Еднооки!

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.259
Поени од реакции
12.525
Случајно ја фатив анимиранава серија во саботата на А1 во 8. Сега проверив на сајтот ќе ги даваат секоја сабота во 8. Во стилот нешто блиску се како хрватскиот "Зликавци" (или како се викаше) меѓутоа се доста инвентивни според мене. На неколку моменти на глас се смеев. Штета сеуште нема ништо на веб за нив. Малку е тешко да се објаснат, мора да се гледаат. Тврд политички хумор со добра анимација и замисла.
 
Абе ок се, ама не и wow! Некако ми е веќе видено, а башка не некои моменти хуморот им е глуп.
 
Шо знам, мене првата епизода ми беше доста интересна, бидејќи е прва анимација од ваков тип кај нас. К-15 во боја.

Еве што најдов по веснициве.

"КОНТРА БАНДА" ПРАВИ АНИМИРАНА СЕРИЈА "ЕДООКИ"
Борис Дамовски и се смее на политиката и се друго
Самото име "Контра банда" што во жаргон значи, шверц, зборува дека не интересираат темите за кои што другите не зборуваат - најсмешни ми се авторитетите од политиката и естрадата, вели Дамовски.

{F6368CF4-4561-4D24-AE0D-2E0E42992AC0}_damovski-2.jpg

Продукцијата "Контра банда" го промовираше својот прв заеднички проект. Тоа е телевизиската анимирана серија "Еднооки". Идеен автор на серијата е режисерот Борис Дамовски, кој е и еден од авторите во сите сегменти на проектот.
Тој вели дека "Еднооки" е цртана, хумористично сатирична серија. "Се смееме со политиката, естрадата, општеството, социјалата. Најсмешни ни се авторитетите од сите области.. Се смееме со животов што не опкружува. Ова не е серија која дава одговори, само ги отвора сите прашања што заслужуваат одговор. Ги следиме сите случувања и ги коментираме сите настани. Самото име 'Контра банда' што во стар жаргон значи, шверц, зборува дека не интересираат темите за кои што другите не зборуваат", вели Дамовски.
Тој вели дека нема демократско општество без хумор и дека авторитетите, политичарите и сите јавни личности треба да се навикнат на тоа.
Серијата е цртана во класична 2Д анимација. Има неколку главни ликови, а останати се појавуваат по потреба на сценариото. Таа е со магазински карактер, како магазински неделник, велат од продукцијата во која уште се и сценаристите Алек Русјаков и Ружица Пејовиќ. Главен цртач е Мичо Димитриевски или Тхе Мичо, а главен аниматор е Дамјан Михаилов.
Режисери се Борис Д., Алек Р. и Јозеф К.
Насловната музичка тема е од БИС "Клобуци". Останатиот дел од музиката е синтетска и таа се прави на комјутерите исто како што се прави целата серија. Екипата е задоволна бидејќи со оваа своја прва заедничка работа тие пополнуваат еден празен простор во нашето медиумско живеење. "Еднооки" премиерно се прикажуваат секоја втора сабота на А1 телевизија. Една епизода трае помалку од 15 минути.
Од "Контра банда"најавуваат серијата да се развива и да оди секоја сабота. Ова е само еден од производите на оваа продукција која како што велат основачите е подготвена за производство на сите телевизиски и филмски жанрови, додавајќи дека веќе имаат сценарија за три играни фимови.
 
"КОНТРА БАНДА" СО НОВИ ЕПИЗОДИ
Во "Еднооки" ќер рапуваат политичарите
Анимираната серија "Еднооки" во продукција на "Контра банда" на Борис Дамовски пред изборите добива нови ликови и рубрики.

{935395D6-F085-4A70-9A59-BB5E47E5C42A}_Partizanka-2.jpg

Анимираната серија "Еднооки" во продукција на "Контра банда" на Борис Дамовски пред изборите добива нови ликови и рубрики.
Борис Дамовски, еден од сценаристите и режисерите на "Еднооки" вели:."Веројатно и ние ќе ќутиме за време на молкот. Но дотогаш и натаму ќе се смееме на се што не опкружува, па и на политиката. Во идните епизоди ќе има повеќе музика, ќе пее естрадата, но ќе пеат и ќе рапуваат политичарите, со наши верзии на нивните слогани од кампањите".
Од "Контра банда" се задоволни од досегашните реакции за серијата, велат дека според коментарите, ја погодиле целната група и дека кај младите станува култна и тие веќе го користат сленгот на "Еднооки". Серијата се емитува нешто повеќе од два месеца, а според "Стратеџиг маркитинг" има гледаност од 11,2 проценти, што би значело дека е некаде а 5 или 6 то место.
Покрај Дамовски во екипата на "Еднооки" што оди на а1 телевизија секоја сабота, се и сценаристите Алек Русјаков и Ружица Пејовиќ. Главен цртач е Мичо Димитриевски или Тхе Мичо, а главен аниматор е Дамјан Михаилов.
 
Закон се... Немам зборови. Вакво нешто ни требаше. Не знам дали сте ја гледале нивната Триологија „Господарот на прстенот“, како го бараат прстенот на Гоце Делчев, не можам да ви опишувам со зборови, мора да се гледа.
п.с. Ако најдете нешто на интернет, давајте линк да вадиме. Одлични се.
:bravo::bravo::bravo::bravo::bravo::bravo:
 
Супер им е серијата.Ама најмногу ми се свиѓа делот со Фројд, и да трилогијата е мн. добра.
 
Zakon se. Uste prvata epizoda sum se utepal od smeenje.
A ova so Lord of the ring- aj da ne komentiram.:pos2:
 
Емисијата е многу јака ликовите се одличи, сценарио занимливо ама гласовите се брилијантни
 
zakon se...bucko e najlegenda od site :)
gi gleam jas u nedela pred charmed i se gazam od smeenje...bolje od pecko 500 pati...alal da im e na tipcite za ova...od mene edno bravo za niv i tolku :)
 
Mnogu se extra gi sledam uste od pocetokot. Nacinot na koj se nacrtani likovite neznam eejjj kapa mu siminjam na deckoto!
 
Таа фраза на Бранко е легендарна веке : Абе смотан :pos:
 
eeeej a kiro koa kje pocne...i togas lazar mu rece na bla,bla,bla...ili vo trilogijata vranishkovski valjda wese koa zborese ne brini druze,ne brini hahaahhhaha ludi se we :)
 
Animation_characters_by_themico.jpg

а кога рековте ја има серијава? и на кој канал? BTW закон карикатури!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom