Со што ја споредувате играта кога велите дека е безживотна? Според мене, најдобрата игра од овој серијал, а сигурно и една од трите најдобри rpg, заедно со Planescape Torment & KOTOR.
"Yeah, well, that's just like, your opinion, man."
- The Dude
Според мене Skyrim е на исто рамниште со Oblivion, а малку под Morrowind (посебно со модерни модови). Поиграј уште малку, пробај да се внесеш во светот, па ќе почнеш и ти да приметуваш нелогични работи, и колку мрзливи биле дечките од Bethesda задолжени за мисиите и дијалогот (или не им стигнало времето до 11.11.11) кога се работи за главната приказна, па и за оние поголемите споредни (граѓанската војна, Колеџот, Thieves Guild..).
Сакаш конкретни примери за immersion-breaking?
Мојот лик, воин со тежок оклоп и две секири во рацете кој од магии ги знаеше само тие за лечење и фрлање оган, после неколку лесни мисии стана Arch-mage, главен на Колеџот во Winterhold. Воин, дудук за магија, е најголем волшебник.
Или, една вечер украдов неколку предмети од продавница во Solitude (без сведоци, без bounty), за после неколку дена да ме пресретнат тројца платеници најмени од сопственикот на продавницата да ме убијат. Зашто, иако немало сведоци, така му се сонило.
Или тоа што скоро никој не реагира откако ќе ја спасиш целата провинција (па и цел Tamriel) од сигурна смрт. Никаква награда, ни попуст во продавниците за "Спасителот".
И така натаму.. огромен потенцијал, ама неискористен заради конзолите и заради маркетингот. Штом ја пуштат во продажба новата генерација на конзоли, сите ќе видиме ќар во однос на квалитетот на игрите и големината/животот на световите во нив.
Така да, Bethesda се сеуште далеку од BIS и Bioware, барем кога се работи за мисии, приказна, дијалог и ликови.
ова само покажува дека или не знаете ни самите што сакате, или немате големо искуство со игрите.
И, немој ова уште еднаш да ти се испушти, посебно кога не знаеш ништо за соговорниците.. не си работел на играта со години, па туѓите мислења да ги сфаќаш како навреда
