Еден поинаков МАК ТОП 10 - Кајгана edition

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Од мене за оваа недела:
Дуке
Гиш и
Сонцето го нема(Зајде сл'нцето)

За Фолтин не ми се гласа, оти колку и да ги сакам оваа песна не ми е по мерак. Можеби за некоја друга кога ќе има нов предлог од нив.
 
Исто, со една промена во изборот.Првата ја бирам поради Човекот од Хром и симпатичниот хип хоп и гитарски микс, втората најмногу поради гласот на Царовска (Дали вметнувањето како предлог е потврда за тргнување на ограничувањето од една година?o_O) .Веројатно не беше доволно добар овде.
И некој додаток во различен стил, гледам рок, електроника, преработки на стари песни...уште нешто хип хоп остана и метал можда?
Тоnyo San & Kemp Od - Умри нашки
Герила-Тражи се
ЛД Пистолеро - Деца на транзиција (продуцент Брус од Фулиш Грин, не можам уште да го замислам во новата ‘улога‘)
>>>>>>>>>>>>
String Forces - Причина - предумисла
Hardfaced - Running your own shadows
Кирил Џајковски - Lie to me
Нешто на граница од 1 год. - Pumpers-Слобода.
 
Бар Култура - Бернајс П.
И имам прашање - Дали само се гласа во темава или се вметнуваат и наши предлози ? Има временско ограничување на траките ? т.е. може стари, нови .. или ?
 
На Царовска прв пат ја слушам и е топоини. Прв глас за неа.
Вториот е за Смат.
Третиот се мислам, ми се допаѓа и Јано Мори и на Гиш онаа како да експериментирал со печурките. По пола.
 
Од понудениве на листава, овие ми се по ќејф.

1. Foolish Green - Sun is Gone
Момциве се откровение. Млад алтернативен бенд кој има светски звук налик на оние британски бендови. Ја имаат цела моја подршка, им посакувам успех и мислам дека за кратко време и надвор од границиве на државава ќе станат препознатливи.

2. La Colonie Volvox - Fin Amor
Сосема случајно на една седенка го слушнав гласот на Гиш како пее некоја француска песна. Иако не разбирам збор француски, го препознав звукот и сличноста со некои од нашите стари песни. Потем чепкајќи нешто низ нет, дознав дека проектов е створен од Гиш и неговата музичка "банда" кои како инспирација ги користат европското музичко наследство, трубадурите, препеани на франуцски, англиски, македонски, се тоа средено со спрецифичен музички израз, од пред некое време надополнет и со прекрасниот вокал на младата Калина.

3. Bei The Fish - Instant Generation
Кога прв пат ги слушнав во кола, не ми се веруваше кога ми кажаа дека се од кај нас. Спој на електроника со поп, а нашите деца. Прекрасно.
 
Бар Култура - Бернајс
Dоwn -Тања Царовска
Instant Generation - Рибата беи
 
A ти Zlatikevichius дали ја чувствуваш стерилноста и монтоноста у темата на која те предупредив? Не вирее тема во која ќе имаме само механичко гласање. Мора да и ставиш заплет и поента.
Поента има: да презентираме се она кое Македонија го нуди, а од Верици Пандиловски, Јоциња Пановски, Тари, Лоби и слични :гомце: не можеме да го чуеме. А на крајот на секоја година да им дадеме признание на најдобрите изведувачи и песни. Заплети сами си создаваме, но бидејќи нив најмногу ги има во турските серии, овде и не се баш пожелни ;)
--- надополнето: 1 мај 2013 во 23:34 ---
втората најмногу поради гласот на Царовска (Дали вметнувањето како предлог е потврда за тргнување на ограничувањето од една година?o_O)
Тоа + затоа што Down е С В Е Т С К А!!!
--- надополнето: 1 мај 2013 во 23:43 ---
Бар Култура - Бернајс П.
И имам прашање - Дали само се гласа во темава или се вметнуваат и наши предлози ? Има временско ограничување на траките ? т.е. може стари, нови .. или ?
Секако дека се вметнуваат ваши предлози - во тоа е и поентата: да споделуваме и рангираме добра македонска музика (секако - не може сите предлози наеднаш, но постепено - на секоја песна ќе и дојде редот).
Инаку се гласа за (максимум) три песни во една недела, а за предлозите го тргнавме временското ограничување, што значи - може и постари песни да се предложуваат и ставаат (нормално - не да се навраќаме којзнае колку далеку во минатото...). Временското ограничување го има само на Евросонг и е најголемата глупост што може да постои - музиката (како и сите други уметности) НЕ СМЕЕ да има ограничувања. ;)
 
Foolish Green - Sun is Gone
Јано мори севдалино - FIN Project
Down - Тања Царовска

Сфатив дека Фин проектов одлична песна имале. А Тања Царовска си владее, али кај нас просперираат лигавици само...
 
У мое време Тања Царовска не беше во вонбрачна врска плус вонбрачно дете со некој холивудски пајташ 40 години постар од неа и имаше хит песна Хоуоуоуууоууууеоеоеоеоеоуууоуу како и сите други жени певаљки Туна, Муна, Тамара, Форплеј и остали Хоууууоууууууоууууеоуоеоууууоеуу песнопојќи


така што направила квантен скок во нејзината музика. Ваљда збориме за истата певљака, колку Тањи Царовски пејачки може да има во Македонија?
 
У мое време Тања Царовска не беше во вонбрачна врска плус вонбрачно дете со некој холивудски пајташ 40 години постар од неа и имаше хит песна Хоуоуоуууоууууеоеоеоеоеоуууоуу како и сите други жени певаљки Туна, Муна, Тамара, Форплеј и остали Хоууууоууууууоууууеоуоеоууууоеуу песнопојќи


така што направила квантен скок во нејзината музика. Ваљда збориме за истата певљака, колку Тањи Царовски пејачки може да има во Македонија?

--- надополнето: 2 мај 2013 во 02:35 ---
 
1. La Colonie Volvox - Fin Amor
2.Foolish Green - Sun is Gone
3. Smut-Музејот на скршени срца
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom