешка, Австрија)

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување

Кое место во групата ќе го освои Македонија?


  • Вкупно гласачи
    162
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Австрија одлично се држи на мечов , а крилото Сантош е убиствено !!
 
Не се за потценување Австријциве, ако ништо друг играат темпо брз ракомет против една Данска. Ние само ако ги намалиме грешките имаме некоја шанса иначе тешко...
 
(под претпоставка дека нашиве ќе тепаат)

Леле ако загубат Данциве...леле леле...хавуз че го бидува Опенаген..


Па и нека изгубат, ние да гледаме да ги победиме Австријците и сигурно ќе се пласираме во втората фаза.
 
Австрија одлично се држи на мечов , а крилото Сантош е убиствено !!

Е сега да ги прашаш, како можи овај јужноамериканецов да игра за нив? Да не има 10 години престој во Австрија да му ебам племето јас, за нив можи да си натурализираат играчи, за нас не може...:tapp:
 
Па и нека изгубат, ние да гледаме да ги победиме Австријците и сигурно ќе се пласираме во втората фаза.
Ама ќе идеме со 0 поени а ако победат ќе идеме со 2 поени. И не само за тоа 2 првенства по ред ги чекаме данциве да направат нешто и све не заебуваат..
 
Е сега да ги прашаш, како можи овај јужноамериканецов да игра за нив? Да не има 10 години престој во Австрија да му ебам племето јас, за нив можи да си натурализираат играчи, за нас не може...:tapp:
Пет години играл за екипа од Австрија.

Правилата се единствени, има две правила, прво мора минимум 2 години да живеел во државата и второ ако играл за друга репрезентација, мора да се поминати 2 години одс последниот настап за неа.
 
Е сега да ги прашаш, како можи овај јужноамериканецов да игра за нив? Да не има 10 години престој во Австрија да му ебам племето јас, за нив можи да си натурализираат играчи, за нас не може...:tapp:

И јас се чудам , од Доминиканска Република е , 21 год има , козјнае од колку год го имаат земено во Австрија.
 
Ама ќе идеме со 0 поени а ако победат ќе идеме со 2 поени. И не само за тоа 2 првенства по ред ги чекаме данциве да направат нешто и све не заебуваат..

Оти со нула со 1 бод ќе одиме тој со Чешка шо го освоивме, Австрија би испаднала, а Чешка би поминала со 3 бода Данска со 2. Ако те разбрав дека за вакво сценарио размислуваше.
 
Оти со нула со 1 бод ќе одиме тој со Чешка шо го освоивме, Австрија би испаднала, а Чешка би поминала со 3 бода Данска со 2. Ако те разбрав дека за вакво сценарио размислуваше.

Те трола dragonsky :D
 
Не гледам причина Данска нас да не заебе (при наш пораз од Австрија) и да им пушти на Чешка. Со нас во наредната рунда би пренела бодови а ако им пушти на Чешка би била пократка за два бода. Имајќи предвид дека од новоформираните групи по две репрезентации одат во полуфинале, секој бод ќе биде важен и неверувам дека Данска би се коцкала со тоа само за да не заебе нас.
 
Колку сме голи и боси на ова ЕП прашање е дали воопшто да се пласираат во вториот круг иако ќе загубат од Австрија па потоа да се мачиме и нервираме уште 3 утакмици или пак да си отидат уште одма.
Убаво би било да одат понатаму само поради фактот дека ќе имаме послаба репрезентација за противник во баражот за СП,а дека би тепале некој во вториот круг некако тешко е за верување.
Жално ама толку ни е дометот.
 
Оти со нула со 1 бод ќе одиме тој со Чешка шо го освоивме, Австрија би испаднала, а Чешка би поминала со 3 бода Данска со 2. Ако те разбрав дека за вакво сценарио размислуваше.
Не те тролам :D Моја грешка, да со 1 поен ќе идеме ама сепак 2 > 1 и најпаметно ние и Данците да си тепаме :)
--- надополнето: 14 јануари 2014 во 22:19 ---
Него малце посериозно, Австријциве се за мене фаворити во дуелов против нас. Прикажуваат подобри партии од нас дефинитивно, со игра како од последниве 2 меча тешко да ги тепаме.
 
На Игорче му било измачување да го коментира мечот. :facepalm: Па не коментирај бе шутрак еден поарно без коментар ќе глеам. Ебати непрофесионалноста, ептен морав да глеам на ТВ инаку шо ги ебам сеа при преносиве на нет.
 
Хансен изгази мечов. 9 гола, 9 асистенции и 4 пенали над него направени..
 
Страв ме фаќа од овие Австријците упм....
Колку само напреднале,чудо нешто....:eek:
Ејј Австрија,за нив беше сон да стигнат до бараж....неверојатен напредок имаат...
Ако играме како со Чешка подобро да не излегуваме на терен,ќе не прегазат...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom