поодамна не нарачував од ебау, имав пауѕа 7-8 месеци, едно беа одмори а и нешто бев во дубиоѕа околу новите правила на паупал ; ми преведоа дека пау пал ќе наплаќа ама само за продавање, но пак остана дилематашто ако се изгуби пратката па треба да рефундираат?, дали тоа е исто прилив на пари ??
Е сега имав3 нарачки, првата пред месец и пол беше ОК, само што кај нас во наша пошта стоеше пакетот бидејќи поштарот бил на одмор а замена нема...но стигна
Втората нарачка од пред 20 дена исто од УК сега ме збуни, нема тракинг намбер и не знам каде заглави, а наводно од УК е ?
Третата нарачка од пред 2 дена ми напраи проблем, имано кога стисна БУИ во страната за плаќање имаше некој нејасни коментари околу трошкови за поштарината,, а и некој напомени околу можна царина... патем иако пишуваше дека продавачот е од УК, цените ги изразуваше во австралиски долари... се посомневав дека тој ова роба тој ја праќа од околу , од Австралија и дека поштарината е нејсна, па со БАК се вратив и нарачав од друг понудувач каде се беше егзактно јасно и пратено ми е пратката, чекам.....
сега вечер ми пишува тој првиот продавач, да му платам, да се затворела нарачката,ќе сум имал консеквенци ако не платам??
Што може да ми направи, да ме банираат од ебау ??
Инаку многу одамна, пред 15-на години и ме банираа, ама на лицитација , ми се случи од технички проблем да се искуца една нула повеќе, па јас испаднав победник на лицитацијата... нормално не платив, па ме банираа тогаш, веројатно на барање на тој што продаваше на лицитацијата ама покасно се тргна банот...
Но ова е друго, фиксна нарачќка, додека не поминат броевите на картицата не е платено.
Проблем е што кај некој понуди не е јасно колку е вкупно додека не кликнеш на полето кај буи...