Eден на еден со Жарко Димитриоски

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Kласична копија праи он, а ко и секоја копија, тиња е, потребно е освежуење на тв етер, не копирање на нешто што веќе го има на нетов и е веќе видено. Гостите само може да го вадат, иначе ако тера со вакво темпо, хорор ќе е ова за гледање а го има Жаре потенцијалот да успее на овој план, само треба одредени работи да ги промени, немам ништо против дечкото туку сум против ова класично копирање на концепти од луѓе кои се Класа у овој бизнис.

Вардар може концептот и на Барса да го краде, али пак ќе остане со 50 гледачи на трибини и ќе делуваат бедно на теренот..
Syn брат не зезај, ток шоу е. Ако вака, значи и Џимиевците краделе од Конан, овој од Лено итн... Тоа е концептот, такво нешто немаше кај нас и добро е што сеа почнува макар и како целосна копија.

Не го глеам проблемот у тоа. Еве на пример, земи ко да е „регионална“ верзија ова на Конан. Исто ко шо Милионер беше регионална верзија на оригиналот од Британија (или каде и да беше).

Не е проблемот во тоа дали е копирана концепцијата туку во начинот на спроведување на тоа. А Жаре го спроведува тоа 50/50. Пола чини, пола треба значително да се поправа, почнувајќи од тоа да не му дава збор на фронтменон на Пеперминт...
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233

Тој дел е исто земан од другите шоуа, каде што си прават муабети со музичарите, кога немаат ководители во тој момент. Конан го имаше тој еден тапанар, Фалон ги има The Roots. Ваљда оној поштарон планира да му биде ководител ама дечкото е малце тапа.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.951
Поени од реакции
45.104
Па мене некако не ми е кадарен да го спроведува тоа, и сеа едно е да кажеш дека Лено го копира Конан а далеку од тоа дека таму станува збор за копирање, а друго е да кажеш, Јофе го копира Стјуарт од CNN, кај америве скоро сите се интересни, секој е приказна за себе и таму не станува збор за класично копирање, једино концептите што им се слични ама пак секој на свој начин е уникатен, ова реално на Жаре беше ала ЏИШ на Џамбазов на мтв 1, тиња.

Делува вештачки, ванаби, као сакаш наречи го тоа, мене поинтересен ми беше Марко џанакот коа стааше фластери на веѓи за да го имитира Љубе, или Јанко со бурекот, кадарен е Жаре за многу повеќе од ова што сега го понуди, нека си биде свој, а не ванаби Крег Фергунсон, далеку е он дебил или човек без смисла за хумор кој е антипатичен за тв етер, напротив ...

Вака само си го ебе потенцијалот што го поседува.
 
Иначе Жаре не е баш автор на сите работи во шоуто, има тим на автори, кои повеќето се твитерџии. Така да...
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Тој дел е исто земан од другите шоуа, каде што си прават муабети со музичарите, кога немаат ководители во тој момент. Конан го имаше тој еден тапанар, Фалон ги има The Roots. Ваљда оној поштарон планира да му биде ководител ама дечкото е малце тапа.
Бендот на Конан се цареви бе! :D А во последно време не приметувам да чатуваат многу со музичарите, мислам до клиповиве шо ги ставаат на јутјуб барем нема.

Мене ми е преодбивен момаков од Пеперминт, можел да најде некој друг бенд.

Па мене некако не ми е кадарен да го спроведува тоа, и сеа едно е да кажеш дека Лено го копира Конан а далеку од тоа дека таму станува збор за копирање, а друго е да кажеш, Јофе го копира Стјуарт од CNN, кај америве скоро сите се интересни, секој е приказна за себе и таму не станува збор за класично копирање, једино концептите што им се слични ама пак секој на свој начин е уникатен, ова реално на Жаре беше ала ЏИШ на Џамбазов на мтв 1, тиња.

Делува вештачки, ванаби, као сакаш наречи го тоа, мене поинтересен ми беше Марко џанакот коа стааше фластери на веѓи за да го имитира Љубе, или Јанко со бурекот, кадарен е Жаре за многу повеќе од ова што сега го понуди, нека си биде свој, а не ванаби Крег Фергунсон, далеку е он дебил или човек без смисла за хумор кој е антипатичен за тв етер, напротив ...

Вака само си го ебе потенцијалот што го поседува.
Па тоа е муабетот де, лошо спроведено е. Он неговиот дел како водител си го врши океј, проблем прават поштарот (кому може ќе му се скине тремата нареден пат) и овој антипатичниов од Пеперминт. Значи споредните работи...
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Солидна му е идеата ама ептен е лоша реализацијата.
Не знам од кај ги бирал луѓево за "скечевиве" ептен сето тоа изгледа вештачки.

Чуму такви бурлески, тоа комплицирање не ми е јасно. Нема никаква хемија меѓу изведувачите на смешки. Ко ретардирани се. Па Ивона Талевска со тоа пандофите од Пекинг е посмешна него они. Пеперминт, тие па циркузанти, кај ги најде:facepalm: Паркети се Васка Илева за нив.

И за Џамбаз тоа го зборевме, али и за Жаре ќе да важи. Те бива за муабет бе Жаре, па седни бе мајка му стара, фејс ту фејс со гостинот, лагано, без да напињаш, без да оптеретуваш, пушти нека вози муабетот. Не он Куманија ја напраил емисијава.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Чуму такви бурлески, тоа комплицирање не ми е јасно. Нема никаква хемија меѓу изведувачите на смешки. Ко ретардирани се. Па Ивона Талевска со тоа пандофите од Пекинг е посмешна него они. Пеперминт, тие па циркузанти, кај ги најде:facepalm: Паркети се Васка Илева за нив.

И за Џамбаз тоа го зборевме, али и за Жаре ќе да важи. Те бива за муабет бе Жаре, па седни мајка му стра , фејс ту фејс со гостинот, лагано, без да напињаш, без да оптеретуваш, пушти нека вози муабетот. Не он Куманија ја напраил емисијава.

Skits т.е. скечеви има во сите шоуа, мене воопшто не ми смета тоа, нека има зафркации во овој процент како што е сега. Ми се свиѓаше лани тоа со Викса коа објаснуваа слики од офнет, беше стварно смешно. Тоа со екстра мега гига екслузив исто беше на место. Малце почетокот беше слаб, после беше супер.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
Добро дете е Жаре дај некој нека му каже да смени пола од сегментиве ептен ме фаќа туѓ срам..
 
G

Geezer

Гостин
Мене па Пајакот од Пеперминт ми е океј, Што знам, можеби затоа што сите останати се лоши.
Жаре ми е добар дечко, сум го гледал и порано. Ама се согласувам со вас дека многу работи му се извештачени. Со сила хуморот, од поштарот и останатите, не го бива. На пример претходните сезони на А2 и Алфа ми беа сосема добри.
Скриениот лик, поштарот и уште некои работи, треба да ги исфрли. Ако сака да не ја доживее судбината на Џамбазов.
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Дефинитивно треба да се врати на стариот концепт кога само муабетеше со гостите. За тоа го бива, ова другото му е срање.
Следна емисија гости, Столе Стоилов и Ванчо Димовски. Да се загрее атмосферата пред дерби утакмиците во ЛШ :icon_mrgr:

п.с Каков џанак е овој Пајак :pos: :свиркам:
 
G

Geezer

Гостин
Вештачкото смеење и хуморов, ме уништи :place:

Ванчо и Столе беа јаки, како се смееја заразно, маму им...
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Абе со ова екстра гига мега ултра ексклузив го трола другар му Ненад?
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Убаво е кога човек го консумира животот со сите нишани. Боемите се убави луѓе, но несреќни. Таков е животот, доаѓа магла, облаци, понекогаш и дожд. Боемштината е шоу проекција на несреќата која човек ја носи во себе. Таа го потенцира звукот, ја здебелува светлината, го дефинира животот одново и без интерпукција, ти дава можност да го соџвакаш секој дел од сопственото ткиво и сопственото постоење (од ларва до примбалерина), да нурнеш под корозијата која го нагризува одразот во огледалото, носи море од бранови низ артериите и сето тоа далеку од празните болнички соби со неонски светла... Таа искрено љуби, не промашувајќи при тоа ниту еден орган од човековото тело.

Дуле не го познавав. Сум имал прилика да присуствувам на негови свирки. Набљудувајќи го од страна, секогаш сум се прашувал каква несреќа залива овој човек во себе? Дали ја сонува сопствената апокалипса? Дали тоа е единствениот начин да ги тргнеш пегите од сопствената сенка и животот да добие рима?

Никогаш не сум ги судел тие луѓе. Секогаш сум сочувствувал со болката која ја брусат во чашката.

Си сварив какао.

Убава атмосфера, искрена, носталгична на моменти и ич не сакам кога некој од страна коментира за нешто шо не знае, ама гледајќи ја вечерашнава емисија имав и некое неубаво чувство.

Прво ми сметаше начинот на кој Коки ја продаде интимата на Дуле. Ако сакал човекот да зборува, дури беше жив ќе прозбореше ЈАВНО за тоа.

Второ ми сметаше ореолот на триумфалност која лебдеше околу главата на Коки. Демек испаднал победник, домаќин, фамилијарен човек, а на Дуле му останало само да се гушка со бескрајот и смртта.

Може драмам шо знам, ама тумач за мој вкус.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
Не сум ја гледал емисијата со Коки нема ни да ја глеам, умре Дуле па сега им текна да го викаат Коки по емисии да раскажува, па он тоа со носталгија го раскажува ау како ружи да им цветале а цела јавност знаеше дека не се во добри односи дека не му бил ни на отварање ни на кафана, само чисто професионални контакти имале, коа треба да се тезгари. така да фак оф и остајте го чоекот нека почива на раат
 
Kajgana Shop

На врв Bottom