ЕП 2014 - Група А (Македонија, Данска, Чешка, Австрија)

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување

Кое место во групата ќе го освои Македонија?


  • Вкупно гласачи
    162
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.971
Поени од реакции
57.779
Возраст
34
Локација
Quarth -The greatest city that ever was or will be
b0a78b2f89.png

Отварам тема за групата А која ќе биде во центарот на нашето внимание, затоа што во нејзините рамки ќе настапува репрезентацијата на Македонија. Ја имавме таа (не)среќа да се паднеме во групата каде што однапред беше делегиран да игра домаќинот Данска, која без двоумење беше најнепосакуваниот противник за сите селекции од 2,3 и 4 барабан.

Покрај со домаќинот и прв фаворит за злато, во оваа група силите ќе ги одмериме и со репрезентацијата на Чешка и аутсајдерот (на хартија) од четвртиот барабан - Австрија. Репрезентации кои не ни се непознати или „заборавени“. И двете репрезентации ни се во свежо и пријатно сеќавање затоа што тие две репрезентации беа мостовите преку кои Македонија се пласираше во наредната фаза од конкретното натпреварување.



hqdefault.jpg
Со репрезентацијата на Чешка се соочивме на ЕП 2012, во рамките од третото коло на групата Б, во меч кој директно одлучуваше за пласманот во втората фаза од првенството. Македонија ја победи Чешка со 27-21, победа која ни донесе пласман на втората позиција во групата. Мечот ќе остане и забележан по тоа што е најбучниот меч одигран на ЕП според ЕХФ.


maxresdefault.jpg
Австрија пак, беше репрезентацијата преку која се пласиравме на СП 2013. Во првиот меч во Скопје забележавме победа од 26:21, додека во реваншот една недела подоцна во Виена доживеавме „прифатлив“ пораз - 30:27 и се пласиравме на мундијалот во Шпанија со вкупен резултат 53:51.


1336585726-denmark-vs-macedonia-3332_1012501.jpg
За разлика од гореспоменатите две селекции, судирите со Данска не ни се во свежо но непријатно сеќавање. Сите го паметиме дуелот на ЕП од втората фаза, кога во егал ги држевме Данците цел меч, водејќи на повеќе пати, за на крај несреќно да загубиме со 33:32, со примен гол во последната секунда. Пораз кој дефинитивно ни ја сруши тогаш реалната и сега историска шанса за полуфинале. Тој меч го следеа 17.000 гледачи и беше меч со најголема посетеност ако ги исклучиме мечевите на домаќинот.

Исто така, со Данска се сретнавме и на следното големо натпреварување, СП 2013, каде што во последното коло од групната фаза загубивме со 33-30.


Локација:


kort-herning.jpg
Хернинг е град лоциран во западна Данска, во средишниот дел на полуостровот Јиланд. Има околу 50.000 жители во својот урбан дел (што го става во групата средно-големи градови) и е воглавно познат како индустриски град, со акцент на текстилното производство.

v308828_958_480_320-1.jpg
Кога е во прашање ракометот, градот нема клуб кој би бил синоним за него, иако женскиот тим на Митјиланд натпреварите од Лигата на Шампионите ги игра во овој град, односно во салата Jyske Bank Boxen (каде што тимот на ЖРК Вардар треба да гостува). Сепак Хернинг не е непозната локација кога е во прашање спортот. Домаќин е на фудбалскиот клуб Митјиланд чиј стадион е дел од најголемиот спортско-забавен комплекс во Скандинавија познат како MCH Messecenter Herning. Токму во тој комплекс се наоѓа и гореспоменатата сала во која ќе се играат натпреварите од ЕП.

Boxen%20oversigtsbillede
Jyske Bank Boxen е ултрамодерна и нова сала, отворена во 2010 година за женското ЕП. Во рамките на тоа првенство во оваа сала беше забележан и своевремено најпосетениот натпревар во женска конкуренција, мечот меѓу Данска и Норвешка кој го следеа 11.410 гледачи.

За жал, локацијата на Хернинг не одговара на „фалангата“. Градот е на голема оддалеченост од Копенхаген, Малме и Гетеборг, каде што се сконцентрирани голем број македонски исселеници. Според тоа тешко дека ќе можеме повторно да ја видиме сликата која ја гледавме во Гетеборг за време на квалификациите за ОИ каде што на трибините имаше и преку 1000 македонски навивачи.

Преставувањето на репрезентациите во наредниот пост.

--- надополнето: 3 јануари 2014 во 00:26 ---

Репрезентации:
Данска
a0ca544ba6.jpg

Бранителот на титулата од ЕП 2012, домаќинот на овој континентален собир, репрезентацијата на Данска е според многумина прв фаворит за освојување, односно одбрана на златото. Тетка Улрих Вилбек речиси и да немаше посериозни проблеми при пикирањето на тимот за ова првенство, кој е скоро идентичен со оној кој настапи на СП минатата година.
Данска е двократен европски шампион, а на три пати освојуваше бронзен медал. Како што споменав, моментално се актуелен бранител на тронот, додека на СП 2013 беше вицешампион.
Тим:
Голмани:
Niklas Landin Jacobsen Rhein Neckar Löwen
Jannick Green Krejberg Bjerringbro Silkeborg
Крила:
Lasse Svan Hansen SG Flensburg Handewitt
Hans Lindberg HSV Hamburg
Anders Eggert Magnussen SG Flensburg Handewitt
Casper Ulrich Mortensen Bjerringbro Silkeborg
Пикери:
Michael V. Knudsen SG Flensburg Handewitt
Rene Toft Hansen THW Kiel
Jesper Nøddesbo FC Barcelona
Бекови:
Mads Christiansen Bjerringbro Silkeborg
Kasper Søndergaard Sarup Skjern Håndbold
Rasmus Lauge Schmidt THW Kiel
Thomas Mogensen SG Flensburg Handewitt
Mikkel Hansen PSG Paris Handball
Mads Mensah Larsen Aalborg Håndbold
Bo Spellerberg KIF Kolding København
Henrik Møllgaard Jensen Skjern Håndbold
Klaus Thomsen Team Tvis Holstebro


Ѕвезда:
0006131a-642.jpg


Микел Хансен е еден од најдобрите ракометари во светот на неговата позиција, а во 2011 година и официјално беше прогласен за најдобар од страна на ИХФ. После ланската турбулентна сезона во која влечеше повреда на коленото, Хансен сезонава е една од клучните алки во „милионерскиот“ проект на ПСЖ.

Тренер:
wilbek_100.jpg


Улрих Вилбек (или попознат како „тетката“) е главниот човек во данскиот ракомет и клучна алка за успесите што државата ги има во овој спорт изминатите петнаесетина години. Најпрво како селектор на женската репрезентација прави историски успех обединувајќи ги трите најважни титули (СП, ЕП и ОИ). Во 2001 година се префрла во машкиот ракомет, а во 2005 ја превзема машката репрезентација со која континуирано е меѓу главните фаворити на големите натпреварувања, на двапати и освојуваќи го европскиот трон.

-------------------------------------

Чешка Република
71245bbf92.jpg

Репрезентацијата на Чешка е можеби во многу сегменти и најслична на нашата репрезентација. Сочинета од неколку добри играчи кои играат во престижни европски екипи и веќе долго време се заедно во репрезентацијата, а се предводени од Филип Јиха, своевремено најдобриот ракометар во светот. Тимот во последните години се соочува со многу променлива форма, пропуштајќи да се пласира на последните две СП, но е константен учесник на европските собири па така ова ќе им биде четврто ЕП по ред.

Ако гледаме „на хартија“, Чешка е селекцијата против која треба најмногу да ги кршиме копјата за освојување на второто место, доколку Данска ја сметаме за апсолутен фаворит, а Австрија за „недоволно квалитетна“ за пласман во втората фаза.

На собирот се квалификуваа како првопласирани од групата 2, каде што заедно со Црна Гора го приредија едно од изненадувањата во квалификациите, оневозможувајќи ја Германија да учествува на ова ЕП.


Тим:


CZE
ŠTOCHL Petr Fuchse Berlín (GER)
MRKVA Tomáš ASV Hamm-Westfalen (GER)
HRSTKA Jakub Tatran Prešov (SVK)
VANČO Marek Karviná
JURKA Miroslav St. Raphael VAR HB (FRA)
SOBOL Jan Azoty Pulavy (POL)
MRÁZ Alois TV Hütenberg (GER)
ŠINDELÁŘ Jakub SSK Talent 90 Plzeň
KUBEŠ Daniel Melsungen (GER)
JÍCHA Filip THW Kiel (GER)
HORÁK Pavel Füchse Berlin (GER)
KASAL Michal FC Barcelona (ESP)
BEČVÁŘ Roman HC Empor Rostock (GER)
SKLENÁK Tomáš ThSV Eisenach (GER)
BABÁK Tomáš TSV Otmar St. Galen (SUI)
STEHLÍK Jan St. Raphael VAR HB (FRA)


Ѕвезда:
137353678-filip-mirkulovski-of-macedonia-defends-gettyimages.jpg


Капитенот Филип Јиха е несомнено алфа и омега во оваа генерација на Чешка веќе неколку години. Најдобриот светски играч од 2010 година беше и најефикасниот во квалификациите за својот тим, подеднакво допринсеувајќи и во одбраната. Игра за Кил од 2007 година, каде што два пати се закити со трофеј од Лигата на Шампионите.

Тренер:
По оставката на Мартин Липтек, Чесите се решаваат за „шведски“ модел на стучен штаб, назначувајќи ги Владимир Хабер и Јарослав Јуречек на селекторската позиција. Примарно назначени како времени решенија, но по успехот да се квалификуваат на ова ЕП, чешката федерација ќе им укаже шанса и на самото првенство.

------------------------------

Австрија
7065fb7065.jpg

Формално аутсајдерот во нашата група, репрезентацијата на Австрија е една од државите во кои ракометот е во време на „важни години“ кои можат да одредат дали ќе има светла иднина. Сепак, во споредба со останатите три селекции, Австрија е „најнепознатиот“ играч во оваа група. Единственото учество на ЕП им е во 2010 година, на кое всушност и беа домаќини. На тоа првенство имаа солиден пласман и завршија како деветти. Следната година учествуваа на СП каде завршија на 18. место. Тимот е воглавно сочинет од „натурализирани“ играчи, односно Австријци со странско потекло, кои настапуваат воглавно во германски и австриски клубови. Единствен играч кој игра надвор од споменатите две држави е Дамир Ѓукиќ кој игра во Унгарија.

Патот до првенството ги водеше преку една од најизедначените групи во квалификациите, групата 7 каде што завршија како второпласирани зад Србија и пред Русија, која сепак како најдобро третопласирана селекција се пласираше на ЕП.
Тим:
Capture.JPG

Ѕвезда:
szilagyi_100.jpg

Ако веќе бираме некој од релативно непознатиот тим на Австрија кој се истакнува пред другите, тоа е искусниот 35 годишен Унгарец со австриски пасош Виктор Силаѓи. Капитенот на Австрија има настапувано за дел од најдобрите бундеслигашки екипи а моментално настапува за Бергиншер. Интересно, тој ги има обединето трите европски клупски титули, односно ги има освоено Лигата на Шампионите, ЕХФ купот и КПК.

Тренер:
Предводник на Австријците на ова ЕП ќе биде поранешниот исландски репрезентативец Патрјкур Јохансон.


Преставување на македонската репрезентација мислам дека не е нужно, бар не пред подготвителниот турнир викендов, но сепак доколку некој сака слободно нека пише модераторите ќе го спојат во првиот пост.

Мислам дека опфатив се што е основно за групава и што требало бар на еден лаик да му биде познато. Бујрум. :)
 
1. Данска мислам дека фуриозно ќе ги разнесе сите три противници во групата.
2. Чешка напредува и екипно и поединечно, ние стоиме во место плус недостаток на играчи.
3. Австрија нема ниту играчи ниту искуство.

Моето предвидување би било од Македонска гледна точка како навивач дека би завршиле втори. Иако ќе биде многу многу тешко.
 
Јас се надевам дека ќе бидеме трети .

@ElNinho одлично составен вовед. (y)
 
Овие па Данциве, пет Хансена имаат. Мислат така е тоа. И ние имаме двајца Лазарови и Мојсевци, па не е тоа тоа.
Данците нема да се толку фуриозни против нас и Чесите, барем јас така мислам. Се надевам на сигурна победа против Австрија, а на другите со господ напред.
 
Да ме прашавте пред 2-3 недели, одма ќе гласав за второ место, Чешка и Австрија не се кој знае какви тимови што не би можеле да ги победиме, но по сите откази во тимот (прво Словенецов што не ни го одобрија, па Мојсовски, па Лазаров а сега и Пецаковски откажаа) сега искрено стварно не верувам да отидеме понатаму, се надевам нема да испадне така али имам впечаток дека на крај ништо нема да направат...
 
Јоноски и Ангеловски ќе треба да играат напред назад цел натпревар :facepalm:. Незнам како се спремни, ама знам ако ни играат фластер над Киро ондак ќе биди мн. тешко. Само ако се игра тимски ќе имаме шанси за било каков успех.
 
Реално гледано во густо сме.... останатите јаки се. Мислам дека ќе бидеме трети ......, но зошто да бидеме песимисти кога можеме да бидеме и оптимисти........ може ќе бидеме први ;)
 
Се надевам на второ. Во нормални околности сами Данска би ни била проблем, но не и некој супер голем проблем. Ако се сеќавате, најчесто губиме со мала разлика.
Но, сега кога двајца од нашата репрезентација нема да учествуваат, проблемот ќе биде малку поголем. Па, и може да се каже дека шансите да победиме против Данска се многу мали.
Охооо, едвај чекам!
 
Како затера со повредите подобро да не тренираат до крај зошто сите ќе се испокршат....:D
Кога сме кај повредите,Лазаров џуниор се повреди играјќи плејстешн:drk: ....од шо материјал е ова дете не знам,како од шеќер да е.....:tapp:
Мојсо го изнесе најголемиот дел од товарот во напад на Металург неколку сезони наназад,за играч со речиси 100 кила,а висина од само 187 см ова е премногу,прашање на време беше кога ќе се повреди...за жал....а и не е млад,33 години,неколку сериозни повреди зад себе...тоа е....
Штета за Пецакот,неверојатен талент,го раскапаа повредите,ако беше здрав,и ако тренерите имаа малку слух за неговиот талент сега ќе играше некаде во странство,немаше да биди трета постава во Металург....ако можат да го оспособат тој е единствена добра опција за напад....
И сега шо ни останува во напад?:facepalm:
Страв ми е да помислам како ќе изгледаме во офанзива,со кој ќе играме?:гик:Прибак се приклучува во втор круг...пак со него некако ќе се крпеше,барем знае да потегни нешто....
Со Фичо Миркуловски шо јуриша со главата во противничката зона:facepalm: ,на 6-0 зона има да не распарчат....
Подобро да не играме со лев бек,да играме со 2 пикери.....:)нека буцаат Столе и Ванчо,машала добри бишки имаме за трка...:X3: па да чекаме некако шанса,или за проигрување на пикер,или со некој шут од 7,8 метри,вака тешко....
Бранче Ангеловски,шта речи,коју поруку послати?нека си игра во одбрана,нека му нацртаат една црвена линија да не го помнува центарот,зошто или ќе направи пробивање,или техничка грешка,или ќе ја акни 3 метра над/покрај гол....
Ацо Јоноски,исти курац,различно пакување....едно време во Пелистер и Вардар играше лев бек,знаеше да бапни некоја,ама тоа беше одамна,сега го изгуби осетот за игра во напад,има топ во раката,ама за утакмици со Ловчен,Нексе....
Нека пробаат со него,барем ќе ги плаши со висината,ама и со брадата,нека не се бричи уште некое време,страшно делува...:pos:
Ваква поставеност на напад,не знам само кој ќе дава топки на крило?
Ај некако кај Кире ќе има простор за дотур на топка до Гоце,ама лево шо прајме?
Ќе чекаме Манасков да тргни на контра(ако добие топка од Борко нормално).....
Лошо,лошо....со повредата на Мојсо губиме неколку асистенции на меч,пред се кон пикер,имаше одлична соработка со Ванчо и Столе....
Тоа а,да се надеваме дека ќе ископаат некоја тактика...со бавни напади ала Металург да пробаме нешто да напрајме,зошто реално во мечеви со многу напади неаме шо да понудиме...
Да се стегни одбраната,барем за овде имаме коњи за трка,само прашање е како ќе се реализира таа ротација...имаме 4,5 души дефанзивци(како ХФЛ тим сме упм)....Велко,Ацо,Бранче,Митков,па и Мите Стоилов(дечкото со изиграни 5 минути во последните 3 сезони):),а Обвран не е тип на Лино кој менува по 3 ца на секоја измена напад/одбрана...
И на крај голманите,Борко е во добра форма,да се надеваме дека ќе биди при себе,дека нема да се глупира со своите offpitch излети,дека ќе биди концетриран само на својата работа и ќе имаме добар тимски дух...
За душманите шо да кажам...
Данците го собраа најдоброто шо го имаа...
Не знам дали Кнудсен ќе игра(знам дека имаше клаузула во неговиот договор со Фленсбург да не игра за репрезентација)....
Им се врати Могенсен,многу им фалеше....
Освен на десен бек секаде се пополнети максимално(мамето нивно):D
Овде нема шо да бараме...но барем да имаме некоја пристојна негатива...
Силата треба да се насочи кон мечевите со Чешка и Австрија...
Чесите салам интернационала собрале,Јиха,Штокл се веќе познати бундес звезди,се проби Хорак кој има добра сезона во Фуше..Кубеш исто добар бек,Михал Касал перспективен лев бек,209 висок,сигурно штом Барса го собра вреди...многу добри бекови имаат Чесите...
Австријците се опасни,играат многу брз ракомет,што не е ни чудо зошто имаат селектор од Исланд...
Не се нешто посебно,ама не сме ни ние....
Верувам во пласман во втор круг,ама ќе треба многу работи да функционираат како треба,пред се одбраната и голманите,овде ако сме добри ќе имаме шанса со Чесите и Австријците,ако не сите карти како по обичај на Кире,па ќе чекаме да дава по 10+гола за да имаме некоја шанса за нешто....
Како и да е,главата горе не сме за потценување......:cool:
 
Прво да пишам дека су мразочаран од изборот на играчи кој се направи т.е кој игра за Метлаург и во репрезентација, па уште и оној Стојчевски кога ќе го видам, очекувам дебакал да се деси.
А кога веќе нема кој да игра на лев бек, нека му дадат на младион Манасков и така ништо не губиме, може само да одбиеме млад играч, пошоа Јоновски а Мартин исто ти се фаќа.
 
So Danska imame zavrsheno 33:32 i 33:30 ne e za potcenuvanje i za pesimizam. Ama svekako imamo nedostatok na kljuchni igrachi pa... So Danska sigurno gubimo ne samo radi rezultatot nego i radi publikata danska koja kje vleva negativna atmosfera na smetka na Makedoncive... :/ Ama vtoro mesto ne ni bega :)
 
Јас се надевам на 3-то место. Од изнесениве факти, се гледа дека и Австрија е цврст противник, така што нив да ги добиеме ќе биде супер. Чешка го има Јиха. За Данска да не правиме муабет.
 
А ги видам Данска во група и веднаш ми се темни. Хансен немам зборови да го опишам.

Со лесно нека е.
 
Можеше многу потешка група д ани се падне така да групава е добра ама ние сме лоши. Се надевам дека ќе ги фати инатот и дека и покрај сите тие повреди и "неправди" ќе успеат да завршат на некое си солидно место.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom