Од понудениве на листава, овие ми се по ќејф.
1. Foolish Green - Sun is Gone
Момциве се откровение. Млад алтернативен бенд кој има светски звук налик на оние британски бендови. Ја имаат цела моја подршка, им посакувам успех и мислам дека за кратко време и надвор од границиве на државава ќе станат препознатливи.
2. La Colonie Volvox - Fin Amor
Сосема случајно на една седенка го слушнав гласот на Гиш како пее некоја француска песна. Иако не разбирам збор француски, го препознав звукот и сличноста со некои од нашите стари песни. Потем чепкајќи нешто низ нет, дознав дека проектов е створен од Гиш и неговата музичка "банда" кои како инспирација ги користат европското музичко наследство, трубадурите, препеани на франуцски, англиски, македонски, се тоа средено со спрецифичен музички израз, од пред некое време надополнет и со прекрасниот вокал на младата Калина.
3. Bei The Fish - Instant Generation
Кога прв пат ги слушнав во кола, не ми се веруваше кога ми кажаа дека се од кај нас. Спој на електроника со поп, а нашите деца. Прекрасно.