ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.971
- Поени од реакции
- 57.779
- Возраст
- 34

Отварам тема за групата А која ќе биде во центарот на нашето внимание, затоа што во нејзините рамки ќе настапува репрезентацијата на Македонија. Ја имавме таа (не)среќа да се паднеме во групата каде што однапред беше делегиран да игра домаќинот Данска, која без двоумење беше најнепосакуваниот противник за сите селекции од 2,3 и 4 барабан.
Покрај со домаќинот и прв фаворит за злато, во оваа група силите ќе ги одмериме и со репрезентацијата на Чешка и аутсајдерот (на хартија) од четвртиот барабан - Австрија. Репрезентации кои не ни се непознати или „заборавени“. И двете репрезентации ни се во свежо и пријатно сеќавање затоа што тие две репрезентации беа мостовите преку кои Македонија се пласираше во наредната фаза од конкретното натпреварување.



Исто така, со Данска се сретнавме и на следното големо натпреварување, СП 2013, каде што во последното коло од групната фаза загубивме со 33-30.
Локација:


За жал, локацијата на Хернинг не одговара на „фалангата“. Градот е на голема оддалеченост од Копенхаген, Малме и Гетеборг, каде што се сконцентрирани голем број македонски исселеници. Според тоа тешко дека ќе можеме повторно да ја видиме сликата која ја гледавме во Гетеборг за време на квалификациите за ОИ каде што на трибините имаше и преку 1000 македонски навивачи.
Преставувањето на репрезентациите во наредниот пост.
--- надополнето: 3 јануари 2014 во 00:26 ---
Репрезентации:
Данска

Бранителот на титулата од ЕП 2012, домаќинот на овој континентален собир, репрезентацијата на Данска е според многумина прв фаворит за освојување, односно одбрана на златото. Тетка Улрих Вилбек речиси и да немаше посериозни проблеми при пикирањето на тимот за ова првенство, кој е скоро идентичен со оној кој настапи на СП минатата година.
Данска е двократен европски шампион, а на три пати освојуваше бронзен медал. Како што споменав, моментално се актуелен бранител на тронот, додека на СП 2013 беше вицешампион.
Тим:
Голмани:
Niklas Landin Jacobsen Rhein Neckar Löwen
Jannick Green Krejberg Bjerringbro Silkeborg
Крила:
Lasse Svan Hansen SG Flensburg Handewitt
Hans Lindberg HSV Hamburg
Anders Eggert Magnussen SG Flensburg Handewitt
Casper Ulrich Mortensen Bjerringbro Silkeborg
Пикери:
Michael V. Knudsen SG Flensburg Handewitt
Rene Toft Hansen THW Kiel
Jesper Nøddesbo FC Barcelona
Бекови:
Mads Christiansen Bjerringbro Silkeborg
Kasper Søndergaard Sarup Skjern Håndbold
Rasmus Lauge Schmidt THW Kiel
Thomas Mogensen SG Flensburg Handewitt
Mikkel Hansen PSG Paris Handball
Mads Mensah Larsen Aalborg Håndbold
Bo Spellerberg KIF Kolding København
Henrik Møllgaard Jensen Skjern Håndbold
Klaus Thomsen Team Tvis Holstebro
Ѕвезда:

Микел Хансен е еден од најдобрите ракометари во светот на неговата позиција, а во 2011 година и официјално беше прогласен за најдобар од страна на ИХФ. После ланската турбулентна сезона во која влечеше повреда на коленото, Хансен сезонава е една од клучните алки во „милионерскиот“ проект на ПСЖ.
Тренер:

Улрих Вилбек (или попознат како „тетката“) е главниот човек во данскиот ракомет и клучна алка за успесите што државата ги има во овој спорт изминатите петнаесетина години. Најпрво како селектор на женската репрезентација прави историски успех обединувајќи ги трите најважни титули (СП, ЕП и ОИ). Во 2001 година се префрла во машкиот ракомет, а во 2005 ја превзема машката репрезентација со која континуирано е меѓу главните фаворити на големите натпреварувања, на двапати и освојуваќи го европскиот трон.
-------------------------------------
Чешка Република

Репрезентацијата на Чешка е можеби во многу сегменти и најслична на нашата репрезентација. Сочинета од неколку добри играчи кои играат во престижни европски екипи и веќе долго време се заедно во репрезентацијата, а се предводени од Филип Јиха, своевремено најдобриот ракометар во светот. Тимот во последните години се соочува со многу променлива форма, пропуштајќи да се пласира на последните две СП, но е константен учесник на европските собири па така ова ќе им биде четврто ЕП по ред.
Ако гледаме „на хартија“, Чешка е селекцијата против која треба најмногу да ги кршиме копјата за освојување на второто место, доколку Данска ја сметаме за апсолутен фаворит, а Австрија за „недоволно квалитетна“ за пласман во втората фаза.
На собирот се квалификуваа како првопласирани од групата 2, каде што заедно со Црна Гора го приредија едно од изненадувањата во квалификациите, оневозможувајќи ја Германија да учествува на ова ЕП.
Тим:
CZE
ŠTOCHL Petr Fuchse Berlín (GER)
MRKVA Tomáš ASV Hamm-Westfalen (GER)
HRSTKA Jakub Tatran Prešov (SVK)
VANČO Marek Karviná
JURKA Miroslav St. Raphael VAR HB (FRA)
SOBOL Jan Azoty Pulavy (POL)
MRÁZ Alois TV Hütenberg (GER)
ŠINDELÁŘ Jakub SSK Talent 90 Plzeň
KUBEŠ Daniel Melsungen (GER)
JÍCHA Filip THW Kiel (GER)
HORÁK Pavel Füchse Berlin (GER)
KASAL Michal FC Barcelona (ESP)
BEČVÁŘ Roman HC Empor Rostock (GER)
SKLENÁK Tomáš ThSV Eisenach (GER)
BABÁK Tomáš TSV Otmar St. Galen (SUI)
STEHLÍK Jan St. Raphael VAR HB (FRA)
Ѕвезда:

Капитенот Филип Јиха е несомнено алфа и омега во оваа генерација на Чешка веќе неколку години. Најдобриот светски играч од 2010 година беше и најефикасниот во квалификациите за својот тим, подеднакво допринсеувајќи и во одбраната. Игра за Кил од 2007 година, каде што два пати се закити со трофеј од Лигата на Шампионите.
Тренер:
По оставката на Мартин Липтек, Чесите се решаваат за „шведски“ модел на стучен штаб, назначувајќи ги Владимир Хабер и Јарослав Јуречек на селекторската позиција. Примарно назначени како времени решенија, но по успехот да се квалификуваат на ова ЕП, чешката федерација ќе им укаже шанса и на самото првенство.
------------------------------
Австрија

Формално аутсајдерот во нашата група, репрезентацијата на Австрија е една од државите во кои ракометот е во време на „важни години“ кои можат да одредат дали ќе има светла иднина. Сепак, во споредба со останатите три селекции, Австрија е „најнепознатиот“ играч во оваа група. Единственото учество на ЕП им е во 2010 година, на кое всушност и беа домаќини. На тоа првенство имаа солиден пласман и завршија како деветти. Следната година учествуваа на СП каде завршија на 18. место. Тимот е воглавно сочинет од „натурализирани“ играчи, односно Австријци со странско потекло, кои настапуваат воглавно во германски и австриски клубови. Единствен играч кој игра надвор од споменатите две држави е Дамир Ѓукиќ кој игра во Унгарија.
Патот до првенството ги водеше преку една од најизедначените групи во квалификациите, групата 7 каде што завршија како второпласирани зад Србија и пред Русија, која сепак како најдобро третопласирана селекција се пласираше на ЕП.
Тим:

Ѕвезда:

Ако веќе бираме некој од релативно непознатиот тим на Австрија кој се истакнува пред другите, тоа е искусниот 35 годишен Унгарец со австриски пасош Виктор Силаѓи. Капитенот на Австрија има настапувано за дел од најдобрите бундеслигашки екипи а моментално настапува за Бергиншер. Интересно, тој ги има обединето трите европски клупски титули, односно ги има освоено Лигата на Шампионите, ЕХФ купот и КПК.
Тренер:
Предводник на Австријците на ова ЕП ќе биде поранешниот исландски репрезентативец Патрјкур Јохансон.
Преставување на македонската репрезентација мислам дека не е нужно, бар не пред подготвителниот турнир викендов, но сепак доколку некој сака слободно нека пише модераторите ќе го спојат во првиот пост.
Мислам дека опфатив се што е основно за групава и што требало бар на еден лаик да му биде познато. Бујрум.
