Неделата бр. 3 на ЕПМТОП10 ќе слушнеме дури 4 нови предлози (на претпоследното место дури 3 песни имаа ист број на гласови, затоа сите отпаѓаат од листата), од останатите песни 4 се во искачување, 2 во опаѓање, и имаме нов бр.1. За тоа - потоа. Сега, кратко збогување со песните кои заминуваат од листата.
14. Антитело - Фолтин
Ќе остане запаметена како првиот број еден на ЕПМТОП10, кој по искачувањето на врвот, стрмоглаво се струполи на последното место веднаш - во следната недела. Насловната нумера од најновиот албум на битолскиот „псевдо-емигрантски кабаре“ состав, за кој нема потреба детално да се објаснува кои се и што се - само оној кој никогаш не ги слушнал и видел во живо не знае ништо за нив. А такви останаа малкумина. Ladies and Gentlemen - АНТИТЕЛО!!!
--- надополнето: 5 мај 2013 во 20:21 ---
13. 24/7 - The John & Човекот од Хром
Составен од Љупа Ангелов (вокал и гитара), басистот Филип Пајдаков и тапанарот Георги Божиков-Зоро, The John е најпрепознатлив по одличното LP од 2009 „Ти и јас и градот наш“, и мега-популарната „Ние сме од Скопје“. Бендот оформен во 2007 има издадено нов албум во 2012, насловен „Waufvw!!!“ од кој нумерата „24/7“ од седмото место на кое беше позиционирана минатата недела, испаѓа од нашата листа.
--- надополнето: 5 мај 2013 во 20:41 ---
12. In the Air - Duke B. and Lauren Amaris
По преселбата во САД, во 1999 година, македонскиот композитор, продуцент и пијанист со образование на Беркли се здоби со завидна слава пред се преку креирање на музиката за голем број значајни американски и европски остварувања од областа на филмот. Ги наполни Carnegie Hall во Њу Јорк, The Highline Ballroom, Avalon Theater во Лос Анџелес, Art Basel во Мајами, The Box во Њу Јорк... На листата негови соработки покрај TelepopMusik, Angela McCluskey, Ian Buchanan, Paul Cantelon, Cyndi Lauper и др. се најде и соработката со Lauren Amaris на неколку композиции, од кои In the Air ја слушнавме на нашата листа. По искачувањето на петтото место во првата недела, веќе наредната - ја напушта листата.
--- надополнето: 5 мај 2013 во 21:51 ---
11. Instant Generation - Bei the Fish
Последната песна која оваа недела отпаѓа од листата е Instant Generation, првиот сингл од најновиот албум на скопскиот состав Bei the Fish кој негува (како што самите велат) „фузија од акустични инструменти, електроника и модерни додатоци со воодушевувачката природа на вонземската поп музика“ - At the End of the Sand. И ако „Just an idea“ ги вивна во облаците во 2011 (иако бендот постои уште од 2001), фантастичниот звук надополнет со фантастични рок делници на „At the End of the Sand“ наговестува нивна телепортација многу подалеку, некаде меѓу ѕвездите и планетите. Wait and see

Instant Generation по една недела на 4тото место, отпаѓа од листата.